Уставниот суд расправаше за измените на Кривичниот законик - Канал 5

Уставниот суд расправаше за измените на Кривичниот законик

Уставниот суд денеска расправаше за иницијативата за измените на Кривичниот законик од септември 2023 година кои вклучуваа намалување на казните за функционерите, што предизвика реакции и спротивставени мислења за уставноста на законот. 

Уставниот суд расправаше за измените на Кривичниот законик

Мнозинството од судиите сметаат дека треба да се поведе постапка бидејќи законот е штетен и има далекусежни последици, но дел од нив тврдеа дека не е во надлежност на Уставниот суд да одлучува за постапката на донесувањето на законот во Собранието.

Судијата известител, Елизабета Дуковска, образложувајќи го рефератот на почетокот од втората седница на Уставен суд, посочи дека наводите на подносителот се неосновани и предложи судот да ја отфрли иницијативата.

Таа нагласи дека и таа како граѓанин има свое мислење за штетноста на измените, меѓутоа, како што рече „кога ќе влезам и ќе ја облечам тогата постапувам како уставен судија и мојата оценка на уставноста на одреден закон е во согласност со Уставот“.

Судијката Ана Павлова Данева се спротивстави на Законот за измена на КЗ, опишувајќи го како штетен за правниот поредок на државата. Според неа, измените се лоша, непринципиелна казнена политика, закон кој е и од формално правен и од материјално правен аспект неуставен.

-Вториот аргумент зошто сметам дека мора да се поведе постапка е фактот дека ние никако не може да тврдиме дека Уставниот суд не е надлежен да цени постапка на донесување на закон во собранието бидејќи самата таа постапка е формална уставност на еден закон, рече таа.

Судијата Осман Кадриу, исто така, истакна дека постои сериозна повреда на уставноста.

-Со измените, на сторителите на овие кривични дела е дадена скриена амнестија. Тогаш се поставува прашањето, ако овие сторители кои се носители на јавните функции ги помилуваме, како тогаш треба даде постави спрема другите осудени лица и за обични кривични дела, рече тој.

Дополни дека со донесување на измените на КЗ, и така утврдената казнена политика за кривични дела сторени од носители на јавни функции се поткопуваат правните темели на уставниот поредок на земјата до степен на негово распаѓање.

-Во правниот систем на земјата е извршена правна анархија, заробено е правото, правото е во правна криза. Во прашање е правна хаварија, овој закон вака како што е донесен и со овие катастрофални последици е антитеза и спротивен со мерките што ги презема државата за борбата против криминалот и корупцијата, дополни Кадриу.

Беше концизен дека предлогот да не се поведе постапка за измените на КЗ не треба да се прифати, односно, како што рече, судот треба да се одважи да донесе правилна одлука имајќи ги предвид последиците што ги создаде и ги создава овој закон.

Според него, неприфатливо е закон што е штетен, да биде уставен и доколку одлучат да поведат постапка ќе претставува чекор напред.

Судијката Јадранка Дабиќ Анастасовска ја поддржа аргументацијата на Кадриу, нагласувајќи дека измените ги поткопуваат правните темели на уставниот поредок на земјата. Додека, за судијата Фатмир Скендер во случајот нема никаква повреда на одредбите на Уставот.

Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, изрази дијаметрално спротивно гледиште од наводите од рефератот. Според него, овој закон во целина е толку штетен што има направено непоправлива штета.

-Каква и да е нашата одлука, се сомневам дека штетите може да се поправат. Собранието го повреди политичкиот плурализам. Овој закон не е ништо друго освен покажување на моќ, ароганција. Работата на пратениците е да ги застапуваат интересите на граѓаните, кои во овој случај не се еднакви. Измените имале некаква цел, но тоа не е таа што ја бараат граѓаните, рече Костадиновски.

Судијата Добрила Кацарска потсети на нејзината изјава кога беа донесени измените дека како граѓанин, како што рече, воопшто не се согласува со вакви измени на КЗ. Според неа, постоел некаков договор помеѓу пратениците. Но, како што посочи, не смета дека Уставниот суд е оној кој треба да каже какви треба да бидат казните.

-Како судија на Уставен суд сметам дека не сум јас таа што треба да каже какви треба да бидат казните, дали Собранието ќе ги зголеми или ќе ги намали. Како е донесен овој закон, дали со европско знаменце, не е надлежност на Уставниот суд, за жал, рече таа.

Во однос на наводите дека е направена ненадоместлива штета, посочи дека вината не треба да ја бараме кај пратениците, туку, како што рече, вината е кај судиите кои дозволуваа постапките да траат пет-шест години.

Судија Татјана Васиќ Бозаџиева посочи дека измените на КЗ поттикнаа сомнеж и се создаде впечаток дека има селективна правда.

-Самата постапка која исклучува експертска јавност отворија сомнеж во намерите на законодавецот зошто без да отвори широка дискусија тој измените ги донесе во многу кратка процедура со исклучување на експертската јавност. Доколку одлучиме да се поништи, треба да размислуваме и во која насока, рече таа.

Во однос на рефератот рече дека е занаетчиски изработен но, посочи дека Уставниот суд е оној кој треба да ја оценува формалната страна на законите

-Сметам дека Уставниот суд е контролор на сите три гранки на власта, на нивното работење и дека во таа улога навистина некој треба да ја оценува формалната страна, односно постапките низ кои се донесуваат законите. Сакам да го видам Уставниот суд во таква улога. Немам никакви дилеми дека законот е штетен, рече таа.

Судија Насер Ајдари посочи дека и според него, законот е штетен и донесен е во постапка која не доликува, но, дополни дека не е во нивната надлежност да го оценуваат начинот на донесување.

-Судската пракса во тој дел вели дека не е во наш домен да го оценуваме начинот на донесувањето на законите, рече тој.

Дискусијата продолжи со аргументација за нивните мислења за доменот на нивното дејствување како и за можните последици и решенија доколку се одлучи да се поведе постапка.

Гласањето по однос на ицијативата е предвидено по завршувањето на расправата по останатите точки од денешната седница.

На 6 септември 2023 година, Собранието ги донесе измените на Кривичниот законик, кои предизвикаа реакции во јавноста, правната фела и Европската комисија. Измените ги намалија казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, што предизвика негативни реакции. Власта ги правдаше измените со усогласување со директивите на ЕУ, додека опозицијата ги сметаше за обид за амнестија на функционерите.

Во иницијативата поднесена од претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, се наведува дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот. Во иницијативата е наведено дека со овие измени една категорија граѓани се привилигирани, наспроти правосилно осудените лица кои добиваат дискриминаторски третман и за нив не важи намалувањето на казните.

Според Трајанов, расправата во Уставниот суд е задоцнета, бидејќи иницијативата е поднесена во септември 2023 година кога измените и дополнувањата на Кривичниот законик беа донесени по скратена постапка и со европско знаменце.

Во меѓувреме, Министерството за правда работи на нови измени за отстранување на штетните последици од измените од 2023 година и очекува новиот Кривичен законик да биде донесен во 2025 година. Новиот закон ќе се фокусира на унапредување на санкциите за тежок криминал и корупција, како и на заштита на човековите права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче кон Мицкоски: Избра да лажеш и да контролираш сè, владееш демагошки

„Избра да лажеш и да контролираш сè, владееш демагошки и макијавелистички“ со овие зборови претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го обвини Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Филипче кон Мицкоски: Избра да лажеш и да контролираш сè, владееш демагошки

Филипче, во директно обраќање до Мицкоски рече дека ги контролира медиумите и дека со демагошки пораки ја прикрива состојбата во која живеат граѓаните.

Како примери ги посочи изјавите на Мицкоски за нарачување текстови, за трошокот за настапот на Дејвид Гета, за македонскиот идентитет и за економијата.

„Призна дека нарачуваш текстови. Можеш да нарачуваш текст кај сакаш, кога сакаш, во било кој медиум. Но ние го знаеме тоа“, рече Филипче, осврнувајќи се на интервјуто на Мицкоски за Телма. Тој го обвини премиерот дека стои зад медиумски линчови, црни кампањи и лажни вести.

Филипче потсети дека Мицкоски тврдеше оти за настапот на Дејвид Гета нема да се потроши ниту денар народни пари.

„Следниот ден излезе 5 милиони евра народни пари за журка во оваа цела немаштија и криза во која живеат граѓаните. Исто така, една безобзирна и безобразна лага“, рече Филипче.

Тој потсети и на предизборните реклами во кои Мицкоски тврдеше дека македонскиот идентитет е продаден со Преспанскиот договор. Денес, посочи Филипче, самиот Мицкоски признава дека договорот го заштитил идентитетот.

„Трета економија сме биле во Европа. Каква трета економија?“, праша Филипче, посочувајќи на нискиот БДП по жител и на растот на цените на основните производи, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во декември два закона за полесно домување на младите брачни парови

Веќе во декември до Собранието ќе бидат доставени два специјални закони поврзани со стандардот на младите, односно младите брачни парови, за да може веќе следната година да се имплементираат. 

Мицкоски: Во декември два закона за полесно домување на младите брачни парови

Веќе во декември до Собранието ќе бидат доставени два специјални закони поврзани со стандардот на младите, односно младите брачни парови, за да може веќе следната година да се имплементираат. Двата закони се однесуваат на млади брачни парови, барем еден е до 35 години старост да може да добие станбена површина којашто ќе биде 20% поевтина од пазарната цена минатата година, и вториот закон, со којшто општините нема да наплаќаат комуналии за истата категорија брачни парови.

Првата мерка; Млад брачен пар до 35 години или најмалку еден член во таа брачна заедница да има возраст до 35 години ќе се стекне со право да користи 20% попуст на станбена површина споредено со просекот од претходната година за таа катастарска општина.

Мицкоски побарал анализа од Катастар согласно договорите.

-Анализата согласно податоците од Катастарот за првите три квартали од оваа година, бидејќи годинава ќе биде репер за цените следната година, покажуваат интересни бројки, посочи Мицкоски којшто наведе дел од нив.

-Во првите три квартали во катастарска Општина Центар, просечниот квадрат се продава по 1915 евра, толку Катастарот има заведено. Дали градежните компании продавале по таа цена или не, но толку стојат во договорот и толку платиле данок, за 1915 евра квадрат. Дваесет проценти попуст тоа значи дека следната година отприлика тој којшто ќе сака да добие дозвола за градба на станбена единица мора прво да оддели 10% станбена површина за овие луѓе коишто ги исполнуваат условите согласно законот и тогаш квадратот за нив ќе биде 1530 евра.

-Општина Карпош, просекот којшто го евидентира Катастарот е 1386 евра квадрат. Со попуст, тој би бил 1110 евра за квадрат. Тоа е цената којашто ќе треба да се плати.

-Охрид, просекот е илјада 1138 евра. Со попуст ќе биде 911 евро.

-Струмица, 751 евро, со попуст ќе биде 601 евра квадрат за брачен пар до 35-годишна возраст.

-Битола, просекот овие три квартали од оваа година е 525 евра квадрат. Катастар така го води. Со попуст ќе биде 420 евра.

-Кавадарци, просекот е 795 евра квадрат во првите три квартали од оваа година, такви се договорите пријавени во Катастар. Јас не сум градежник немам градежна компанија, но јас само замолив од директорот да направат анализа и дојдовме до овие бројки. Со попуст тоа е 636 евра.

-Гостивар, просекот е 635 евра што значи дека со попуст ќе биде 508 евра.

-Тетово, просекот е 785 евра во Катастар за овие три квартала, што значи дека со попуст ќе биде 627 евра.

-Штип, 810 евра е просекот. Со попуст ќе биде во Штип 648,5 евра за квадрат.

-Има и многу други, но ова сѐ се новоградби. Зборувам за новоградби. Ова ќе бидат цените со коишто тие коишто ќе ги исполнуваат условите да се стекнат со право да влезат во овој процес. Ќе повторам нема да може градежната компанија да добие дозвола за градба доколку уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои 10% од станбена, минимум 10%. Ова е цениме мерка за младите со којашто цениме дека тие ќе го решат своето најгорливо прашање, а тоа е домувањето, додаде Мицкоски.

Мицкоски ја образложи и втората мерка за млади брачни парови до 35 години, а се однесува за оние коишто ќе посакаат да градат куќа.

-Втората мерка, и еве испраќам порака и до ЗЕЛС и до градоначалниците да парцелизираат и да урбанизираат површина којашто преку јавно надавање, силно ги советувам да бидат со јавно наддавање едно евро квадрат, да дозволат на брачни парови коишто ги исполнуваат овие услови да можат да се стекнат со имот и да ги ослободат потоа ако градат куќа од комуналии. Цениме дека овие две мерки ќе додадат вредност врз квалитетот на живот на младите. И цениме дека на овој начин ќе се отвори еден вид ривалитет од општина во општина коишто практично ќе се обидуваат да привлечат што е можно повеќе брачни парови коишто ги исполнуваат овие услови. Па така ги повикувам и градоначалниците да размислат и овие 10% дополнително да дадат попуст и тука во делот на комуналиите коишто се однесуваат за овие брачни парови коишто ги исполнуваат овие услови, посочи Мицкоски, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики

Кој се бори за раздор а кој за напредок на државата - лидерот на СДСМ Филипче и премиерот Мицкоски ги вкрстија аргументите на пратенички прашања во Собранието. 

Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики

Алта Банка, евроинтеграциите, капиталните проекти, покачените цени. Кој се бори за раздор а кој за напредок на државата - лидерот на СДСМ Филипче и премиерот Мицкоски ги вкрстија аргументите на пратенички прашања во Собранието.

Филипче го обвини премиерот дека кога бил во опозиција ги критикувал проектите кои сега ги фали, ја задолжувал државата и немал конкретни планови за европскиот пат на Македонија.

Мицкоски му одговори дека неговите ставови се конзистентни и надвор од државата никогаш не го покажувал неединството во земјава.

По вчерашниот самит во Брисел премиерот рече дека се вратил со добри вести за дополнителните средства од Планот за раст, кои ќе се искористат за помош на ликвидноста и локални проекти.

Премиерот доби прашања и за правосудниот испит на албански јазик, брзите кредити, како и за најавените мерки за младите брачни парови.

Кажа дека веќе направиле анализи за цените на становите по општини и дека таа мерка ќе важи за новоградби, додека за изградба на куќа рече дека освен ослободувањето од комуналии, очекува од ЗЕЛС одлука во иднина да се отстапи државно земјиште за младите до 35 години да добијат шанса да купат плац по едно евро за метар квадратен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер