Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ЕвропаСанчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез, од социјалистичката партија PSOE, гласаше денес на предвремените парламентарни избори и изрази увереност дека излезноста ќе биде историски висока и дека има добро чувство за изборите.Тој им рече на новинарите на гласачко место во мадридскиот округ Монклоа дека „гласот е најголемата моќ“ и дека би било добро сите граѓани кои имаат право на глас да излезат на гласање, објави шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE. „Колку е поголема излезноста, толку подобро ќе се одразат чувствата на граѓаните и толку поголема сила ќе има владата за да продолжи да ги спроведува своите политики“, рече Санчез. Избирачките места се отворија утрово во Шпанија за предвремените парламентарни избори кои би можеле да ја доведат крајната десница на власт за прв пат откако земјата се врати во демократијата по смртта на генералот Франциско Франко во 1975 година. Повеќе од 100.000 припадници на Националната полиција и Цивилната гарда ќе се грижат за безбедноста на 22.493 избирачки места. Право на глас имаат повеќе од 38,5 милиони гласачи, избирајќи ги сите 350 членови на Долниот дом на парламентот преку затворени партиски листи, како и 208 од 266 членови на Сенатот. Премиерот го избира исклучиво Долниот дом, додека преостанатите сенатори ги назначуваат регионалните парламенти. Новиот Долен дом ќе се состане на 23 декември за да го избере претседателот на парламентот, а потоа шпанскиот крал Фелипе ќе предложи кандидат за премиер, кој обично е лидер на партијата што освоила најмногу гласови. За да биде избран, кандидатот мора да обезбеди апсолутно мнозинство, или најмалку 176 гласови, или едноставно мнозинство во вториот круг гласање. Нема рок за преговори за владина коалиција, но новата влада мора да се формира во рок од два месеци од тоа гласање за да се избегнат нови избори. Иако редовните избори не беа закажани до следното лето, шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез ги распиша изборите откако конзервативната Народна партија (ПП), крајнодесничарската Вокс и десничарската каталонска сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ ги отфрлија итните законски мерки предложени од неговата влада за решавање на станбената криза во земјата. Анкетите на јавното мислење пред изборите покажуваат дека Санчез нема да успее да го продолжи својот осумгодишен мандат, а се очекува конзервативната Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Фехој да освои најмногу гласови и би можела да формира влада со поддршка на крајнодесничарската Вокс. Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, ги распиша изборите откако парламентот ги отфрли неговите декрети на 2 октомври, кои беа наменети за ублажување на растечкото незадоволство поради зголемувањето на кириите и присилните иселувања.Тагови: Педро Санчез Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаСДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорностСДСМ го осудува сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар, бараме МВР веднаш да го расчисти случајот, да ги идентификува сторителите и да има одговорност согласно законот.Сквернавењето на државното знаме е навреда за сите граѓани и чин против државата што мора да се санкционира. Поделбите во општеството коишто ги создава криминалната власт на ВМРО и ЗНАМ, заради свои партиски интереси, постојано создаваат проблеми и генерираат кризи. Но, граѓаните ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии, ќе продолжат да ја градат Македонија како мултиетничка земја со взаемна почит. Држава. Не банда! Не предавници! Не арамии!, се наведува во партиското сопоштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаДвајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени сеНа 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција. При гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнени дека се фалсификувани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Црна хроникаВееле знаме на т.н „Голема Албанија“ во Скопје- уапсени се три лица На 28.11.2026 во 15:10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Т. (40) од Скопје.На 28.11.2026 во 15:10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Т. (40) од Скопје на кое имала истакнато две знамиња на Голема Албанија со натпис,,Autochtonous". На 28.11.2026 во 15:30 часот на Плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници го забележале Ј.А.(21) од с.Драчевица, скопско, кој во раката носел знаме на Голема Албанија со натпис ,,Autochtonous". На 28.11.2026 во 21:45 часот на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.И.(21) од с.Сарај, скопско, а на кое имало истакнато знаме на Голема Албанија со натпис ,,Autochtonous". По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14