Ужас во Хрватска: Кобила удри ветеринар, починал на самото место - Канал 5

Ужас во Хрватска: Кобила удри ветеринар, починал на самото место

Тешка несреќа се случи во областа Крижевци во вторник, 2 јуни, во која животот го загуби 48-годишен ветеринар, потврди полицијата.

Ужас во Хрватска: Кобила удри ветеринар, починал на самото место

Трагедијата се случила за време на редовна работа во штала, каде што ветеринарот работел на обработка на копитата на кобила. Во еден момент, животното одеднаш силно го удрило со задната нога во пределот на градите.

Медицинскиот тим веднаш излегол на местото на настанот и му пружил помош, но и покрај брзата интервенција, повредите биле претешки и човекот починал на самото место, објави Вечерњи лист.

„Медицинскиот тим му пружил медицинска помош на човекот на местото на настанот, но повредите биле претешки и несреќниот човек починал“, се вели во полициското соопштение.

Телото на починатиот ветеринар е пренесено во Одделот за патологија на Општата болница Бјеловар, каде што по наредба на Окружното државно обвинителство ќе се изврши обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Полициските службеници спроведоа увид на местото на инцидентот, а сите околности на трагедијата се утврдуваат, а полицијата ќе поднесе извештај до надлежното обвинителство на Хрватска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски

„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“

Филипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски

„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар, бараме МВР веднаш да го расчисти случајот, да ги идентификува сторителите и да има одговорност согласно законот.

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

Сквернавењето на државното знаме е навреда за сите граѓани и чин против државата што мора да се санкционира.

Поделбите во општеството коишто ги создава криминалната власт на ВМРО и ЗНАМ, заради свои партиски интереси, постојано создаваат проблеми и генерираат кризи.

Но, граѓаните ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии, ќе продолжат да ја градат Македонија како мултиетничка земја со взаемна почит.

Држава. Не банда! Не предавници! Не арамии!, се наведува во партиското сопоштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени се

На 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција. 

Двајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени се

При гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнени дека се фалсификувани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер