Невил: Саутгејт треба брзо да најде решенија за проблемите или работите ќе завршат лошо - Канал 5

Невил: Саутгејт треба брзо да најде решенија за проблемите или работите ќе завршат лошо

Менаџерот Герет Саутгејт мора брзо да „најде решенија“ за проблемите во репрезентацијата на Англија или „работите ќе завршат лошо“, како што се случило многу пати во минатото. 

Невил: Саутгејт треба брзо да најде решенија за проблемите или работите ќе завршат лошо

Ова го изјави аналитичарот и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил.

Англија тесно ја совлада Србија во првиот натпревар на Европското првенство, а потоа ремизираше 1:1 против Данска во вториот натпревар во групата Ц. Според повеќето медиуми, вицешампионите дури во значителен период биле надиграни од своите противници.

-Сега не е време за паника, но не можам а да не признаам дека чувството е познато. Мислам дека самиот Герет Саутгејт не го фати паника, но време е да се најдат некои решенија. Нешто мора да се промени бидејќи од првите два натпревари се издвојуваат некои загрижувачки работи, изјави Невил за ИТВ Спорт.

Невил се прашува дали големата количина на квалитетни напаѓачи го збуни Саутгејт и дали избра погрешни луѓе и позиции за Европското првенство.

-Прв пат ми се чини дека Гарет е во конфликт со себе бидејќи има премногу на располагање. За прв пат прашуваме како да ги внесеме Трент, Фоуден, Палмер и Белингем во ист тим. Можеби тоа му создава повеќе проблеми отколку решенија. Тоа не треба да биде така. Во следните 24 часа, Герет мора многу внимателно да размисли, а играчите мора да разговараат меѓу себе. Толку многу зборувавме за нивниот дух и за тоа како можат да преземат одговорност, но тие не играат добро и време е да најдат излез од ситуацијата, изјави легендарниот бек. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатно одлагање на кабаст отпад во центарот за селекција во Карпош

Општина Карпош ги известува своите жители, дека сѐ уште можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 .

Бесплатно одлагање на кабаст отпад во центарот за селекција во Карпош

Општина Карпош ги известува своите жители, дека сѐ уште можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 на бул. Илинден (позади бензинската станица „Макпетрол“, во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“). Во таа насока, ги информираме граѓаните дека можат самите да го одложат кабастиот отпад (од 07 до 19 часот, секој ден во неделата), во којшто спаѓаат стариот мебел, душеци, кревети и слична покуќнина, електронски и електрични апарати, санитарија, дрвенарија, (прозорци, врати и сл.), без да платат паричен надоместок.

Доколку не се во можност да го сторат тоа, карпошани можат да закажат услуга до ЈП Комунална хигиена, која со специјални комунални возила ќе го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови. Оваа услуга се наплаќа, а термините за закажување се од понеделник до петок, во период од 07 до 15 часот на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216 644.

Притоа потсетуваме дека кабастиот отпад е крупен отпад од домаќинствата, кој поради својата димензија, тежина и волумен не треба да се фрла (одложува) во стандардните контејнери за комунален отпад. Од ЈП Комунална хигиена – Скопје предупредуваат дека секое одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини претставува прекршување на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции, а ваквото несовесно однесување може да резултира со исклучително штетни последици за животната околина и јавното здравје. Затоа да бидеме одговорни и совесни, како би можеле заедно да придонесеме во одржување на здравата околина во која живееме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд ќе биде домаќин на 4. форум на балканските уставни судови

Уставниот суд на Република Македонија ќе биде домаќин на IV Форум на Балканските уставни судови, во чии рамки ќе се одржи Mеѓународната конференција на тема „Современи предизвици за владеење на правото: Улогата на уставните судови“. 

 Уставниот суд ќе биде домаќин на 4. форум на балканските уставни судови

Настанот ќе се организира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје од 12-15 ноември 2026 година во Охрид.

Со одржувањето на Форумот ќе се заокружи годинашното претседавање на Уставниот суд на Република Македонија со оваа регионална иницијатива, која претставува значајна платформа за соработка, размена на искуства и унапредување на уставно-судската практика во регионот.

Досега е потврдено учеството на околу 30 високи претставници од уставни судови, меѓународни институции и организации. Покрај делегациите од земјите членки на Форумот – Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Македонија и Турција – учество ќе земат и претседателот на најстариот Уставен суд во Европа- Уставниот суд на Австрија, претставници на Врховниот уставен суд на Египет, Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF), Европскиот суд за човекови права, Венецијанската комисија и други истакнати претставници на меѓународната правна заедница.

На свеченото отворање се поканети претседателот на Македонија, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, претставници на највисоките правосудни институции, дипломатскиот кор и меѓународните партнери на Судот.

Во центарот на меѓународната конференција ќе бидат прашањата за зајакнување на довербата во уставните судови, заштитата на владеењето на правото во услови на современи демократски предизвици и улогата на уставното судство во дигиталната ера. Преку размена на искуства и добри практики, учесниците ќе дискутираат за унапредување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на уставното судство.

Во рамките на Форумот ќе се одржи и посебна седница на претседателите на балканските уставни судови, на која ќе биде разгледана и усвоена Охридската декларација, како заеднички документ со кој ќе се потврди определбата за натамошно продлабочување на регионалната соработка и зајакнување на владеењето на правото.

Организацијата на IV Форумот на Балканските уставни судови претставува потврда за меѓународниот углед што Уставниот суд на Република Македонија го изгради во изминатите години и за неговата активна улога во јакнењето на регионалната и меѓународната уставно-судска соработка.

Судот ја промовира специјализираната веб-страница наменета за информации на овој Форум: https://ustavensud.mk/bccf/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Хаосот во Собранието беше театар за прикривање на неуспесите на Мицкоски

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, оцени дека вчерашниот хаос во Собранието беше театар за прикривање на целосниот неуспех на Владата и од отсуството на резултати на Христијан Мицкоски.

Филипче: Хаосот во Собранието беше театар за прикривање на неуспесите на Мицкоски

„Вчера направи хаос за да прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето и се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи рече дека ги нема, сега очајно му треба алиби“, истакна Филипче.

Кога нема резултати во економијата, кога растат цените и паѓа животниот стандард, Мицкоски наместо да понуди решенија избира навреди и закани кон пратениците од опозцијата.

„И кога се нема резултати, кога нема решенија, Мицкоски ги навредува и им се заканува на пратениците во Собранието. Граѓаните ги нарекува талог на општеството, глодари, медиокритети, мекотели, секакви погрдни зборови избираше во изминатиот период, а сега почна да ги навредува и пратениците во Собранието. При тоа, навредите многу повеќе кажуваат за него, отколку што кажуваат за било што друго. Тоа ли е универзитетски професор? Тоа ли е премиер, претседател на Влада?“, рече Филипче.

Во однос на изнуденото и срамно извинување на Мицкоски, Филипче оцени дека станува збор за политички театар без вистинско преземање одговорност.

„Тој само создаде привид, се извини во празна сала, кога опозициските пратеници ја напуштија салата... така направи еден политички театар. Едно срамежливо, изнудено „извинете“. Меѓутоа, тоа не може да ги избрише навредите и неговиот начин на однесување“, рече Филипче.

Тој нагласи дека вистинското извинување подразбира признавање на грешката, промена на однесувањето и одговорност за сите што учествувале во навредите.

„Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување и санкции... Граѓаните заслужуваат почит, достоинство, заслужуваат пример кој што обединува, а не човек кој што ги дели и ги навредува“, порача претседателот на СДСМ.

На крајот, Филипче повтори дека заканите и навредите се одраз на слабост, а не на сила.

„Никој не му се плаши на Христијан Мицкоски. Овој начин на однесување е само одраз на неговата слабост и неспособност“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Филипче: Реконструкцијата нема да донесе ништо - ревидирана верзија на истата неспособна Влада

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција порача дека реконструкцијата на Владата не носи никаква суштинска промена, туку само нова верзија на истата неспособна власт која веќе една година не успева да одговори на ниту еден клучен проблем на граѓаните. Филипче посочи дека наместо нов почеток и нови политики, со реконструкцијата, граѓаните добиваат само продолжување на неуспешното владеење на ВМРО.

„Вчера помина реконструкцијата на Владата и практично имаме една ревидирана верзија на тотално неспособна Влада, неспособна да се справи со ниту еден проблем на граѓаните. И исто како што и оваа Влада до вчера функционираше, исто ќе биде и сега“, рече Филипче.

Тој додаде дека реконструкцијата не значи нова политика, туку само обид да се прикрие неуспехот на Владата, која нема ниту план, ниту визија за справување со кризите.

„Од оваа Влада, граѓаните може да очекуваат само една нова нула. Ниту план, ниту визија, ниту стратегија како да ги решат секојдневните, се поголеми проблеми на граѓаните и на државата“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, нагласи дека резултатите од владеењето на ВМРО се веќе видливи - економијата стагнира, животниот стандард опаѓа, граѓаните секојдневно се соочуваат со нови ценовни шокови, европскиот пат стагнира.

„Стагнира економијата, опаѓа животниот стандард, цените растат, сега имаме ново покачување на цените на горивата, ова ќе донесе дополнително активирање на спиралата на поскапување насекаде. Видовме дека Владата изминатиот период не се справи со ова, ниту пак направи некој чекор да се обиде да го спречи растот на цените. Европскиот пат е блокиран, очигледно многу добро смислено, многу одамна, не сега - едноставно немаат одговор на ниту едно суштинско прашање“, рече Филипче.

Воедно, Филипче додаде дека секогаш кога нема решенија ВМРО посегнува по навреди и закани.

„И кога се нема резултати, кога нема решенија, Мицкоски ги навредува и им се заканува на пратениците во Собранието.Вчера направи хаос за да прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето, и се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи рече дека нема, сега очајно му треба алиби“, нагласи Филипче.

YouTube video

Скопје, 14.07.2026

СДСМ

Скопје, 14.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер