Утре потопло со пораст на дневните температури - Канал 5

Утре потопло со пораст на дневните температури

Времето утре сончево и потопло со мала до умерена локална облачност.

Утре потопло со пораст на дневните температури

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едноставен тест од 30 секунди кој би можел да открие ризик од прерана смрт

Едноставен тест што трае 30 секунди би можел да открие многу повеќе за здравјето на старите лица. 

Едноставен тест од 30 секунди кој би можел да открие ризик од прерана смрт

Според едно ново истражување, напорот потребен за станување од седечка положба е важен показател за здравјето во подоцнежна возраст, но и можен ризик од прерана смрт.

Станува збор за едноставен тест: лицето за 30 секунди треба да стане од столчето и да седне што повеќе пати. Истражувачите утврдиле дека лицата кои остваруваат слаби резултати, имаат значително поголем ризик од смрт од некаква причина во споредба со нивните врсници, пишува Daily Mirror.

Студијата објавена во списанието Journal of Sport and Health Science опфаќала 1876 возрасни лица над 65 г. Нивната физичка сила се проценувала со бројот на станувања и седнувања на столче за време од 30 секунди.

Резултатите покажувале дека лицата кои имале поголем напор при изведување на оваа вежба имале значително поголем ризик од смрт отколку оние чии резултати биле во граници на нормалата. При тоа, се зеле предвид и податоци за висината, телесната тежина и висината на столчето, потоа била пресметана способноста(моќта) во вати по килограм телесна тежина.

Жените со ниски резултати имале околу двојно поголема веројатност од смртен исход, додека кај мажите ризикот бил зголемен за 57%. Истражувачите ги поделиле учесниците во две групи, оние со мал и оние со нормален напор при станување. Прагот за мажите бил 2,53 вати на килограм телесна тежина, а за жените 2,01 вати на килограм.

Повеќе од половина од учесниците, или околу 57 проценти, биле под овие вредности. Авторите на студијата, исто така, известуваат дека ниската мускулна сила влијае на над 45 % од луѓето над 65 години.

Врска со здравјето на коските

Истражувачите, исто така, пронашле поврзаност помеѓу слабата сила и ризикот од фрактури на коските за време на студијата, но оваа поврзаност се разликувала кај мажите и жените. Жените биле особено изложени на ризик од фрактури на колкот, една од најсериозните повреди во староста.

Жените со послаба сила при станување од стол имале 3,25 пати поголема веројатност да пријават фрактура на колкот во изминатата година во споредба со жените со нормална сила. Кај жените со мала сила, 4,5 проценти претрпеле фрактура на колкот во изминатата година, во споредба со само еден процент кај жените со нормална сила.

Кај мажите, сепак, ниската сила била поврзана со паѓања и фрактури на различни делови од телото, но не конкретно со фрактури на колкот. Кај мажите со послаба сила веројатноста да пријават пад во изминатата година била 73%, голема била веројатноста (86%) да пријават некаква фрактура.

Авторите на студијата веруваат дека разликата може да биде поврзана со хормоналните промени кај жените по менопаузата. Овие промени го забрзуваат губењето на густината на коските, што го прави колкот особено ранлив при паѓање. Кај мажите, фрактурите се чини дека се порамномерно распоредени низ целото тело и не се толку концентрирани во една област.

Како заклучок, авторите на студијата навеле дека ниската релативна сила при станување и седнување кај жените е поврзана со претходни фрактури на колкот, додека кај мажите е поврзана со паѓања и сите видови фрактури. Кај жените, е предвиден и повисок ризик од хоспитализација, додека таква поврзаност не е пронајдена кај мажите. И кај мажите и кај жените, послабиот резултат е поврзан со подолг престој во болница и поголем ризик од смрт од која било причина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикини

Една од нјаубавите жени на светот во последните две децении, шармантната Алесандра Амброзио повторно предизвика вистински  хаос на мрежите.

Фото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикини

Уште од почетокот на сезоната на бикини, секоја нејзина објава на Инстаграм на радост на фановите е токму во таа насока.

Позната по својата совршена става и бразилска убасексапилната Алесандра Амброзио и овој пат успеа да привлече внимание.

Се чини дека оваа убавица веќе некое време ужива во жешките летни денови, кои вклучуваат серија атрактивни бикини.

На Инстаграм, каде што е често активна, ги информира своите обожаватели за актуелните настани во нејзиниот живот, а неодамна покажа како ужива на плажа со својот партнер.

На фотките убавата Алекс гордо позира во бикини кои ги истакнуваат нејзините облини за што доби само позитивни коментари од своите обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенство

Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, наскоро доаѓа, а спортските новинари ширум светот ќе имаат полни раце работа.

Фото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенство

Италијанските новинарки доминираат во спортскиот свет, а по Дилета Леота, уште една убавица го привлекува вниманието на јавноста.

Станува збор за новинарка по име Елеонора Инкардона.

Се чини дека италијанската спортска новинарка Елеонора Инкардона решила да ги „наполни батериите“ за претстојното првенство, а за тоа морала да отпатува во Египет.

Таа сега објави фотографии од одморот на Инстаграм, а своите верни обожаватели ги почасти со жешки сцени.

На фотките, секси водителка позира во бикини, а во прв план се нејзините облини во мали бикини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер