3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
ЖивотУтре навршуваат 28 години од оформувањето на Детската амбасада МеѓашиЗад нас се години и години работа. Поголеми или помали, кризите се составен дел од нашата историја, а за оној кој страда или има потреба од помош, не постои помала или поголема криза.Во ова чудно време-невреме би сакале да ја споделиме со вас радоста за нашата 28-годишнина на многу години исполнети со работа и активности во секакви околности, години посветени на помош на деца кои страдаат, години со тага, но и исполнетост што можеме да бидеме поддршка. Зад нас се години и години работа. Поголеми или помали, кризите се составен дел од нашата историја, а за оној кој страда или има потреба од помош, не постои помала или поголема криза. 1992-1996 Посветени на поддршката на децата погодени од војната во поранешна Југославија/деца-бегалци од Босна и Херцеговина згрижени во Македонија Започнавме со босанската криза и потребата да се згрижат голем број деца-бегалци. Организиравме лет од Сараево и јавно повикавме за згрижување на децата во Македонија. Со голем дел од тие деца (сега возрасни) сме сѐ уште во контакт, некои волонтираат, а некои физички оддалеку, но во срцето блиску, следат и понатаму што работиме. 1999-2000 Косовската криза, поддршка на децата-бегалци од Косово во Македонија Работевме и во камповите за време на косовската криза. 2001-2006 Конфликтот во Македонија Згриживме 16 внатрешно раселени лица од Арачиново во нашето прифатилиште, семејства со 8 деца. Во ова прифатилиште се родија три бебиња − Александар, Марија и Никола. Семејствата беа згрижени во нашето прифатилиште пет години. Организиравме летни кампови за над 500 деца, пет години по ред од кризните подрачја во Македонија.. 2016 Поплавата во Стајковци Поплавата во Стајковци ја поминавме заедно со група волонтери речиси цело време на терен. Овозможувавме директна помош на погодените во храна и лекови, а во Основното училиште „Кирил и Методиј" во с. Стајковци, заедно со ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија отворивме медицински пункт каде за децата се обавуваа прегледи и медицинска заштита. 2016-2017 Помош и поддршка на миграните кои транзитираа преку Македонија Последната бегалска криза нѐ водеше од Табановце до Гевгелија, директно работевме со децата-бегалци, собиравме хуманитарна помош, но и се обидовме да поттикнеме емпатија и разбирање кон бегалците преку прирачникот „Сите сме деца на овој свет" во кој е разработена содржината за начинот на кој треба да се разговара со децата за бегалската криза Хуманитарна помош, облека и обувки за 350 деца од пет центри за деца бегалци без родителска грижа сместени на граничната зона во Турција со Сирија, обезбедени преку кампањата „Македонија со љубов за Алепо". 2020 Коронавирусот COVID – 19 Оваа криза денес особено тешко нѐ погодува бидејќи не можеме да работиме надвор, директно со децата. Оваа криза бара да се дистанцираме од надворешниот свет и да наоѓаме креативни решенија како топлината на човечките интеркации да ја одгледуваме социјално дистанцирани. Како да помогнеме некому од дома, но и директно, на терен кога тоа е неопходно, како да дознаеме на кого му треба помош. И секојдневно откриваме дека може, дека сме тука едни за други, дека работата на Меѓаши продолжува, какви и да се околностите. Поради вонредно настанатата состојба, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ обезбеди: – заштитна опрема за медицински лица кои работат со деца; – хуманитарна помош во храна и средства за хигиена за маргинализирани групи; – едукативни содржини наменети за најмладите со маскотата на Меѓаши „Бушавко"; – започна платформа/ФБ-група на тема „ЗАЕДНО ДОМА" со цел да се поттикне креативното и квалитетното поминато време со децата во услови на пандемија. Потсетуваме дека изолацијата заради коронавирусот е можност за возрасните времето со децата да го искористат на интересен начин, исполнет со креативни и образовни содржини, децата да почувствуваат дека се поддржани, полесно да ги сфатат информациите кои ги слушаат, да се информирани соодветно на нивната возраст, но не и преоптоварени со сето она што се случува. Сакаме да поттикнеме споделувања на игри, учења, хумор, песни, цртежи, кратки видеа, фотографии… Да покажеме како може да се биде креативен и забавен, иако се седи дома. Се надеваме и посакуваме да нема кризи во иднина, луѓето одговорно и со љубов да се грижат за околината и да се грижат едни за други, особено за децата, а духот на солидарност и меѓусебно разбирање да го градиме со сите сили и понатаму. Мисија на Детската амбасада Меѓаши Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата , поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование , развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и еднаквите можности за сите. Визија на Меѓаши – Поправеден свет за секое дете Првата детска амбасада во светот МEЃАШИ – Република Македонија е меѓународна граѓанска организација за заштита на правата на детето формира на 29 април 1992 година во Скопје, Република Македонија. Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез „уловена“ со мистериозен мажИма 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж. На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж. Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво. Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера. Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок. Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 19 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛитванија ќе го задржи руското и белоруското житоЛитванија ќе ги задржи пратките со жито што Русија и Белорусија ги извезуваат преку пристаништето Клаипеда, сè додека не се утврди нивното потекло, изјави за Ројтерс претставник на литванското Министерство за земјоделство.Тој додаде дека оваа регулатива би можела да доведе до одложување на извозот во траење од неколку месеци. Уште од септември, Литванија врши проверки на пратките со жито од Русија и Белорусија, поради сомневања дека дел од житото всушност потекнува од украински територии кои се под руска окупација. Почнувајќи од следната недела, пченицата, 'ржта, семките од сончоглед и пченката што пристигнуваат во балтичкото пристаниште Клаипеда од Русија и Белорусија – а се наменети за други земји – нема да поминат царинска процедура сè додека не заврши проверката на нивното потекло, изјави за Ројтерс неименуван литвански функционер. „Процесот на проверка може да трае два месеци или подолго“, истакна функционерот, додавајќи дека секоја пратка за која ќе се утврди дека има лажно пријавено потекло, ќе биде или вратена или уништена. Бидејќи Литванија не располага со лабораторија способна за вршење на вакви анализи, процесот трае подолго, бидејќи тестирањето мора да се изврши во странство. ЕУ воведува санкции за увоз на руско жито Извозниците ќе ги сносат сите трошоци поврзани со складирањето, тестирањето, враќањето или уништувањето на житото, додаде литванскиот функционер. Иако ЕУ воведе санкции за увоз на руско жито, неговиот транзит кон други дестинации останува дозволен. Официјална Москва не даде коментар за правниот статус на житото што потекнува од региони кои меѓународната заедница ги признава како украинска територија. Од средината на август, испораките на руска и украинска пченица од пристаништата на Азовското и Црното Море се речиси целосно запрени, по нападите врз бродови и терминали. Во такви околности, Русија почна да ги менува своите извозни рути, при што е забележан значителен пораст на пратките со жито преку Каспиското Море. Руските трговци ја пренасочија пченицата наменета за извоз главно кон балтичките пристаништа, преку кои во септември поминале 1,2 милиони тони – што претставува над 60 отсто од вкупниот руски извоз на жито по морски пат. Според Ројтерс, компаниите пренамениле терминали што претходно се користеле за утовар на ѓубрива и јаглен, прилагодувајќи ги за транспорт на жито. Русија се свртува кон арктичката поморска рута Во меѓувреме, балтичките земји се обидуваат да го запрат транзитот на руско и белоруско жито преку нивните пристаништа. Во октомври, Естонија, Латвија и Литванија предложија забрана на ниво на целата ЕУ, при што Естонија веќе воведе свои ограничувања. Од своја страна, Русија – за првпат – се сврте кон арктичката поморска рута за испорака на пченица на меѓународните пазари. Кон крајот на октомври, комерцијалното пристаниште во Мурманск и компанијата за трговија со жито „Деметра Холдинг“ објавија дека е во тек утовар на 3.400 тони жито од „клучни земјоделски региони“. Мурманск се наоѓа во заливот Кола во Баренцовото Море, неговото пристаниште останува без мраз, иако лежи 200 километри северно од Арктичкиот круг. Тоа е едно од најважните пристаништа во северна Русија, служи како матично пристаниште за рибарска флота и мразокршачи, а се наоѓа на западниот крај на Северната морска рута. Кој увезува најмногу руско жито? Податоците од консултантската фирма „ПроЗерно“ покажуваат дека, во периодот од почетокот на новата земјоделска сезона во јули до октомври, Иран бил најголемиот увозник на руско жито, со вкупно 1,716 милиони тони – кои главно се состојат од јачмен и пченка. Египет увезол 1,35 милиони тони, а по него следува Азербејџан со 545.000 тони, според „ПроЗерно“. Според истите податоци, и Нигерија се наоѓа меѓу првите пет увозници, со 420.900 тони. Извор: Индекс.хрТагови: жито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter