Утринава посвежо, во текот на денот сончево и потопло - Канал 5

Утринава посвежо, во текот на денот сончево и потопло

Времето утрово ведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност.

Утринава посвежо, во текот на денот сончево и потопло

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.

Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законите за судска служба и јавнообвинителска служба во собраниска процедура

Предлог законите за судска и јавнообвинителска служба како дел од реформската агенда поминаа на првото читање во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Законите за судска служба и јавнообвинителска служба во собраниска процедура

Според предложените измени, судските и јавнообвинителски службеници би добиле статус на посебни административни службеници со цел да се надминат сегашните проблеми со оценувањето и унапредувањето на овие административци. Дополнително, се воведува и одредба која го уредува и евентуалното зголемување на платите.

Сепак, првото читање помина во атмосфера на политичко препукување, бидејќи според претставниците од Власта, опозицијата е против реформските закони, додека пак опозициските пратеници се на ставот дека законите не се доволно квалитетни и ќе бидат вратени на доработка.

Првиот човек на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани – Трпе Деаноски, најавува предлози и амандмани на овие два предлог закона, бидејќи како што појаснува, и со нив, принципот на исплата на платите останува ист.

Во предлог законите во кои ние учествувавме во работната група, платите беа направени на друг начин – просечна плата по коефициент како што тоа го добиваат судиите и јавните обвинители, за жал сега не е така, повторно е стариот систем а тоа е минимална плата плус бодови. Од пресметката што ја направивме досега, платата не е зголемена. Она што го баравме, додатоците на плата да бидат анблок односно да ги добиваат овие вработени секој месец, истото повторно е условено со одлуки на Судски буџетски совет и одлуки на обвинителот, односно пак да се побара согласност од обвинителство, судски буџетски совет и министерство за финансии. - Трпе Деаноски – претседател на УПОЗ

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА СУДСКА СЛУЖБА:

Член 72 – Додатоци на плата

По донесена одлука на Судскиот буџетски совет за обезбедени финансиски средства, претседателот на судот, најдоцна до средина на месецот може да донесе решение за исплата на додаток, односно додатоци од ставот (1) од овојчлен на судски службеник од судот за претходниот месец. Решението треба да содржи образложeние на исполнетоста на условите за утврдување на правото на додаток.

Како што потенцира предлагачот односно Владата, овие предлог закони се подготвени согласно стратешките приоритети кои ги налага Реформската агенда во делот Владеење на правото во рамки на Фундаменталните вредности. Преку овој чекор кој требаше да биде завршен до јуни минатата година со грејс период до јуни годинава, ЕУ налага да се регулираат платите на судиите, обвинителите, како и на судската и обвинителската служба.

.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за правда: Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Следната седница  е закажана на 12 јуни по што законските измени ќе се  финализираат и ќе се достават во понатамошна процедура.

Министерство за правда: Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик.

На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, при што членовите на Работната група водеа интензивна и конструктивна расправа за повеќе прашања кои директно влијаат врз транспарентноста, интегритетот и кредибилитетот на изборниот процес.

Министерството за правда ја истакнува посветеноста и активното учество на сите членови на Работната група и оценува дека процесот се одвива во духот на дијалог, професионалност и заедничка одговорност за унапредување на демократските стандарди во државата.

Реформите во изборното законодавство претставуваат важен чекор кон јакнење на институционалната доверба и обезбедување фер, слободни и демократски избори во согласност со европските стандарди и меѓународните препораки.

Следната седница е закажана на 12 јуни по што законските измени ќе се финализираат и ќе се достават во понатамошна процедура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меџити: Учениците на генерацијата се најдобар доказ дека вложувањето во образованието дава резултати

Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, Општина Чаир организираше свеченост за доделување признанија и ваучери за учениците на генерацијата од основните училишта во општината.

Меџити: Учениците на генерацијата се најдобар доказ дека вложувањето во образованието дава резултати

По тој повод, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, додели признанија и ваучери на деветте ученици на генерацијата од деветте основни училишта во општината, како признание за нивните извонредни резултати, посветеност и примерот што го претставуваат за своите врсници.

„Учениците на генерацијата се најдобар доказ дека трудот, посветеноста и знаењето секогаш се наградуваат. Нивниот успех е гордост за нивните семејства, училиштата и за целата наша заедница“, истакна Меџити.

Тој нагласи дека образованието останува еден од главните приоритети на Општина Чаир и дека секое вложување во училиштата, во подобри услови за учење и во поддршка на учениците претставува инвестиција во иднината на општеството.

На свеченоста беа доделени признанија и на директорите на деветте основни училишта, како знак на благодарност за нивниот придонес во воспитно-образовниот процес и во создавањето услови за успех и развој на младите генерации.

Честитајќи им на полуматурантите за завршувањето на основното образование, Меџити ги охрабри да продолжат да учат, да веруваат во своите способности и храбро да чекорат кон новите предизвици што ги очекуваат.

Со почит,

Општина Чаир

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер