Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)
Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
1Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)
2Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
ЖивотУжас во Индија: Блогер ја задавил својата вереница, па со нејзиното тело ги ранел кучињата Индискиот блогер за храна, Афаб Пунавала (28) ја задушил својата девојка, ја исекол на парчиња кои ги завиткал во пластика и ги чувал во фрижидер за подоцна да ги нахрани кучињата скитници.Инспирација за своите дела пронашол во серијата Декстер, пишува Дејли Мејл. Полицијата го уапси Пунавала за убиството на Шрада Волкар (27) во саботата. Пунавала на полицијата ѝ рекол дека бил инспириран од телевизиската серија Декстер, која прикажува сериски убиец кој, меѓу другото, ги обвиткува телата на своите жртви во пластика откако ќе ги убие. View this post on Instagram A post shared by Shraddha (@thatshortrebel) -Тој го направи она што го направи главниот лик во серијата, исече делови од телото и се ослободи од нив, изјавил извор од истрагата за The Indian Express. Откако ѝ го исекол телото на 35 помали парчиња, ги спакувал во мали црни полиетиленски кесички кои ги чувал во фрижидер. Копирајќи го ликот од серијата, тој ги купил кесите речиси три недели по убиството. Мирисот на трупот во Чатарпур Пахади, каде што живеел парот, бил маскиран со освежувачи за воздух и стапчиња темјан што Пунавала ги купил за да ја прикрие смрдеата. Џелова била распарчена во неколку наврати, а убиецот чекал до два часот по полноќ кога ги расфрлал парчињата од телото во џунглата Мехраули во јужен Делхи. Пунавала, кој тренирал како готвач, нашол многу начини да го отстрани распарчениот труп, хранејќи ги кучињата скитници со делови од својата девојка. – Ни кажаа дека прво ги извадил цревата, бидејќи полесно да се распаѓаат, изјавил извор од истрагата. Убиецот потоа почнал да комуницира со пријателите на Валкара преку нејзиниот Инстаграм за да ги увери дека таа е се уште жива. Подоцна го фрлил мобилниот во ѓубре заедно со нејзината облека и прогуглал како да исчисти дамки од крв од подот. - Таа не одговори на ниту една моја порака од август. Телефонот ѝ бил исклучен. Се распрашав за неа кај пријател, а потоа го известив нејзиниот брат, изјавил пријателот на Валкара, Лаксман Надир. View this post on Instagram A post shared by Shraddha (@thatshortrebel) Пунавала и Вокар се запознале пред три години и се вериле пред да се преселат од Мумбаи во Делхи. Вокар била студент на Технолошкиот институт Вива, но се откажала за да работи како менаџер за продажба во продавница за спорт на мало пред да се сретне со Пунавала, дипломиран на менаџмент. View this post on Instagram A post shared by @thehungrychokro Родителите не ја прифатиле нивната врска, а таткото на Валкара го обвинил Пунавала за семејно насилство. Тој рече дека неговата ќерка ѝ се јавувала на нејзината мајка да ѝ каже дека Афтаб ја претепал. Во 2020 година, Волкар ја изгубила мајка си, се вратила дома да тагува со нејзиниот татко и брат две недели пред да се врати во Пунавали. Кога повторно почнале да живеат заедно, Волкар почнала да го притиска да се ожени со неа. Првично ѝ ветил дека ќе се ожени со неа, но подоцна се повлекол, што довело до конфликт. -Знаеја да се тепаат и често тоа излегуваше од контрола. На 18 мај ги изгубил нервите и ја задавил, изјавил полицаецот. Shraddha murder case | Accused Aftab Poonawala, being brought out of Mehrauli Police Station. He is now being taken to the spot in the jungle where he allegedly disposed off parts of Shraddha's body.#Delhi pic.twitter.com/3iqtdpehzQ — ANI (@ANI) November 15, 2022 Таткото на Валкара дошол да ја посети ќерката, но забележал дека станот е заклучен. Откако не успеал да ја пронајде, поднел пријава за исчезнати лица. Полицијата потоа поврзала низа индиции за потенцијално злосторство и го уапсиле Пунвала за исчезнувањето на девојката. Пунавала набрзо го признал убиството. Оружјето со кое е извршено убиството, како и сите делови од телото на жртвата се уште не се пронајдени. Таткото барал смртна казна за убиецот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)Демонстрантите се судрија со полицијата пред Министерството за образование во Тирана. Со слоган на кој пишуваше „Рама во затвор, Бериша во затвор“, студентите јасно им ставија до знаење на демократите дека не се поканети на нивниот протест пред Министерството за образование, објави Топ ченел. Демократските пратеници не заминаа, туку останаа на крајот од протестот, набљудувајќи ги од далечина поддржувачите кои се судрија со оние кои бараа нивниот претседател да биде во затвор. Попладнево демонстрантите запалија два контејнера, а полицијата одговори со бибер спреј и солзавец. Агресивните демонстранти беа растерувани со водени топови. Тагови: водени топови Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаЕпилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругатаЕвропското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица. Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“. Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда. Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница. Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица. Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија. Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите. Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаЗастрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео) Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот. На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет. Moment wyeliminowania zagrożenia, super postawa policjanta, ale wygląda jako że śmieć był nabity sprzętem Kraków #krakow https://t.co/bBiPXkdhRV — London Goldynov (@LondonGoldynov) November 7, 2026 Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата. „Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата. Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди. Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска. Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите. „Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата. Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28