Митева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш
2Митева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш
3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
МакедонијаУСЈЕ ќе плати до 200.000 евра казнаДоколку и натаму загадува може да се соочи со одземање на дозволата.На 7 февруари ќе се спроведе спогодување за висината на цената која Цементарница УСЈЕ ќе ја плати како казна за загадување на амбиенталниот воздух. Висината на казната може да изнесува до 180.000 до 200.000 евра, а предвидена е и казна за управителот од 10.000 евра. Казната УСЈЕ ќе ја плати согласно прекршочната пријава на Државниот инспекторат за животна средина. Компанијата по интервенцијата на ДИЖС веднаш премина на греење од мазут на гас, постапувајќи по решението на Инспекторатот, од каде за МИА велат дека во ваквите случаи според закон е предвидена прекршочна пријава, која доколку субјектот не ја испочитува се преминува кон кривична и кон постапка за одземање на дозволата. Инспектори од Град Скопје и од ДИЖС направија вонредни контроли во УСЈЕ при што утврдиле големо надминување на прагот на ПМ честичките кои предизвикуваат загадување на амбиенталниот воздух, за што градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, пак, поднесе кривична пријава. На прес-конференцијата што се одржа на 12 јануари Арсовска изјави дека е регистрирано големо загадување во Цементарница УСЈЕ, но не наведе конкретни детали, по што од компанијата веднаш ја демантираа нагласувајќи дека нема отстапувања во параметрите кои се однесуваат на производниот процес, туку дека е регистирано надминување кај парниот котел што во тој период работи на мазут. Имено, таа на тогашната прес-конфернеција посочи дека мерењата се извршени во два наврати и тоа на 26 и 27 декември минатата година и 3 и 4 јануари годинава. – Во двата наврати измерени се огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици кои го загадуваат и нарушуваат квалитетот на амбиенталниот воздух. Конкретно, во месец декември минатата година, измерени се три пати повеќе ПМ10 честички кои се испуштаат во атмосферата, а слични резултати добивме и при мерењето кое е извршено на почетокот на овој месец. Станува збор за испуштање на три пати поголеми количини од дозволените, на метар кубен секој час, потенцираше тогаш градоначалничката. Според мерењата наместо дозволениот максимум од 50 микрограми на метар кубен, од оџакот се испуштале 121 микрограми на метар кубен на секој час. Забележано било и зголемен испуст на азотни оксиди за најмалку двапати, односно наместо дозволените 350 милиграми на метаркубен, се испуштале 711 милиграми на метар кубен секој час. По поднесувањето на кривичната пријава и информациите кои излегоа во јавноста, побаравме став од директорот на ДИЖС Сретен Стојковски, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, како и од Цементарница УСЈЕ. Стојковски за МИА нагласи дека Инспекторатот постапил согласно законот како и во претходните такви случаи, односно дека е поднесена прекршочна пријава со што се бара спогодување за казна од трета категорија за што паричниот надомест е во висина од 180.000 до 200.000 евра, како и казна за управителот од 10.000 евра. Исто така за УСЈЕ е издадено и решение со кое се предвидува компанијата да прекине да користи мазут за загревање, односно повторно да се користи гас. Тој додаде дека на 7 февруари ќе се спроведе спогодување со цел да се утврди казната. – Во Цементарница УСЈЕ преминаа на греење на гас. Во тек се мерења на двата котели што ги користат за загревање и се прават мерења на сите емисиони точки во Цеметрницата. Така да за наредната недела, за 7 февруари е закажано спогодувањето при што е предвидена санкција до 200.000 евра. На спогодувањето ќе ја дадеме документацијата со којашто располагаме и мерењата. Од компанијата ќе ги кажат нивните аргументи и комисијата ќе донесе одлука во однос на висината на казната за Цементара и за управителот на фирмата. За управителот казната е 10.000 евра, наведе Стојковски. Во однос на кривичната што ја поднесе Арсовска, Стојковски посочи дека не може да ги коментира постапките и изјавите на градоначалниката, но нагласи дека согласно Законот за тој прекршок до сега кај различни правни субјекти поднесувале барање за спогодување за казна од трета категорија за што санкцијата се движи од 180.000 до 200.000 евра. – Тие треба парично да платат и имаат обврски согласно решението што го издал државниот инспектор за животна средина, си имаат преземено обврски по кои треба да постапат, а доколку не постапат по истите ќе покренеме и кривична постапка и постапка за одземање на дозволата, потенцираше директорот на ДИЖС. Тој образложи дека во случаи, како што е случајот со УСЈЕ прво се оди на спогодување, а потоа на спроведување на решението и доколку уште еден пат се случи Цементара УСЈЕ повторно да направи такво загадување тогаш се покренува кривична постапка. – Не може прво кривична постапка каде што во Законот е предвиден прекршок за тоа нарушување на животната средина. Точно конкретно е напишано за кој прекрошок каква казна следува, додаде Стојковски. Министерот Нуредини во изјава за МИА, дециден дека сите инсталации кои имаат А Интегрирана дозвола мораат да работат во рамки на она што е пропишано со неа. – Сите инсталации во државата мора да почитуваат законите и дозволите коишто тие ги добиваат од наши стручни лица во Министерството. Ако употребуваат нешто што не било предвидено во дозволата, треба да си ги сносат последиците, нагласи Нуредини. Тој посочи дека откако е дојде на функција постојано зборува за промена на начинот на греење, односно за исфрлање на мазуот од употреба. Тој истакна дека тоа е стратегија на државата. Министерот додаде дека во неговиот мандат е променет и Законот за казни за прекршоци кои се однесуваат на загадување на амбиенталниот воздух, односно дека е зголемата висината на казната. Претходно, највисоката казна за загадувачите изнесуваше 90.000 евра, сега истата може да достигне до 200.000 евра. Нуредини посочи дека со новиот Закон за индустриски емисии сите правни субејкти кои поседуваат А – Интегрирана дозвола ќе бидат задолжени да поднесуваат извештаи за часовни мерења на емисиите. Од УСЈЕ за МИА нагласија дека како одговорна компанија веднаш ги имплементирале препораките на ДИЖС. Од компанијата посочија дека е направена замена на енергентот во котларата за загревање на просториите, каде повторно се користи природниот гас. – УСЈЕ работи согласно пропишаната регулатива и ние во тие рамки ќе продолжиме со законски утврдената постапка за утврдување на состојбите и согласно на тоа прифаќање на мерките што ќе произлезат од истата. Нашата компанија веднаш ги имлементираше мерките што ги наложи ДИЖС, но останува фактот дека многу институции и приватни субјекти во Скопје користат мазут, а досега не сме информирани дека кај нив е направена контрола, ниту пак знаеме каков е ефектот од нивното работење врз околината. За жал, целата ситуација беше искористена во политички цели и бевме обвинети за состојби, кои се целосно невистинити и не се поврзани со нашето работење, истакнаа од Цементарница УСЈЕ. Оттаму потенцираа дека сите активности во УСЈЕ се одвиваат под независен 24-часовен мониторинг систем од германскиот производител SICK, кој е калибриран и контролиран од овластени независни надворешни компании. – Овој монтиторинг континуирано ги мери емисиите, а нема никакви можности за какви било влијанија врз него. Имено, во индустријата е познато дека производниот процес се одвива во строго определен режим и на него не може да се влијае. Тоа го потврдуваат фактите и научните истражувања и овие аспекти можат да се проверат. Таквите проверки потврдуваат дека УСЈЕ со својата работа не придонесува за состојбите со амбиенталниот воздух во главниот град, потенцираа од УСЈЕ. Од компанијата неведоа дека поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, од окотомври минатата година за загревање на просториите се употребувал мазут. – На крајот на октомври 2022, веднаш по пуштањето на котелот во работа, на барање на Цементарница УСЈЕ, акредитирана лабораторија направи контролни мерења на емисии во воздухот при работа на котелот со мазут, а резултатите од мерењата беа во рамки на Граничните Вредности на Емисии (ГВЕ). При вонредната контрола од страна на Инспекторат, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата, при нестабилна работа на котелот (температура и проток на гасови). Сакаме да потенцираме дека се работи само за еден параметар кој е над дозволените граници, потенцираа од УСЈЕ. По сите случувата од Цементарница УСЈЕ секојдневно информираат за измерените параметри. Скопје со години се соочува со висок праг на загадување на амбиенталниот воздух, особено во зимскиот период од годината. Според властите едно од трајните решенија за проблемот е промена на начинот на греење, односно изградба на гасовод./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаЕден загинат во страшно невреме во Шпанија, најмногу е погоден регионот околу Барселона (ВИДЕО)Едно лице загина откако силни бури ги погодија областите околу Барселона и Валенсија на шпанскиот медитерански брег, предизвикувајќи поплави и проблеми со сообраќајот.Мажот беше однесен заедно со својот автомобил додека се обидуваше да премине мал поток во близина на Оливела, југозападно од Барселона, соопштија пожарникарите. Спасувачките екипи го пронајдоа неговото тело неколку часа подоцна. Шпанскиот весник „Ла Вангардија“ објави дека станува збор за британски државјанин кој живеел во областа. Heavy rain and flash flooding hit Valencia and the Barcelona area on Wednesday night, prompting emergency alerts, road closures and disruption to metro, rail and airport operations. In Valencia province, downpours of 80–100 mm in under two hours flooded streets in Torrent, Chiva, l’Eliana and parts of the city. The metro was suspended, Valencia airport closed for about an hour with flights diverted, and authorities issued an ES-Alert warning residents to stay away from ravines — including the Barranco del Poyo, the same waterway that overflowed in the 2024 disaster. No fatalities have been reported so far. South of Barcelona, similar storms triggered a red weather warning and an ES-Alert. Roads and metro lines were affected, flights were cancelled at El Prat, and a hospital basement flooded. One man died after being swept away in a ravine in Olivella (Garraf). The episode comes nearly two years after the October 2024 floods that killed more than 220 people in the Valencia region. — Vitamvivere (@Vitamvivere) September 17, 2026 Во среда, до 80 литри дожд на квадратен метар наврнаа за само неколку часа во областа околу Барселона. Уште пообилни дождови ја погодија Валенсија и околните области, каде што наврнаа до 100 литри дожд на квадратен метар. Летовите беа откажани, а локалниот сообраќај беше прекинат и во Барселона и во Валенсија. Патиштата во североисточна Шпанија се претворија во порои, а подрумите беа поплавени. Ветрот корнеше дрвја, а натпревар е откажан Налетите на ветер достигнаа брзина до 100 километри на час и корнеа бројни дрвја. Поради бурата, фудбалскиот натпревар од првата лига мораше да биде откажан. Патиштата беа поплавени и во регионот Мурсија. Во октомври 2024 година, регионот Валенсија беше погоден од една од најлошите поплави во историјата на Шпанија, при што загинаа најмалку 229 луѓе и беше предизвикана штета од милијарди евра. Националната метеоролошка служба на Шпанија, AEMET, предупреди дека сè потоплото Средоземно Море, поврзано со климатските промени, може да доведе до почести екстремни врнежи.Тагови: БАРСЕЛОНА Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМитева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитирашГледам дека Оливер Спасовски денеска од собраниска говорница ми го спомнувал името и правел политички конструкции чија цел е моја политичка дискредитација и ништо друго.Знам дека собраниската говорница носи комоција и немање одговорност за изнесени ставови и ти дава комфор да искажуваш тешки квалификации, но би било храбро да го повториш тоа што го кажа денес надвор од таа говорница, со таков скандалозен наслов како што сте си го објавиле на youtube каналот на СДС. Повтори дека некој фалсификувал документи за да ме спаси мене. Или дека имало намера, насока или било каква интервенција од мене некој да направи нешто спротивно на закон за да ме „спаси“. Кажи го тоа директно. Со име и презиме. И со доказ. Затоа што никогаш не сум барала од кого било да ме „спасува“. Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш. Знаеме сите дека СДС има искуство со вакви конструкции. Долго време бевте на чело на систем во кој политичките приказни, инсинуациите и „оперативните“ конструкции се користеа како средство за пресметка со политички противници. И кога веќе толку лесно зборуваш за „фалсификување“, редно е да се потсетиме и на времето кога беше министер за внатрешни работи и кога се откри скандалот со група полициски службеници вмешани во издавање 214 пасоши на странски државјани под туѓ идентитет, меѓу кои, имаше и лица поврзани со меѓународни криминални групи. Затоа, Спасовски, помалку конструкции од говорница со моето име во нив, објави на ФБ Марија Митева, портпарол на Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ТенисРафаел Надал се враќа на терените Рафаел Надал ќе се врати на теренот по речиси две години.Еден од најдобрите тенисери на сите времиња се пензионираше во 2024 година, а сега ќе излезе на теренот во својата академија во Мајорка. Причината е десетгодишнината што ќе ја прослави неговата академија, а Надал ќе биде на терен на 3 октомври. Како што пишуваат шпанските медиуми, Надал ќе одигра неколку егзибициски мечеви против пријатели и ривали, но во нив нема да настапи Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на сите времиња веќе потврди дека ќе игра на АТП 500 турнирот во Пекинг. Сепак, тоа не значи дека Роџер Федерер нема да се појави на изложбата, а познато е дека Надал и Федерер се во многу добри односи. Списокот на играчи кои ќе учествуваат ќе биде објавен подоцна. Шпанецот го одигра последниот меч во кариерата на завршниот турнир на Дејвис купот 2024 година во Малага и загуби од Ботик ван де Зандшулп.Тагови: Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook