Ужас во БиХ: Четворица малолетници си го одзеле животот, почнува истрага - Канал 5

Ужас во БиХ: Четворица малолетници си го одзеле животот, почнува истрага

Пред два дена во селото Јардол кај Витез било погребано шеснаесетгодишно момче, кое како и уште тројца малолетници од тоа село во последните две години под неразјаснети околности изврши самоубиство, што предизвика немири во централна Босна.

Ужас во БиХ: Четворица малолетници си го одзеле животот, почнува истрага

По смртта на малолетниот Д.П., кој бил погребан на локалните гробишта Св. Марко во градот Јардол, локалниот портал Centralna.ba објави сторија за смртта на малолетниците. Локалната полиција во округот Централна Босна и Обвинителството овој случај го третираат како случај на самоубиство. Сепак, по неговата смрт е отворена заедничка истрага за низа идентични случаи.

„Во соработка со надлежното Жупаниско обвинителство за овие случаи, полициските службеници ги презедоа мерките и дејствијата пропишани со закон“, се наведува во соопштението на МУП на округот Централна Босна.

Првото самоубиство е забележано на 12 август 2021 година, кога го извршил шеснаесетгодишен млад човек. Втората жртва е седумнаесетгодишно девојче кое, според медиумите, се самоубило со огнено оружје на 15 октомври минатата година, а на 16 април се самоубило петнаесетгодишно момче од истото село.

Жителите на Јардол, каде според последниот попис има само 600 жители, се во шок и одбиваат да дадат изјави во јавноста. Неофицијално посочуваат дека се загрижени и вознемирени и се сомневаат во секти.

Локалните медиуми јавуваат дека двајца малолетници се обесиле, еден се задушил со торба, а друг се застрелал. Првиот човек на Витез, Борис Марјановиќ изрази загриженост и очекување овие случаи да бидат расветлени. „Тоа треба да се истражи. Се повторува. Би било најсреќното решение доколку успееме да ги најдеме причините“, изјави Марјановиќ.

Локалниот свештеник во Витез, Велимир Баврка, оценил дека смртните случаи во Јардол се резултат на многубројната негативност во Босна и Херцеговина и отуѓувањето на семејствата, мајките и татковците од нивните деца. „Зборуваме за последиците, но треба да ја најдеме причината. Причината е што се оддалечивме од добрите работи. Погледнете ги приказните во Босна и Херцеговина, какви се тие? Сите напаѓаат секого“, рече Баврка, објави Индекс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода е лишен и државјанин на Шведска, кој на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е сигурен дека Русија нема да ги нападне американските сојузници од НАТО.

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

Прашан дали рускиот претседател Владимир путин се согласил или се обврзал да се воздржи од таква офанзива, Трамп одговори: „Имав добри разговори со него. Тој нема да напаѓа територија на НАТО“. „Вол Стрит Џурнал“ и „Политико“ претходно објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека директорот на ЦИА, Џон ретклиф, за време на тајната посета на Москва пред три дена ја предупредил Русија да не напаѓа членки на НАТО. Трамп одби да ги коментира медиумските извештаи во врска со целта на патувањето на Ретклиф. Од друга страна, Кремљ извештаите за можни руски подготовки за напад врз НАТО ги нарече „хорор приказни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србија потврди: Ратко Младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почести

Поранешниот командант на босанските Срби, Ратко младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почести, потврди српскиот министер за правда Ненад Вујиќ за медиумите.

Србија потврди: Ратко Младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почести

„Неговата улога е позната, но она што му припаѓа на генералот Младиќ сигурно ќе биде почитувано. Би сакал да истакнам дека Република српска не е таа што одлучува тука, семејството ќе одлучи и за местото каде што ќе биде погребан бидејќи тоа е прашање на неговото семејство“, изјави Вујиќ за АТВ. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер