Мета и Круемади се разведуваат по 26 години брак - Канал 5

Мета и Круемади се разведуваат по 26 години брак

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади се разведуваат по 26 години брак, што е главна тема во домашните медиуми.

Мета и Круемади се разведуваат по 26 години брак

Информацијата ја потврди Мета, кој наведе дека веќе доставил барање до Судот во Тирана, но она што посебно се издвојува е дека Мета како адреса на живеење ја напишал онаа на канцелариите на Партијата на слободата на улицата „Сами Фрашери“, каде според медиумите живее.

Мета изјави дека тој и Круемади тргнале по законскиот пат по ова прашање, а го известил и синот Бесар Илир Мета(24).

-Госпоѓата Моника Круемади е веќе моја поранешна сопруга и го следев правниот пат за оваа работа и го известив и мојот син Бесар Илир Мета, кој пред малку ми рече дека кога имаме толку тензии и проблеми меѓу себе, можеш да најдеш помирно решение и верувам дека најдов решение, изјави Мета.

По објавувањето дека се разведуваат, Круемади за медиумите, изјавила дека во моментов не претпочита да ја коментира одлуката на нејзиниот сопруг и дека „прво сака да ги знае причините што го натерале господинот Мета да поднесе барање за развод“.

Мета и Круемади, имаат три возрасни деца.

Нивното патешествие започна кога беа на чело на социјалистичката младинска организација ФРЕШ, а потоа продолжија во пазувите на социјалистичкото семејство до 2004 година, од каде што и двајцата заедно со друга група социјалисти се отцепија, формирајќи го

Социјалистичкото движење за интеграција. Во периодот додека Мета беше шеф на државата, таа ја предводеше партијата, по што палката ја презеде Мета и го смени името во Партија на слободата.

Овој потег на поранешниот претседател доаѓа во време кога Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК го истражува богатството на семејството Мета. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Иранскиот пратеник Алаедин Боруџерди, член на Комитетот за национална безбедност на парламентот, изјави дека Белата куќа „веќе нема да биде безбедна“ за американскиот претседател Доналд Трамп.

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“.

Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „нивните агенти“ треба да очекуваат „слободните луѓе на светот да ја донесат раката на божествената одмазда“, додавајќи дека „ниту едно место во светот, дури ни Белата куќа, нема да биде безбедно“ за нив.

Тој исто така рече дека одмаздата станала „глобално движење“ наместо „ограничен одговор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео кое тврди дека прикажува припадник на руска мобилна противвоздушна единица како ја губи контролата врз екстремно брз тежок митралез со четири цевки, „YakB-12.7“, за време на операција.

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка.

Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува на страна и го влече војникот со себе, додека друг член на единицата, кој бил во негова непосредна близина, успева да се наведне во последен момент и да го избегне рафалот.

Видеото е објавено од профилот „WarMonitor“, тврдејќи дека станува збор за авионски митралез пренаменет за соборување беспилотни летала.

Сè уште не е познато каде и кога е снимено видеото, ниту на која единица припаѓаат војниците на видеото.

Што е „YakB-12.7“?

Митралезот „YakB-12.7“ е развиен во Советскиот Сојуз за борбениот хеликоптер Ми-24, каде што е инсталиран во далечински управувана купола под носот на леталото и поврзан со системот за нишанење. За разлика од повеќето слични митралези со повеќе цевки кои користат надворешен електричен мотор за погон на цевките, „YakB-12.7“ ја користи енергијата на барутните гасови генерирани за време на пукањето за да ротира блок од четири цевки. Оружјето тежи околу 45 килограми и е долго приближно 1,35 метри, а според специјализираниот портал „WeaponSystems.net“, може да испука помеѓу 4.000 и 5.000 куршуми во минута. Украинскиот воен портал „Militarii“ наведува дека модерната верзија на овој систем има два режима на пукање - околу 4.000 и околу 4.500 куршуми во минута.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И Здравје и Работа: Државата треба да го слуша стручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди повеќе факти!

И Здравје и Работа: Државата треба да го слуша стручниот глас за „Иловица Штука“

Веруваме дека е време ова прашање конечно да се врати таму каде што припаѓа – кај науката, експертите и институциите. Кога се одлучува за проекти што влијаат врз животната средина, здравјето на граѓаните, економијата и иднината на државата, пресудни треба да бидат фактите, стручноста и законите, а не гласните ставови без стручна основа.

Даваме целосна поддршка на универзитетските професори и експерти кои јавно ги презентираа своите стручни ставови за современите рударски технологии и проектот „Иловица – Штука“. Во демократско општество, научната аргументација мора да биде охрабрена и почитувана, а не замолчувана преку притисоци и дискредитации.

Во современите демократии, одлуките за вакви проекти се носат врз основа на научни анализи, експертски мислења, законски процедури и независни институции. Денешното рударство е суштински различно од она од минатото. Напредокот на науката и технологијата овозможува далеку повисоко ниво на еколошка контрола, управување со ризици и заштита на животната средина. Затоа, секој проект треба да се оценува според конкретните решенија и стандарди што ги применува, а не според застарени претстави и искуства.

За „Иловица – Штука“, надлежните институции треба темелно да ги разгледаат сите стручни анализи, Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и законските критериуми. Ако проектот не ги исполнува условите, не треба да добие одобрение. Но доколку ги исполнува највисоките технички, законски и еколошки стандарди, тогаш заслужува поддршка и фер можност за реализација.

Истовремено, не смее да се занемари неговиот развоен потенцијал. Македонија има потреба од нови инвестиции, нови работни места и посилен економски раст. Проектот „Иловица – Штука“ може да донесе значајни економски придобивки, нови можности за домашните компании и поттик за развојот на југоисточниот регион. Во време кога државата се соочува со иселување на младите и недостиг од инвестиции, секоја сериозна развојна шанса заслужува објективна и професионална оценка.

Затоа ги повикуваме Владата и надлежните институции да продолжат да одлучуваат врз основа на науката, стручноста и законите. Само така ќе обезбедиме и висока заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, но и ќе го искористиме природниот потенцијал на Македонија за повисок животен стандард, економски напредок и посигурна иднина за младите генерации.

се вели во соопштението на „И здравје И работа“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер