17-та Школа за млади лидери на Претседателот Иванов: „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам.“ - Канал 5

17-та Школа за млади лидери на Претседателот Иванов: „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам.“

Вчера започна 17-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, која годинава се одржува под темата „Нов свет. Ново лидерство. 

17-та Школа за млади лидери на Претседателот Иванов: „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам.“

Нов прагматизам.“ Програмата се реализира од 26 октомври до 7 ноември 2026 година, во комбиниран формат, со онлајн сесии од 26 до 29 октомври и со програма со физичко присуство од 31 октомври до 7 ноември во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид.

Школата традиционално беше отворена со обраќање на нејзиниот основач, претседателот Ѓорге Иванов, по што следеа обраќањата на Берти Ахерн, поранешен премиер на Ирска (1997–2008) и еден од главните архитекти на Договорот од Велики петок од 1998 година, и Рик Хатавеј, коосновач на Global Learning Lab International. Модератор беше Иван Иванов од Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“.

Во своето воведно обраќање, претседателот Иванов ја разработи годинашната тема, осврнувајќи се на промените во современиот свет и на одговорноста на младите да учествуваат во нивното обликување. Тој го истакна концептот на „креативно малцинство“ како двигател на цивилизациските промени – луѓе кои размислуваат самостојно, преземаат иницијатива и создаваат решенија, наместо да очекуваат тие да дојдат од другите.

Говорејќи за новиот прагматизам, Иванов се осврна на искуството на Сингапур, истакнувајќи ги меритократијата, прагматизмот и чесноста како принципи на неговиот развој. Ја нагласи потребата знаењето и идеите да се поврзат со практична мудрост, разбирање на контекстот и способност да се одговори на реалните предизвици, при што чесноста останува основа на одговорното лидерство.

Посебно внимание посвети на „когнитивниот суверенитет“ – зачувувањето на самостојноста на сопственото мислење во услови на дигитална преоптовареност и надворешни влијанија. Тој ги поттикна учесниците да одвојуваат време за дигитален детокс, читање книги и саморефлексија, развивајќи ја способноста критички да ги преиспитуваат информациите и да донесуваат сопствени, промислени одлуки.

Осврнувајќи се на кризата на либералната демократија и либералниот економски модел, Иванов истакна дека на новите лидери им е потребна не само карта, туку и компас — вредносна ориентација и расудување што ќе им помогнат да се движат низ неизвесноста. Во таа насока ја постави и мисијата на Школата: да ги поттикне младите да развиваат независно мислење, практична мудрост и одговорност за сопственото дејствување. Со завршната порака младите да не чекаат нов свет, туку активно да го создаваат, тој ја отвори 17-тата Школа за млади лидери.

Поранешниот премиер на Ирска, Берти Ахерн, во своето обраќање истакна дека лидерството подразбира одговорност, внимателно расудување и подготвеност за донесување тешки одлуки. Споделувајќи искуства од мировниот процес во Северна Ирска и постигнувањето на Договорот од Велики петок, ја нагласи важноста на дијалогот, трпението и градењето доверба, посочувајќи дека компромисот не е слабост, туку чин на храброст. На младите лидери им порача да слушаат внимателно, да бидат отворени кон различни перспективи и секогаш да ги ставаат луѓето во средиштето на своето дејствување. Ахерн ја истакна и неопходноста од меѓународна соработка, нагласувајќи дека ниту една држава не може сама да одговори на современите глобални предизвици.

Рик Хатавеј, во своето обраќање за лидерството со општествено влијание, истакна дека успехот на лидерите се мери според нивниот придонес кон заедницата, повикувајќи на премин од стремежот да се биде „најдобар во светот“ кон стремежот да се биде „најдобар за светот“. Тој нагласи дека идеалите и посветеноста треба да се преточат во конкретни, мерливи резултати преку прагматичен пристап и ефикасно дејствување. Како клучни насоки ги издвои соработката меѓу приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, градењето одржливи системи што ќе им служат и на идните генерации и внимателното слушање на вистинските потреби на луѓето. На младите лидери им порача да ги користат своите знаења, истрајност и влијание за суштински општествен напредок и за поддршка на следната генерација лидери.

Заедничка порака од обраќањата беше дека лидерството се потврдува преку интегритет, одговорност и конкретни резултати што го подобруваат животот на луѓето и заедниците.

Годинашната програма на Школата ги става во фокус одговорното расудување, етичкото одлучување и примената на знаењето во решавањето на современите предизвици. Особено внимание ќе биде посветено на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз начинот на кој учиме, работиме и водиме, како и на човечките вредности и одговорноста во користењето на новите технологии.

На годинашната Школа учествуваат 40 млади од осум држави – Македонија, САД, Азербејџан, Турција, Египет, Јапонија, Непал и Авганистан. Со различни образовни и професионални профили, учесниците се обединети од интересот за лидерство, личен развој и општествен ангажман. Меѓународниот состав овозможува размена на различни перспективи и искуства и создавање врски за идна соработка.

Програмата обединува менторство, предавања, интерактивни работилници, дискусии и групни проекти, со учество на триесетина предавачи од земјата и од странство. Учесниците ќе имаат можност да ги развиваат своите лидерски и комуникациски вештини, да работат на заеднички решенија и да разменуваат искуства со предавачи и млади луѓе од различни професионални и културни средини. Предвидени се и проектни задачи со практична примена на вештачката интелигенција, ораторска вечер, еколошка акција и запознавање со културното и историското наследство на Охрид.

Меѓу годинашните предавачи и говорници се Рза Алиев, генерален секретар на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“; д-р Рашела Мизрахи, пратеничка во Собранието; Кордел Картер, основач и извршен директор на Project on Belonging; проф. Колин Снајдер од Универзитетот на Тексас во Тајлер; Мајк Коб, стратег за иновации и организациска извонредност; и Зоран Јолевски, поранешен министер за одбрана и поранешен амбасадор во САД.

Своето знаење и искуство ќе го споделат и Филип Нелковски, стипендист на Stanford CDDRL; Емануел Штадлер, коосновач и извршен директор на Optimentum; Јакуб Поплухар, обучувач и консултант за вештачка интелигенција; Војдан Карапетковски, извршен директор на Kara5; Илија Тоневски, извршен директор на Delfino Mobility Group; и Стојче Стаменковски, посебен советник за комуникации во Кабинетот на министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Предавања и работилници во рамките на програмата ќе одржат и Сања Митровска, основачка и извршна директорка на Networker и креаторка и водителка на The Founder Games™; Ана Секуловска, програмска директорка на Startup Club Skopje; Зоран Костовски, директор на „Мотива“; Ранко Безар, консултант за менаџмент; м-р Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевт; како и Анастасија Илиевска, претседателка на Алумни асоцијацијата „Иванов Школа за лидери“ (ISLAA) и специјалист за јавен настап и говор на телото.

Посебен дел од програмата е сесијата со светски познатиот економист проф. д-р Џефри Сакс, директор на Центарот за одржлив развој при Универзитетот Колумбија и претседател на Мрежата на ОН за решенија за одржлив развој. Неговата работа е посветена на глобалниот развој, намалувањето на сиромаштијата и одржливоста, а неговото учество ќе им овозможи на младите да се запознаат со перспективите на еден од најистакнатите светски експерти во овие области.

Програмата ги опфаќа и панел-дискусијата „250 години од американскиот експеримент: лидерство, демократија и преосмислување“ и посебната сесија „Лидерство во свет што не чека“ со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој е и алумнист на Школата. Во рамките на сесијата со членови на Алумни асоцијацијата ISLAA, претставници од различни генерации ќе ги споделат своите професионални искуства и развојниот пат по учеството на Школата.

Втора година по ред, во рамките на Школата се реализираше и менторска програма, која започна во средината на септември и заврши пред отворањето на Школата. Во неа се вклучија 13 ментори од претходните генерации, а обуката на менторите и целата програма ги предводеа алумнистите Даниел Ѓоќески и Весна Трајковска. Преку отворен разговор, размена на искуства и индивидуална поддршка, менторите придонесоа кон личниот и професионалниот развој на учесниците, зајакнувајќи ја поврзаноста меѓу генерациите на Школата.

Организатори на Школата се Кабинетот на поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ (ICAC) и Алумни асоцијацијата „Иванов Школа за лидери“ (ISLAA).

Реализацијата на Школата е овозможена со поддршка од спонзорите и поддржувачите: Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Хотел „Инекс Олгица“ Охрид, ТАВ Македонија, EVN, Микросам, Алкалоид АД Скопје, Витаминка АД Прилеп, Delfino Mobility Group, Петрол Оил Компани, Еко флуид, HalkBank, Скопска Пивара, Езимит, Туркиш Ерлајнс, Костал, Обединета македонска дијаспора и МОТИВА.

Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Иванов, започната во 2010 година. Во претходните 16 изданија, програмата ја завршија 625 млади од Македонија и од над 40 други земји, а своето знаење и искуство го споделија околу 450 истакнати предавачи и говорници од земјата и од светот. Со своето 17-то издание, Школата ја продолжува посветеноста кон развојот на млади лидери кои со знаење, интегритет и општествена одговорност ќе придонесуваат во своите заедници и пошироко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголема излезеност на гласачите во Израел од 1981 година: Дали Нетанјаху ќе падне?

Израелците денес излегуваат на гласање, на избори што многумина ги сметаат за најзначајни во поновата историја на земјата.

Најголема излезеност на гласачите во Израел од 1981 година: Дали Нетанјаху ќе падне?

До 10:00 часот наутро, 16,7 отсто од гласачкото тело веќе го искористиле своето право на глас, при што вкупно 1,2 милиони луѓе излегле на избирачките места. Ова претставува највисока излезеност во овој дел од денот уште од 1981 година.

Според анкетите објавени во петокот, актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот началник на Генералштабот, Гади Ајзенкот, водат крајно неизвесна трка. Сепак, проекциите укажуваат на тоа дека ниту еден политички блок нема да успее да обезбеди 61 пратеничко место, колку што се потребни за парламентарно мнозинство – сценарио што би можело да доведе до политички преговори кои би траеле со недели, па дури и со месеци, пренесува Би-Би-Си.

Безбедноста – во центарот на кампањата

Прашањето за безбедноста доминира во кампањата. Опозицискиот блок остро го критикува Нетанјаху поради безбедносните пропусти што му претходеа на нападот предводен од Хамас на 7 октомври. Во тие напади загинаа речиси 1.200 луѓе, а 251 лице беше однесено како заложник во Газа.

Опозицијата бара формирање независна истражна комисија за нападите – потег на кој Нетанјаху долго време се противи, тврдејќи дека такво тело би било пристрасно против него. И покрај критиките, Нетанјаху продолжува да се претставува како „Г-дин Безбедност“, истакнувајќи ги стратешките победи во конфликтите на Израел низ Блискиот Исток, како и блиските односи со американскиот претседател Доналд Трамп. Израелскиот изборен систем се заснова на пропорционален модел, па затоа владите се секогаш коалициски. Патот до власта често вклучувал неочекувани сојузи, но овие избори се особено неизвесни, со јасно дефинирани табори. Ајзенкот, лидер на новата партија „Јашар“, е главната фигура во таканаречениот „блок за промени“.

Оваа група партии има идеолошки разлики, но ги обединува целта – смена на Нетанјаху. Меѓу лидерите на овој блок се поранешниот премиер Нафтали Бенет и Авигдор Либерман – и двајцата од десниот политички спектар – како и поранешниот генерал со левичарски ставови, Јаир Голан. Нетанјаху, политички ветеран кој првпат стана премиер во 1996 година, има потреба од нов сојуз со крајно десничарски и ултраортодоксни партии за да се врати на власт. Тие се дел и од неговата сегашна влада, која се смета за најдесничарска во историјата на Израел.

Прашање за демократијата

Опозицискиот блок, исто така, предупредува на закана за демократијата под водство на Нетанјаху, на кого му се суди за корупција – обвиненија што тој ги негира. Нетанјаху продолжува да се залага за контроверзни реформи во правосудството, кои предизвикаа масовни протести пред нападите на 7 октомври.

Израелскиот „Канал 12“ во неделата објави дека Нетанјаху, пред изборите, повикал на итна воена акција што би можела да предизвика конфликт со Иран, но на тоа се спротивставил началникот на Генералштабот, Ејал Замир. Еден ден подоцна, Си-Ен-Ен објави дека Нетанјаху се обидел да го убеди Трамп да изврши нови напади врз Иран, но Трамп одбил. Нетанјаху ги демантираше и двата извештаи.

Тој, исто така, привлече внимание кон крајот на кампањата, кога објави слика генерирана со вештачка интелигенција, на која се гледа нуклеарна бомба како паѓа врз Тел Авив. Покрај сликата, тој тврдеше дека е единствениот лидер способен да го заштити Израел „доколку Иранците дојдат до нуклеарно оружје“. Како одговор на тоа, Ајзенкот го нарече „хистеричен“.

За победа е потребна широка коалиција

Друго важно прашање е воената служба. Владата на Нетанјаху не успеа да ја спроведе одлуката на Врховниот суд, според која ултраортодоксните Евреи што посетуваат верски училишта би требало да служат во војската. Ова прашање создаде длабоки поделби во општеството, особено затоа што илјадници други граѓани беа мобилизирани за неодамнешните војни.

Што се однесува до Газа, Ајзенкот зазема став сличен на оној на Нетанјаху, ветувајќи дека ќе стави крај на владеењето на Хамас во рок од 18 месеци – било преку мировен план предводен од САД или преку воени средства. Израел продолжува речиси секојдневно да изведува напади врз Газа, тврдејќи дека цел се оперативци на Хамас. Според податоците на Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас – а кое ОН го сметаат за веродостоен извор – повеќе од 74.000 луѓе се убиени откако започна војната во октомври 2023 година. Израел се соочува со сè поголема меѓународна осуда поради начинот на кој ја води војната, а односите со неговите сојузници се влошени.

Неизвесен исход

На изборите учествуваат и два блока на арапски партии, кои претставуваат околу една петтина од населението. Иако теоретски би можеле да го одредат победникот, речиси сите поголеми еврејски партии ја отфрлија можноста за соработка со нив. Иако се шпекулираше дека арапските партии би можеле неформално да поддржат малцинска влада предводена од Ајзенкот, Либерман – клучен потенцијален партнер – ја отфрли таквата можност. Со оглед на овие ставови, изборната математика е крајно сложена.

Според извештаите, околу 70.000 луѓе се вратиле од странство за да гласаат, а стотици илјади млади луѓе ќе гласаат за првпат. Резултатите од анкетите спроведени при излегување од гласачките места (exit polls) се очекува да бидат објавени во 22:00 часот, иако конечните официјални резултати може да се разликуваат. Броењето на гласовите на стотици илјади војници и резервисти ќе започне дури во среда, што би можело да донесе дополнителна предност за десничарските партии во последен момент.

Исход од кој многумина стравуваат е политичка блокада – ситуација во која ниту еден блок не може да обезбеди мнозинство. Во такво сценарио, би се распишале нови избори, а Нетанјаху би останал на функцијата како премиер во техничка влада. Во периодот помеѓу 2019 и 2022 година, во Израел се одржаа избори пет пати, бидејќи партиите не успеаја да формираат стабилна влада.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хајди Клум повторно во топлес

Славната манекенка и топ модел Хајди Клум повторно привлече внимание со провокативни фотографии што ги објави на социјалните мрежи. 

Фото: Хајди Клум повторно во топлес

Својата слободна недела ја поминала релаксирајќи се покрај базенот, каде што позира без горниот дел од костимот за капење во топлес , а покрај фотографијата напиша едноставно: „Неделаааа“.

Клум го користи секој слободен момент за одмор и релаксација, а редовно ги почестува своите следбеници со фотографии на кои ужива во сончањето.

За оние што ја следат со години, ваква глетка не претставува никакво изненадување.

Манекенката и претходно има објавувано свои фотографии на кои се сонча топлес, а во минатото објаснила дека ваквиот начин на сончање е прилично вообичаен во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

-Мини-фустанот малку криеше.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг.

Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание.

Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња.

Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките.

Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации.

Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер