Во четврток почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, се соочува со казна доживотен затвор
1Во четврток почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, се соочува со казна доживотен затвор
1Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
МакедонијаУставен нема одговор зошто осум години нема одлука за преименувањето на училиштата во Чаир Осум години Уставниот суд ја чува во фиока Инцијативата за оценка на уставноста на преименувањето на четирите училишта во Чаир. Судот е без образложение зошто откако еднаш судијата известител Јован Јосифовски ја повлече од дневен ред во 2014та кога на чело на судот беше Елена Гошева, повторно не ја стави на маса. Извори од судот брифираат дека дали ќе се најде на дневен ред зависи од претседателот на судот, во случајот Сали Мурати, и судијата известител. Но засега нема најава дека тоа би се случило наскоро. Лидерот на социјалдемократите и екс премиер Зоран Заев откако го промени ставот дека процедурата за промена на училиштата во Чаир била запазена денеска образложи зошто според партијата преименувањето било законско и советниците од СДСМ поддржале. Од ВМРО ДПМНЕ ретерирањето на Заев го оценија како додворување на одредена група гласачи. Промената на имињата на училиштата е внесена во Централниот регистар и веќе е готова работа. Можност, преименувањето да се ревидира ќе има само во случај ако Уставниот суд ја разгледа и ја прифати иницијативата од Инспекторатот за локална самоуправа уште во 2012 година, со која се бара толкување – дали е потребен Бадентер при гласање за промена на имињата.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо четврток почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, се соочува со казна доживотен затворНа обвинителна клупа во четврток седнува 25-годишниот сериски убиец од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Судењето ќе се одржува во Основниот суд Куманово, каде ќе се расплетува случајот што ја вознемири јавноста, откако по неколкумесечна истрага беа откриени низа тешки злосторства. Од Обвинителството информираат дека бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, на обвинетиот му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Според обвинителниот акт, делата ги извршил од ниски побуди, со намера да ги задоволува своите полови страсти врз мртви женски тела. Првото убиство, според обвинението, го извршил ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце. Влегол во домот на повозрасна и немоќна жена додека таа спиела, ја нападнал и почнал да ја задушува. Од здобиените повреди и неможноста да дише, жената починала. Неколку месеци подоцна, во периодот меѓу 5 и 7 јуни 2025 година, во селото Драгоманце, според обвинителниот акт, на сличен начин го извршил и второто убиство. Повторно жртва била повозрасна жена. Третото убиство, според Обвинителството, го извршил во ноќта меѓу 17 и 18 јануари 2026 година во Старо Нагоричане. И во овој случај, обвинението тврди дека жртвата била нападната и усмртена на сличен начин. Само неколку недели подоцна, во ноќта меѓу 5 и 6 февруари 2026 година во Челопек, обвинетиот, според обвинителниот акт, лишил од живот уште една повозрасна и немоќна жена. Во меѓувреме, според обвинението имало и 2 обиди за убиство со умисла, еден лани и еден годинава, двете во село Челопек, но жртвите успеале да се спасат.. Случајот почна да се расчистува на почетокот на годинава, по неговото последно убиство. Првично истрагата се водеше за едно убиство, но по дополнителни криминалистички истражувања и ексхумации беа откриени и останатите жртви. Дополнително, Обвинителството ја проверува и евентуалната одговорност на полициски службеници и лекари, откако дел од смртните случаи претходно биле евидентирани како природна смрт, без да биде извршена обдукција. Според истрагата, токму тоа оставило простор обвинетиот да продолжи со извршување на делата, се до неговото откривање и апсење. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ЗдравјеКлековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптекитеКлексанот од 1 јули е на позитивната листа со уште два лека антикоагуланти „надопарин“ и „ривароксабан“ кои се достапни во аптеките, соопшти првиот човек на фондот Сашо Клековски. Тој потендира дека двата лека кои чинат од 1.100 денари до 2.700 денари во зависност од дозата се достапни си партиципаија од 160 до 240 денари и еден од брендовите ќе биде без доплата. Осигурниците имаат право да го изберат лек и без допалта. Изјава Сашо Клековски „Третиот антикоагулант, ‘ривароксабинот’, е за првпат на позитивна листа. Тој досега се движеше во рангот од 2.000 до 2.200 денари. Сега ќе биде достапен за партиципација од 160 денари. Во почетниот период ќе има доплата од 105 до 505 денари во зависност од дозажата и бројот на таблети. Во најчесто користената дозажа, тоа се 10 милиграма по 30 таблети, заштедата на граѓаните ќе биде 1.752 денари. Од 1 јануари 2027 овај лек ќе биде достапен без доплата, само со партиципација“, кажа Клековски. Доколку има проблем и од аптеките не ги издаваат лековите за што се жалат граѓаните дека им било кажано дека ги нема, веднаш да пријават во фондот, поради интерноста на аптеките од 1 до 15 јули ќе се прифаќаат рефундации за антикоагулансите. Клековски е кандидат за нов министер за здравство една од задачите е со идниот директор на фондот за здравство, Златко перински, ќе работат на усогласување за следните лекови на позитивна листа, меѓу кои ќе има за хронична опструктивна болест, за астма, за синдромот на хронична бубрежна инсуфициенција, дијабетeс, срцеви слабости. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПехчево остана без ниту една банка – жителите мора да патуваат до соседните Берово и Делчево Во Пехчево, подигнувањето на плата и пензија или плаќање на сметки веќе не е нешто што се врши за неколку минути, туку за истото треба да се одвои еден цел ден за да се отпатува до Берово на 10 или до Делчево на 30 километри.Во Пехчево, подигнувањето на плата и пензија или плаќање на сметки веќе не е нешто што се врши за неколку минути, туку за истото треба да се одвои еден цел ден за да се отпатува до Берово на 10 или до Делчево на 30 километри, оти градот остана без ниту една банка. Особено е тешко за повозрасните, кои се најбројни во општината, а единствениот банкомат кој го има во градот, почесто е празен, па, тие зависат од туѓ превоз, кој е редок, а со тоа имаат и дополнителни трошоци. Жителите кои се свесни дека градот е под сериозен удар од „Белата чума“ и се повеќе се празни, за Канал 5 велат дека не исчезнаа само банките, туку и чувството дека државата обезбедува еднаков живот за сите. Стравуваат дека набргу ќе останат и без Итна медицинска помош. -Многу е комплицирано, возрасен човек, соочени се со здравствени проблеми, соочени се со потешкотии во движење, немаат возила, нема такси, нема автобуси, голем проблем е тоа. Претежно од Источна Македонија се селат во странство, но тоа не значи дека тие што сме останале тука, што сме останати дека не треба да ги имаме основните услови за живот, банка или брза помош, еве се зборува дека, имаме брза помош, зе зборува дека и неа ќе ја затворат. - Герасим Станоевски – Жител на Пехчево Загриженоста е оправдана и се работи на надминување на состојбата, вели градоначалникот на Пехчево – Китански. Што се однесува до итната медицинска помош, уверува дека проблемот е надминат. Општината според последниот попис имаше речиси 4.000 жители, но жителите сметаат дека градот е дополнително поиспразнет, недостасуваат се повеќе млади. -Во претходниот период стапив со неколку банки во контакт веќе, има добро расположение, имаме позитивно влијание за отворање на нови експозитури на други банки, а во последниот период сме веќе во сериозни преговори со една поголема банка од Македонија за отворање на канцеларија или експозитура во Пехчево. За да функционираш како градче сепак треба да ги имаш основните услови, а тоа е предуслов младите да се задржат, ако ги немаме основните услови за живот, како ние би влијаеле да останат.- Александар Китановски – Градоначалник на Пехчево Несоодветно здравство и образование, правна несигурност и егзистенцијата задираат секаде, па и во Пехчево, системските фактори се причините поради кои си одат и оние со повеќе пари – вели вели поранешниот директор на заводот за статистика – Апостол Симовски. Алармот одамна одекна, додава Симовски, кој решението го гледа во ЕУ, а не во краткорочни мерки за наталитет. -Некаде до 2070 година, Македонија може да остане со не повеќе 1,5 милиони жители, но читав конкретно и една проекција на ОН која вели дека до 2050 година Македонија може да има само милион жители, ова се страшни податоци кои треба да не загрижат и треба час поскоро треба да се свестиме дека мора да се делува. Мерки во смисол на стимулирање на наталитет можат да дадат краткорочен ефект, но генерално се покажале секаде неуспешно, па и кај нас имавме стратегија, суштината е во менувањето на услови, тоа е она што младите го сакаат и заради што би останале дома.- Апостол Симовски – Поранешен директор на Државен завод за статистика Според последните проценки на државниот завод за статистика, земјава и натаму е со негативен природен прираст од неколку илјади луѓе годишно, односно, во Македонија повеќе луѓе починуваат, а помалку се раѓаат. Ова според експертите, се припишува и на тоа што младите си одат, а со себе го носат и наталитетот во други земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter