Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени - Канал 5

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени

Утрово најсудено било во Берово каде се измерени -7 степени целзиусови, а најтопло во Виница, Попова Шапка, Тополчани, Ѓуриште, Гевгелија со измерени 0 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени

Според УХМР -5 степени се измерени во Битола, -4 Скопје – Петровец, Струмица, Штип, -3 Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, Mаврови Анови, -2 Велес, Претор, Куманово, Кавадарци, и -1 степен во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Пожаране, Kрушево.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршка

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација.

Перински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршка

На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење на административните капацитети и подобрување на квалитетот на локалните услуги.

Беше отворено и прашањето за ажурирањето на базите на даночни обврзници, како еден од клучните процеси за зголемување на сопствените приходи на општините и обезбедување поодржливо локално финансирање.

Посебен акцент беше ставен на алатките и механизмите што им стојат на располагање на општините за поефикасно планирање, управување и реализација на локалните политики и развојни проекти.

„Директната комуникација со општините е најдобриот начин да ги препознаеме реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат. Ние направивме и системска проценка на потребите на општините, но и покрај тоа постојано сме вклучени преку директни средби. Редовно сме на терен и работиме заедно со локалните власти на изнаоѓање конкретни решенија. Ресурсниот центар е воспоставен да биде практична поддршка за општините и да им помогне поуспешно да ги извршуваат своите надлежности и да испорачуваат поквалитетни услуги за граѓаните“, изјави министерот Перински.

Во рамки на средбата беше разговарано и за тековните и планираните инвестиции во општината. Преку двата јавни повика за финансирање на инфраструктурни проекти, за Општина Петровец се одобрени вкупно седум проекти во вредност од 100.727.775 денари.

Градоначалникот Борче Митевски ја поздрави континуираната поддршка од Министерството за локална самоуправа и ја истакна важноста од постојаната комуникација меѓу централната и локалната власт.

„За општините е од особено значење да имаат институционален партнер кој ги разбира нивните потреби и нуди конкретна поддршка. Проектите што ги реализираме со поддршка на Владата и Министерството придонесуваат за подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните, а Ресурсниот центар отвора дополнителни можности за унапредување на општинските капацитети“, истакна Митевски.

Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините со цел непосредно согледување на локалните потреби и обезбедување навремена поддршка за нивниот развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДС паметат само двоцифрена инфлација и осиромашување

Поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денес зборуваше за животниот стандард, иако токму во времето кога СДС беше на власт граѓаните се соочуваа со двоцифрена инфлација и сериозно намалување на куповната моќ.

ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДС паметат само двоцифрена инфлација и осиромашување

По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДС им пречат мерките што носат повисоки приходи и подобар стандард за граѓаните.

Владата, и покрај наследената празна државна каса од СДС и последиците од глобалната криза, спроведува политики кои даваат конкретни резултати.

Просечната нето-плата од 2024 година до денес е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6%, додека инфлацијата е стабилизирана.

Зголемени се пензиите, како и платите на здравствените работници, просветните работници и вработените во одбраната и полицијата.

Стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%.

Економските показатели го потврдуваат напредокот. Македонија бележи раст на БДП од 3% во 7 последователни квартали и се вбројува меѓу побрзорастечките економии во Европа.

Овие резултати покажуваат дека економските политики на Владата носат конкретни придобивки за граѓаните и создаваат основа за натамошно подобрување на животниот стандард.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Улицата „8 Март“ во Дебар Маало добива мини пјацета со ново зеленило, инклузивен пристап и урбана опрема

Општина Центар ги започна градежните активности за реконструкција на дел од улицата „8 Март“ во Дебар Маало, со која е предвидено формирање  мини пјацета на површина од околу 140 квадратни метри.

Герасимовски: Улицата „8 Март“ во Дебар Маало  добива мини пјацета со ново зеленило, инклузивен пристап и урбана опрема

Новото урбано катче ќе биде поплочено со травертин, материјал кој обезбедува висок квалитет, издржливост и современ естетски изглед.

На локацијата е предвидено поставување урбана опрема, современо осветлување и ново зеленило. На влезната точка која води кон уличката ќе биде изведена и пристапна рампа, со што ќе се овозможи непречено и безбедно движење за лицата со попреченост, како и за сите граѓани кои користат помагала за движење.

„ Во план е поставување на повеќе мини паркови и пјацети низ општината. Целта е да го зголемиме зеленилото и да создадеме пријатни катчиња за одмор и рекреација. По уредувањето на улицата „8 Март“, планираме нови маалски пјацети на улиците „Коста Веселинов“, „Коле Неделковски“ и „Христо Смирненски“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Паралелно со овој проект, Општина Центар продолжува си хортикултурното уредување на потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, реконструкцијата на вториот дел од улицата „Ленинова“ и улицата „Мирослав Крлежа“.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер