Уште три земји останаа за Протоколот за НАТО, Франција ќе го заврши најдоцна на почетокот на декември

Уште три ратификации ја делат Македонија од полноправно членство во НАТО. Дваесет и шест земји, меѓу кои и САД, дадоа зелено светло земјава да се приклучи во Алијансата.

Останува тоа наскоро да го сторат уште Франција, Холандија, и Шпанија. Вчера попладне Парламентот на Исланд го ратификуваше Протоколот за нашето членство во НАТО, што е 26-та ратификација.

Францускиот Сенат минатата недела го усвои во прво читање предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Останува документот да биде ратификуван и од Националното собрание при второто читање.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вчера на прес-конференцијата што ја свика за да одговори на прашања на новинарите по француското „не" за одлука за почеток на преговорите со Македонија и со Албанија на Самитот на ЕУ, рече дека ратификација е во тек и процедурата треба да биде завршена до крајот на ноември или на почетокот на декември.

– Процесот на ратификација го следи својот тек, нема никаков проблем во однос на тоа затоа што двата дома на Парламентот се брзи, но последната етапа треба да се случи на 21 ноември. Финалниот инструмент за ратификација, односно конечниот завршок на процесот се случува во Вашингтон, во согласност со Вашингтонскиот договор, во текот на јануари. Тоа значи дека нашите процедури ќе бидат завршени до крајот на ноември или на почетокот на декември, рече амбасадорот Тимоние, прашан дали е можен уште еден шок од Франција и во однос на НАТО и евентуално непотпишување на протоколот за прием во Алијансата отфрлајќи секаква можност за тоа.

Американскиот Сенат во вторникот со 91 глас „за" и два против ја усвои Резолуцијата за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Државниот секретар Мајк Помпео порача дека усвојувањето на Протоколот за влез на Македонија во НАТО во Сенатот ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност и претставува важен чекор напред во напредокот на земјата кон членство во Алијансата.

– Силно ја поддржуваме определбата на Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Гласањето ја реафирмира постојаната определба на Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО, се вели во изјавата на Помпео.

Очекувањата беа дека Протоколот наскоро ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки и со тоа приемот на земјава ќе може да се официјализира пред Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Засега е неизвесно дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку сè помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји сојузници во Алијансата, Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

По завршувањето на ратификацијата во сите земји членки, Протоколот треба да биде ратификуван и во Собранието на Македонија, со што земјата станува 30-та членка на НАТО./МИА

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

притисни ентер