Ужас во Канада: Мајка си го заборавила детето во прегреан автомобил, починало (ВИДЕО)

23-месечно момче во Канада починало откако било оставено во автомобил, објавија канадските медиуми.

Канадскиот градоначалник на Банкрофт, Пол Џенкинс, го потврдил идентитетот на момчето. Станува збор за 23-месечниот Еверет Смит кој починал минатиот четврток откако бил оставен во автомобил пред гимназијата каде неговата мајка работела како професорка.

Според градоначалникот, мајката имала намера да го остави синот во градинка пред да оди на работа минатиот четврток. Џенкинс вели дека никој не забележал дека Еверет се уште бил во автомобилот паркиран на училишниот паркинг на Мок Роуд до крајот на училишниот ден, околу 15:45 часот.

Поголемиот дел од јужниот дел на Онтарио бил под предупредување за жештина тој ден, со температури до 30 степени. Максималната температура забележана тој ден во Банкрофт била 27,1 Целзиусов степен. Момчето со возило на Брза помош било пренесено во болница и набрзо била констатирана смрт, објавија локалните медиуми.

Десетмина починати во последните три дена, регистрирани се 1.233 новозаразени со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 06.08 до 08.08.2022) направен е 3.561 тест, а регистрирани се 1.233 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 516, Битола – 97, Кавадарци – 72, Гостивар – 55, Прилеп – 54, Охрид -53, Куманово – 47, Тетово – 45, Велес – 40, Струга – 28, Струмица – 27, Неготино – 26, Кичево – 24, Кочани - 20, Штип – 18, Гевгелија – 17, Радовиш -15, Ресен -13, Дебар – 11, Кратово – 8, Свети Николе, Берово и Валандово – по 7, Демир Хисар – 6, Крушево – 5, Делчево и Виница – по 4, Богданци и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.233), регистрирани се 284 реинфекции.

Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од: Скопје – 651, Куманово – 120, Битола – 86, Кавадраци – 85, Охрид – 71, Прилеп – 51, Гостивар – 38, Тетово – 34, Струга – 33, Велес – 32, Струмица – 31, Штип и Неготино – по 28, Кичево - 24, Дебар – 19, Гевгелија – 18, Крива Паланка – 17, Ресен – 14, Кочани и Радовиш – по 13, Кратово – 9, Валандово и Виница – по 6, Берово и Крушево – по 5, Свети Николе – 4, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Делчево – 1.

Во текот на изминатите 3 дена (06.08 - 08.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: Скопје - четири починати лица (91г, 87г, 82г и 77г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67г.) и Прилеп (83г.). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.07 до 28.07.2022година.

Направен е 3.561 тест преку: ИЈЗ-232, ЦЈЗ Скопје-116, ЦЈЗ Битола-102, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово-47, ЦЈЗ Куманово-52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–140, Жан Митрев (Филип Втори)-25, Авицена-81, Биотек-106, Систина-69, лабораторија Лаор-16, Синлаб-9, Ремедика-9, Плодност-22, Генеа-10, Никоб Лаб-134, ВФВ Медикал-7, Ели Медика Плус-19, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-20, Рапид Лаб–11, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.274

Досега во земјата се направени вкупно 2.128.711 тестирање на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје      156575, Активни   1562

Куманово    17661, Активни    162

Битола      17124, Активни    267

Прилеп      15023, Активни    183

Тетово      14169, Активни    182

Кавадарци   11581, Активни    171

Велес 10474, Активни    125

Гостивар    10055, Активни    145

Охрид 9760, Активни     226

Струмица    8541, Активни     120

Штип  8504, Активни     91

Кичево      5945, Активни     74

Кочани      5332, Активни     55

Струга      5038, Активни     121

Гевгелија   4654, Активни     64

Неготино    3982, Активни     76

Ресен 2937, Активни     46

Свети Николе      2739, Активни     23

Радовиш     2720, Активни     79

Крива Паланка     2554, Активни     19

Делчево     2026, Активни     11

Дебар 1770, Активни     33

Берово      1757, Активни     22

Валандово   1567, Активни     12

Виница      1430, Активни     15

Пробиштип   1288, Активни     0

Богданци    1060, Активни     14

Кратово     1056, Активни     22

Крушево     993, Активни      30

Демир Хисар 901, Активни      22

Македонски Брод   772, Активни      6

Демир Капија      613, Активни      7

Македонска Каменица     530, Активни      4

Пехчево     493, Активни      0

Дојран      364, Активни      2

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Завршија преговорите за иранската нуклеарна програма, готов е текстот на новиот договор

Преговорите во Виена за обновувањето на иранскиот нуклеарен договор завршија денеска, а дипломатите се враќаат во своите земји со предлог текст за новиот договор за кој се надеваат дека ќе го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје.

„Може да се каже „да“ или „не“ на текстот, рече претставникот на ЕУ во Виена, додавајќи дека не преостанува ништо за преговарање и опишувајќи го текстот како „многу добар компромис за сите страни“.

Засегнатите земји - Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД - се очекува да одговорат во рок од неколку недели, додаде дипломатот. Страните сакаат да го решат прашањето за укинување на санкциите против Иран во замена за воведување нови ограничувања на нуклеарната програма на земјата.

Во 2015 година беше договорен иранскиот нуклеарен договор, но тој пропадна кога тогашниот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од него во 2018 година.

Оттогаш, Иран продолжи да збогатува ураниум, предизвикувајќи стравувања дека е блиску до производство на нуклеарно оружје. Техеран инсистира на тоа дека нивната единствена намера е да ја користат нуклеарната енергија за мирољубиви цели.

Петровска и Трипуновски: Да гласаме за број 1, да гласаме за европско Тетово

На вечерашната промоција на кандидатите на советничката листа на СДСМ за Тетово, свои обраќања имаа кандидатите за советници Наташа Петровска и Стојанчо Трипуновски.

Петровска и Трипуновски истакнаа дека како советници во идниот состав на Советот на општина Тетово ќе се залагаат нивните сограѓани да добијат подобри услови за живот.

Тие посочија дека се подготвени заедно со советниците од коалициските партнери да се посветат на реализација на мерки и проекти кои обезбедуваат напредок на општината во секое поле, во делот на инфраструктурата, образованието, културата, спортот.

„Знаеме дека сите ние му мислиме добро на наше Тетово, затоа на 20 август да гласаме за европско Тетово, да гласаме за број 1, за советничката листа на СДСМ и коалицијата!“ порачаа Петровска и Трипуновски.


притисни ентер