Усвоен план за подобро справување со кибер кризи и инциденти во ЕУ - Канал 5

Усвоен план за подобро справување со кибер кризи и инциденти во ЕУ

Министрите за телекомуникации на земјите членки на ЕУ денеска усвоија План за справување со кибер кризи, кој дава насоки за реакции на големи инциденти поврзани со кибер безбедноста. 

Усвоен план за подобро справување со кибер кризи и инциденти во ЕУ

- Планот на ЕУ за справување со кибер кризи појаснува како земјите членки можат да детектираат, да одговорат, да се опорават и да учат од големи инциденти во кибер безбедноста, што би можеле да влијаат врз целата Европска Унија, изјави полскиот вицепремиер и министер за дигитална технологија Кшиштоф Гавковски, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Според него, со усвоениот План се прави решавачки чекор напред во зајакнувањето на отпорноста на кибер безбедноста на Европа.

- Планот на ЕУ ја покажува нашата јасна посветеност кон побезбедна, поотпорна и подобро подготвена Европа, што е важен приоритет на Полското претседателство, додаде Гавковски.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Планот се оценува како важен водич за земјите членки во подобрување на нивната подготвеност и способност за откривање и одговор на кибер безбедносните инциденти.

- Планот има за цел да се справи со се посложениот пејзаж на кибер закани преку зајакнување на постојните мрежи на ЕУ, поттикнување на соработката меѓу земјите членки и вклучените актери и преку надминување на пречките што може да постојат, посочи Советот на ЕУ.

Кибер планот дава објаснување кога треба да се активира кризната рамка и кои се улогите на релевантните мрежи на ниво на Унијата, нејзините актери и механизми и укажува на важноста на координацијата на јавната комуникација пред, за време и по кризните инциденти.

Планот ја нагласува и важноста на цивилно-воената соработка во контекст на справувањето со кибер кризи, вклучително и со НАТО, преку подобрени механизми за споделување информации каде што е можно и кога е потребно. Тој, исто така, содржи и поглавја за закрепнување и размена на искуства од научените лекции меѓу земјите членки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем

Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено- „Само Европејците можеа да смислат ваква глупост.“

Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем

Времето на чекање на некои од најголемите европски аеродроми леттово лето по воведувањето на новиот електронски систем на Европската унија за гранична контрола се удвои, според податоците објавени од „Фајненшл тајмс“ (Financial Times).

На аеродромот во Франкфурт, максималното време на чекање во јули достигна 120 минути, што претставува зголемување во однос на 60-те минути претходната година, според податоците на аналитичката компанија „Кју-сензор“ (Qsensor).

Во Минхен, најдолготрајното чекање се зголеми од 31 на 60 минути, додека во Амстердам се зголеми од 80 на 120 минути.

Во април, ЕУ го воведе Системот за влез/излез (EES), според кој патниците од Обединетото Кралство и од други земји надвор од ЕУ мора да се регистрираат при првиот влез преку давање отпечатоци од прсти, фотографирање и доставување лични податоци.

Секторите за туризам и авијација претходно предупредија дека новиот систем би можел да предизвика значителни доцнења, бидејќи аеродромите нема да можат доволно брзо да ги обработуваат патниците.

Аеродромот во Франкфурт соопшти дека новите гранични контроли довеле до доцнење на летовите и други пречки во одвивањето на сообраќајот.

„Како што се продолжува времето на чекање, забележуваме значителен пораст на загриженоста кај туристите од Обединетото Кралство и Северна Америка во врска со тоа колку долго ќе мора да чекаат во ред“, изјави Оливер Максфилд, основач на компанијата „Qsensor“.

Извршниот директор на „Рајанер“ (Ryanair), Мајкл О'Лири, остро го критикуваше системот EES и изјави дека треба да се овозможи регистрација преку интернет.

„Само Европејците би смислиле вакви глупости“, им рече тој на инвеститорите минатиот месец.

О'Лири додаде дека „Рајанер“ доживеал сериозни застои на приближно 15 аеродроми.

Системот за управување со сообраќајот (EES) има за цел да ја зголеми безбедноста на надворешните граници на ЕУ преку следење на влезовите и излезите, откривање на лица кои го пречекориле дозволеното време и помагање во лоцирањето на лицата што ги бараат властите.

Сепак, неговата имплементација е оптоварена со доцнења, технички проблеми и проблеми со опремата. Некои аеродроми привремено ги суспендираат одредени проверки.

Податоците од Минхен покажуваат дека подолгото време на чекање првенствено ги погодува патниците што се подложуваат на рачни проверки.

Автоматизираните ленти најчесто ги користат граѓаните на ЕУ, кои не се обврзани да се регистрираат во EES.

Следствено, многу аеродроми привремено ги суспендираа некои проверки - како што е земањето отпечатоци од прсти - за време на периодите на најголем застој.

Оваа опција треба да истече во септември, но осум земји-членки на ЕУ и Швајцарија побараа од Европската комисија да ја продолжи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев

Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој си ги прати “децата“ од СДС да прават инциденти во Ново Село.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев

СДС е во паника, а Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој продолжи со истите политики на предавства креирање насилни инциденти и тензии.

Филипче и СДС немаат понуда што ќе одговори на реалните проблеми на граѓаните и во отсуство на визија, стратегија и јасен план се свртија кон импровизации, глумење жртви и креирање насилни инциденти.

Филипче е нервозен бидејќи вистината излезе на виделина и целата јавност ги виде лицата на “децата“ на СДС кои ги прати да направат инцидент во Ново Село за време на посетата на претседателот Мицкоски.

Филипче исто како и Заев е опкружен со насилници, тепачи и наркомани. Ефтимов и Стојанов кои се обидоа да направат инцидент во Ново Село се насилници и тепачи со криминално досие, двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвинички претепале туристи во Струмица, и токму затоа Филипче ги одбрал нив.

Криминалци, тепачи, насилници и наркомани, тоа е матрицата на СДС која Филипче ја претставува како „децата“ на Македонија, но тоа никако не смее да биде иднината на Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија добива нов претседател

Се очекува унгарскиот парламент денес да го избере Андраш Бака – поранешен претседател на Врховниот суд разрешен од Виктор Орбан – за нов претседател на државата. 

Унгарија добива нов претседател

Со овој потег, проевропскиот конзервативен премиер Петер Маѓар има за цел да го ослаби преостанатото влијание на неговиот претходник врз државните институции, пренесува „Франс 24“ (France24).

Функцијата претседател остана испразнета по контроверзното разрешување минатиот месец на Тамаш Шуљок, поранешниот претседател и сојузник на Орбан.

Владејачката партија „Тиса“ на Маѓар во саботата го номинираше Бака за оваа улога, која има главно церемонијален карактер. Бака претходно 17 години служел како судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Маѓар изјави дека животот на Бака е „пример за посветеност на демократското владеење на правото и уставните начела“ и нагласи дека Унгарија мора „да се врати на патот на владеењето на правото и уставноста“.

Партијата „Тиса“ има двотретинско мнозинство во парламентот, што е доволно 73-годишниот Бака да биде избран уште во првиот круг, без поддршка од опозицијата.

Гласањето во парламентот започнува во 14 часот.

Мандатот на претходниот претседател Суљок беше скратен со уставен амандман како дел од реформите на Маѓар.

Партијата „Тиса“ на Маѓар победи на изборите во април, ставајќи крај на 16-годишното владеење на националистите на Орбан, со ветување за „промена на системот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер