Успешен 11. пробен лет на „Старшип“ на „Спејс-Икс“ - Канал 5

Успешен 11. пробен лет на „Старшип“ на „Спејс-Икс“

„Старшип“ на „Спејс-Икс“, најголемиот некогаш изграден ракетен систем, го заврши својот 11. пробен лет, во голема мера како што беше предвидено, соопшти синоќа приватната вселенска компанија.

Успешен 11. пробен лет на „Старшип“ на „Спејс-Икс“

Ракетата полета од местото за лансирање на компанијата во американската сојузна држава Тексас, накратко влезе во Вселената и се распрсна во Индискиот Океан околу еден час подоцна. Долната фаза на леталото слета во морето како што беше планирано, а распоредувањето на сателитите беше симулирано за време на летот. „Спејс-Икс“, предводен од технолошкиот милијардер Илон Маск, ја опиша мисијата како „возбудлив пробен лет“, додавајќи дека ќе се користи и подобрена верзија на „Старшип“ за следниот пробен лет.

Ракетата „Старшип“, повисока од Статуата на слободата во Њујорк, се состои од два дела што се одвојуваат по лансирањето: Тоа се приближно 70-метарскиот „супертежок бустер“ и 50-метарската горна фаза. И двата дела се направени да бидат повторно употребливи по враќањето на Земјата.

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА планира да го користи „Старшип“ за превозот на астронаути на Месечината, додека „Спејс-Икс“ предвидува и евентуални мисии на Марс. „Старшип“ првпат беше тестиран во април 2023 година, но тој лет заврши со експлозија неколку минути по лансирањето. Последователните пробни летови овозможија горната фаза да стигне до Вселената и да слета на контролиран начин во Индискиот Океан, иако неколку претходни летови не ги исполнија очекувањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. 

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. Од четирите водечки кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, Црна Гора е апсолутниот првенец, додека Украина постигнала голем напредок во последните два месеци, оценија Кос и министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

-Со нашите предводници - Молдавија и Украина, ќе го отвориме кластерот 6. Се однесува на надворешните односи на двете земји. Исто така, станува збор за соработка во одбраната и справувањето со хибридните закани. Двете земји ќе придонесат кон европската безбедносна структура. Ова е пресвртница за Албанија со почетокот на затворањето на поглавјата и секако за нашиот фаворит, првенецот Црна Гора, со денес уште едно затворање на две поглавја вкупно 18 од 33, што значи повеќе од половина,- - Марта Кос Еврокомесарка за проширување.

Овој „Супер вторник„ е знак до земјите кандидатки дека Унијата е подготвена за проширување, изјави ирскиот министер – Томас Бирн. Тој како и Кос порачаа дека проширувањето останува меритократски процес.

-Самиот денешен ден „Супер вторник„ како што го нарекуваме - најмногу конференции за пристапување од 2002 година, само по себе гради импулс што луѓето ќе го видат во земјите-пристапнички дека постои Европска Унија. Дека земјите-членки се подготвени да го движат тој процес напред, подготвени да го остварат, и дека нашите земји-членки и нивните системи почнуваат да се подготвуваат со уште поголема итност отколку што веќе покажаа во овој процес. Затоа мислам дека ќе продолжиме да го движиме ова напред,- -Томас Бирн, министер за европски прашања и одбрана на Ирска.

Иако соседна Србија не доби зелено светло од Брисел за отворање на третиот кластер, според еврокомесарката Кос, Белград испраќа сигнал дека е подготвен за поголемо стратешко усогласување со Унијата. Неколку земји членки се против напредокот на Белград, поради невоведувањето санкции кон Русија и заостанување во владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот инспекторат за транспорт доби нови возила и опрема вредни 700.000 евра

Осумнаесет нови возила, донација од ЕУ, беа промовирани денеска, а кои се за потребите на државниот инспекторат за транспорт.

Државниот инспекторат за транспорт доби нови возила и опрема вредни 700.000 евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија, посочувајќи дека сега вработените ќе може да ги има на секоја точка од државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставен одговори на протестот на ДУИ за преименуваните улици во Тетово

Груба политизација со апрсурдни и бесмислени напади упатени кон Уставниот суд...

Уставен одговори на протестот на ДУИ за преименуваните улици во Тетово

Вака првиот човек на Уставен Дарко Костадиновски го оцени протестот организиран од ДУИ поради преименувањето на улиците во Тетово, кои беа укинати со одлука на судот. Порача дека ваквите протести се насочени против владеењето на правото, а нападите од партиите за работата на судот кои како што посочи Костадиновски траат од почетокот на неговиот мандат ги смета за комплименти и смета дека тие се доказ дека Уставен добро си ја врши работата. Порача дека судот ја донел одлуката во во законски пропишана постапка.

Уставниот суд како што најави Костадиновски наскоро ќе постапува по иницијативата за намалените плати на јавните обвинители. Според него нивните примања треба да бидат усогласени со нивниот статус, обврски и должности. За ниската доверба во правосудството Костадиновски прстот го впери во дел од обвинителите и судиите но и во извршната власт и нејзината супериорна надмоќ на над другите власти, како и во ниската политичка култура.

За начините на зајакнување на довербата во правосудството ќе се разовара и на меѓународна конференција на Балканскиот форум на уставни судии со кој во измнатата година претседава македонскиот уставен суд, а на која ќе бидат споделени искуствата авта од над 30 уставни судови. Конференцијата ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Охрид.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер