Ужас во Германија: Тинејџер уби жена и 9 годишно дете и повреди уште три деца

Жена (43) и момче (9) загинаа по семејна расправија во Магдебург во германската покраина Саксонија-Анхалт, додека три деца се повредени.

Осомничениот е привремено уапсен, пренесува Штерн.

Денеска рано наутро дошло до физичка пресметка меѓу неколку лица на улицата Олденбургер. Според првите информации, 18-годишникот со непознат предмет „дејствувал“ врз неколку лица. Загинале две лица. Повредени се уште тројца.

Полициски службеници го пронашле осомничениот во близина на местото на злосторството и привремено го задржале.

„Сите луѓе имаат меѓусебни семејни односи“, изјави портпаролот на полицијата за германските медиуми. Според информациите на германските медиуми, убиени се 42-годишна жена и деветгодишно момче.

Повредени се уште три деца: едно момче (17) и две девојчиња (13, 15 години). Засега не е познато зошто дошло до расправија. Истрагата е во тек, јавуваат медиумите.

Фото: Бјанка скоро гола во Париз

Контроверзната  Бјанка Сенсори, сопругата на раперот Канје Вест, повторно шокираше со својот стајлинг во јавноста.

Провокативната Бјанка се појави во Париз во најлошото издание досега.

Таа буквално полугола влегла во ресторан. Нејзиниот стијлинг ги шокирал сите присутни.

Бјанка низ улиците на Париз се прошетала скоро гола.

Бјанка излегла на вечера во француската метропола во нешто што изгледа како фустан со „ленти- трегери“ кои ги покривале само нејзините брадавици. Носеше и беж панталони со низок струк кои допираа до нејзините колена.

Секако, по ова издание, социјалните мрежи експлодираа и очекувано стигнаа критики од сите страни.

Видео: Бастијан Швајнштајгер се загледал во облините на Георгина на Роналдо!!

Легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер би можел да има проблеми со сопругата славната тенисерка Ана Ивановиќ поради коментарите кои ги дава во живо за време на ЕУРО 2024.

Светската фудбалска легенда е стручен консултант во Германија на емисија посветена на Европскиот шампионат .

Популарниот Швајни во емисија во живо ја коментираше свршениците на капутенот на Португалија, Кристијано Роналдо, бујната Георгина Родригез.

За време на дуелот меѓу Португалија и Чешка, сопругот на екс тенисерката Ивановиќ коментираше снимки од 14. роденден на најстариот син на Кристијано Роналдо за време на преносот на АРД.

Во видеото Георгина облечена во тесно боди и бициклистички , на многу провокативен начин му го подари дресот на Германија на Кристијан Јуниор.

- Нешто се случува таму... Што гледаш? – и вели Бастијан на новинарката Естер Седклачек.

Кога сфатила дека Бастијан не зборува за дресот на Германија, туку за изданието на Георгина, новинарката Естер вели: „О Басти... Во дресот, дресот на Германија!“

Лондон: Илјадници демонстранти бараа заштита на природата и климата

Илјадници луѓе денеска учествуваа на демонстрациите во Лондон поддржани од еколошката организација Extinction Rebellion и WWF, за да ги повикаат политичарите да донесат одлуки кои ќе ги заштитат природата и климата.

Британската актерка Ема Томпсон и британскиот водител Крис Пакам ги предводеа овие демонстрации повикувајќи „секој да се сврти кон природата сега“.

Демонстрантите го напуштиле Хајд паркот во добра атмосфера и пешачеле до министерската област. На демонстрациите, на кои им се приклучија учесници од целата земја, беа вклучени и некои облечени во животински костими.

„Нема живот без диви животни“, „Нема копче за ресетирање“, пишуваше на транспарентите.

„Престанете да бидете толку неодговорни. Не можам да верувам колку не се посветени на климата за време на изборната кампања“, изјави Ема Томпсон обраќајќи им се на политичарите.

Крис Пакам рече дека „не е многу импресиониран од содржината на програмите“ на различните британски политички партии.

„Кога станува збор за решавање на вистинските големи проблеми, нема суштина, посветеност или решителност да се решат. И тоа е навистина разочарувачки“, рече тој.

Демонстрациите се одржаа точно две недели пред парламентарните избори закажани за 4 јули.

Анкетите во пресрет на изборите покажуваат дека лабуристите имаат поголема поддршка, па затоа се предвидува загуба на конзервативците, кои беа на власт во последните 14 години.

притисни ентер