Ужас во Австралија: Убиена е трудница со потекло од Балканот, партнерот е обезглавен и главата му е набиена на колец - Канал 5

Ужас во Австралија: Убиена е трудница со потекло од Балканот, партнерот е обезглавен и главата му е набиена на колец

Полицијата во Австралија се обидува да утврди кој ја убил бремената Атена Георгопулос (39) и нејзиниот партнер, чие обезглавено тело е пронајдено до телото на Атена во нивниот дом во Мелбурн.

Ужас во Австралија: Убиена е трудница со потекло од Балканот, партнерот е обезглавен и главата му е набиена на колец

Атена била бремена 5 месеци и била многу возбудена што ќе стане мајка, пишува Сан. Според медиумските извештаи, Атена била ќерка на грчки имигранти, која пораснала во Мелбурн опкружена со големо, грижливо семејство и многу пријатели.

Нејзините родители се развеле кога таа била дете, а во текот на целиот свој живот живеела и со татко ѝ и со мајка ѝ, Пати Георгопулос, која ѝ била огромна поддршка додека се борела со здравствени проблеми.

„Таа многу ми помогна“, рече Пати низ солзи во телефонски разговор, додавајќи дека Атена очекувала дете со нејзиниот долгогодишен партнер Ендру Ган (50), кој бил убиен во грозоморното злосторство.

Главата на несреќниот човек била пронајдена набодена на колец, а полицијата се обидува да ги утврди сите мотиви за ова ужасно злосторство што ја потресе Австралија.

Пати Дилверидис, тетката на Атена, изјави дека синоќа слушнала од својата млада братучетка, која била возбудена поради фактот дека наскоро ќе се породи.

„Неодамна дознавме дека е бремена и беше пресреќна. Разговарав со неа прексиноќа. Беше толку возбудена за бебето бидејќи имаше 39 години и мислеше дека никогаш нема да стане мајка“, рече тетката со скршено срце.

Среќата на семејството се претвори во трагедија кога Атена и Ендру беа пронајдени мртви во нивниот дом на југоистокот на Мелбурн во понеделник вечерта. Полицијата се сомнева дека станува збор за целен и насилен напад.

Полицијата беше повикана во куќата на Адриен Кресент во Маунт Вејверли непосредно пред 22 часот, каде што ги пронајдоа телата на двојката.

34-годишен бездомник беше уапсен кратко потоа, но сè уште не се покренати обвиненија.

„Сè уште се обидуваме да утврдиме врска помеѓу починатиот и осомничениот“, изјави портпаролката на полицијата на Викторија во вторник.

Никој од членовите на семејството не разбира зошто Атена и Ендру беа убиени. Мајката на Атена го опишува Ендру како грижлив човек кој навистина ја сакал својата ќерка.

Во вторник навечер, само неколку часа по ужасното откритие, Пати и нејзината сестра се собрале во семејниот дом, обидувајќи се да се справат со тагата.

Атена била позната по својата љубов кон животните, како и по својата решителност и посветеност на работата како консултант во енергетската индустрија. Неодамна решила да направи пауза од работата за да се фокусира на бременоста.

„Имала свои проблеми, но никогаш не ги искажувала на другите“, рекла нејзината тетка.

Семејството открило дека Атена носи девојче, а нејзината среќа што станала мајка била неизмерна.

Полицијата продолжува да апелира до секој што има какви било информации за случајот да контактира со „Крајм Стоперс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда.

Споредба со Виетнам

Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина.

„Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте.

Напади врз цивили и хибридна војна

Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата.

„Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој.

Проценки за вкупните загуби

Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар.

Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема.

Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец.

Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

Денеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан.

Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување.

Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст.

Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот.

Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер