Утре на ИК и на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат утврдени кадрите во идната Влада

Утре на ИК и ЦК се очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги утврди министрите во идната Влада.. 

Скоро половина од кадрите во идниот владин состав се веќе познати. По Вреди, синоќа и од ЗНАМ ги објавија каровските решенија во идната влада. Претседавачот со централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков и генералниот секретар на партијата и поранешен пратеник Горан Минчев се предлог - министри за правда и јавна администрација. Нивните имиња едногалсно беа утврдени на седница на централниот одбор. Партијата на Маким Димитреивски ќе добие и двајца заменици министри во владата на Мицкоски, но во кои ресори се уште не е одлучено. Преговорите со ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат околку кадровските решенија во пониските ешалони.

И партиите кои се дел од коалицијата ВРЕДИ изминатите денови ги обелоденија кадрите кои седнат во министерските фотељи. Ресорот здравство повторно ќе го води Арбен Травари од Алтернатива. Министер за екологија ќе биде Изет Меџити, за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, Бесар Дурмиши е предлогот на Беса за министер за економија и труд, а за вицпремеиер за добро владеење и транспарентност се предлага Арбен Фетаи. Во министерското столче за евроинтеграции најверојатно ќе седне Орхан Муртензани од Алтернатива. Неговото име се очекува да биде потврдено вечерва не Централно претседатлество на партијата.

Предлог владиниот состав кој во вторник ќе биде доставен до Собранието, ќе биде докомплетиран утре со предлог имињата на 13 кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Кадровските решенија официјално ќе бидат обелоденети по утрешните седница на Централниот и извршниот комитет на партијата, но веќе извесно е дека клучните ресори ќе и припаднат на партиските потпретседатели. Заедно по предлог составот ќе биде оставена и програмата за работа на идната Влада. Дел од аналитичарите сметаат дека таа ќе биде доста амбициозна и дека најголем предизвик на новата Влада ќе бидат евроинтеграциите.

Владата на Мицкоски, која ќе брои 20 ресорни министерства и три без ресор ќе се гласа на седница иднот викенд. Очекувањата се таа да започне во сабота и да да финишира в недела најдоцна до полноќ. Владата се избира со просто мнозинство од 61 пратеник во Парламентот.

Хоџај: Курти и Вучиќ го користат северот на Косово за да ја задржат власта

Хоџај, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Косово, изјави дека косовскиот премиер го искористил северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт.

Потпретседателот на Собранието на Косово и Член на Претседателството на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Енвер Хоџај, во врска со ситуацијата на северот на државата и прашањето за Заедницата на општини со српско мнозинство, вели дека премиерот Албин Курти во овие три години владеење делувал „целосно спротивно на меѓународните трендови и геополитичките промени“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоџај, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Косово, изјави дека косовскиот премиер го искористил северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт.

- Со војната во Украина, со војната во Газа, со евентуална војна во Тајван, меѓународниот поредок се распаѓа и господинот Курти дејствуваше целосно во спротивна насока од меѓународните трендови, од геополитичките промени, а пред се решил во име на една политика да го користи северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт, се цитира Хоџај од приштинскиот портал „Телеграфи“.

Според поранешниот шеф на косовската дипломатија. денес ситуацијата на северот на земјата им помага на Курти во Приштина и на српскиот претседател Александер Вучиќ во Белград да останат на власт.

Хоџај нагласи дека кога неговата партија била на власт, никогаш не ја искористила ситуацијата на северот на земјата за политички популизам.

- Ние (ПДК) дејствувавме во однос на северот на Косово, демонтирајќи паралелни структури, борејќи се против криминалот и организираниот криминал на северот на земјата, правејќи сé за да ја заокружиме државноста на Косово на северот на земјата, интегрирајќи ја српската заедница. Никогаш не сме ја искористиле ситуацијата на северот на Косово за политички популизам. Ова што се случува на северот на земјата не е во прилог на националниот интерес на косовската држава, рече Хоџај./МИА

Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопштија од рускиот клуб.

Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.

Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано. /МИА

Во Пакистан експлодира бомба крај пат, при што загинаа пет војници, а двајца се повредени

Најмалку пет војници загинаа, а двајца други се повредени денеска при експлозија на бомба покрај пат во близина на безбедносен конвој во северозападен Пакистан, соопштија официјални претставници.

Нападот се случил во областа Курам, поранешно упориште на милитантите во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Во соопштението на армијата се наведува дека во тек е потрага по сторителите на нападот со цел да се елиминираат терористите присутни во тоа подрачје и дека „сторителите на овој грозоморен чин ќе бидат изведени пред лицето на правдата“./МИА

притисни ентер