МакедонијаУставниот суд не обезбеди мнозинство за носење одлука по одредбите од Изборниот законик за изборното рекламирањеУставниот суд не обезбеди мнозинство при гласањето за да се прифатат иницијативите од Левица и Демократи за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање. Од Уставен соопштија дека од вкупно 9 уставни судии, седуммина биле присутни, но ги немало потребните 5 гласа ЗА, за да донесат било каква одлука и затоа по предметот ќе се гласа на некоја од следните седници. Подносителите во иницијативите наведуваат дека оспорените одредби промовираат дискриминаторски пристап за помалите партии, додека четирите најголеми партии-по две од власта и две од опозицијата добиваат привилигиран пристап до медиумите и државните средства, а останатите се потполно исклучени. Судијата известител Осман Кадриу предложи да се поведе постапка за двете иницијативи и да се оценуваат спорните одредби со аргументи дека изборната регулатива што се оспорува е штетна, противуставна и непропорционална, а помалите партии се дискриминирани за разлика од поголемите кои се привилигерани. Поддршка дадоа и претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, судијките Ана Павловска Данева и Добрила Кацарска, иако имаше забелешки за неговата содржина. - Сметам дека оспорувањето е основано, прави градација помеѓу политичките партии на тој начин што за поголемите партии предвидува привилегиран пристап до медиумите и до државните средства за рекламирање. На помалите партии на дискриминаторски начин им се оневозможува фер начело во изборната кампања за сите видови на избори што ги имаме, локални, парламентарни и претседателски. Оваа дискриминација се забележува посебно во нееднаквиот пристап и во можностите во изборните процеси на сите политички партии, изјави Кадриу. – За плурализмот од суштествено значење е резултатот од слободните и демократски избори да биде резултат до кој е дојден низ еден процес во кој сите засегнати имале еднакви и фер шанси да ги понудат своите политички понуди. Дали со овие норми е тоа така направено? – Апсолутно, не. – изјави Костадиновски. – И во овој модел на пропорционално плаќање и претставување треба да постои еднаквост, можност за сите, а сообено ако ОБСЕ тврди дека се исклучени одредени политички субјекти, тоа веќе зборува и за дискриминација и нееднаквост, изјави Павловска-Данева. За разлика од овие ставови, дел од уставните судии се изјаснија против поведување постапка за иницијативите, а меѓу нивните аргументи беа дека на таков начин ќе се појави правна празнина за политичкото рекламирање, а Уставниот суд пред три години одлучувал по истите оспорени членови и веќе се произнел со неповедување постапка. Сметаат дека Собранието, а не Уставен е надлежно за промена на спорните законски решенија. -Со оглед на тоа дека во услови кога тешко се постигнува консензус за измени и дополнувања на новиот Изборен законик со евентуалното потенцијално наше носење на одлука за поведување постапка, подоцна и за укинување на тие решенија ние ќе оставиме ден простор којшто нема да биде регулиран и во недостиг на законски одредби всушност нема да постои според мене платеното политичко рекламирање, изјави судијката Татјана Васиќ Бозаџиева. -Судот ќе ги отфрли овие иницијативи ако за ова веќе одлучувал, а не постојат основи за поинакво ослучување, изјави судијата Насер Ајдари, а со сличен став беше и Фатмир Скендер. Од Левица денеска предупредија дека евентуалното отфрлање на Иницијативата би значело легализирање на нерамноправните услови за учество на изборите и опасен преседан за политичкиот плурализам. Според нив Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик, а проблемот велат не е во финансирањето, туку во тоа што на Левица ѝ е оневозможен еднаков пристап до медиумскиот простор за време на изборната кампања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегналеУбиено е 26 годишно момче во Чаир , потврдија од Министертвото за внатрешни работи. Настанот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути во СВР Скопје во близина на раскрсница помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и ,,Војдан Чернодрински“ во Скопје. Пред излог на фирма стоеле 5 лица на возраст од 24 до 36 годишна возраст сите од Скопје, кога до нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил 26 годишниот А.М. кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Тагови: Убиство Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДен на жалост во Непал, потрагата по преживеаните продолжуваНепал денес одбележува ден на жалост во спомен на загинатите во поплавите од 26 август, при што владините канцеларии ги спуштаат знамињата, а членовите на семејствата ги завршуваат ритуалите за жалост.Денес е 13-тиот ден од поплавите во кои загинаа повеќе од 1.300 луѓе во Непал и Тибет, а околу 5.000 се водат како исчезнати, вклучувајќи странци, според агенцијата за управување со катастрофи на Непал, објавува Асошиејтед Прес. Во Непал, каде што Хиндусите го сочинуваат мнозинството од населението, периодите на жалост траат 13 дена, во кои блиските членови на семејството остануваат дома, а роднините ги посетуваат за да им оддадат почит. На последниот, или 13-ти, се одржуваат ритуали за молитва за душите на починатите. Неколку лица чии членови на семејствата сè уште се водат како исчезнати одржаа симболични погреби со ритуали за жалост. Владата претходно го прогласи понеделникот за ден на официјална жалост и сите канцеларии ќе ги спуштат знамињата на половина копје. Во Катманду, членови на семејствата се собраа во близина на канцелариите на премиерот и клучните министерства за да побараат од владата да го забрза спасувањето на стотици луѓе кои работеле во хидроелектраните и биле однесени од реката Ботекоси или закопани под урнатините. Потрагата сè уште е во тек Потрагата по стотици луѓе кои сè уште се водат како исчезнати продолжува. Спасувачите извлекоа еден Кинез од електраната во саботата, а двајца непалски работници беа спасени од електраната во петокот. Спасувачките напори се повеќе се фокусираат на 12 хидроелектрани, каде што околу 900 работници се водат како исчезнати, а се верува дека околу 500 се заробени во различни тунели, соопштија властите. Специјализирани спасувачки тимови од Индија, Кина, Јужна Кореја и САД пребаруваат низ урнатините, оштетените згради и тунелите, надевајќи се дека ќе пронајдат преживеани. Извор: Б92Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook