3СДСМ Повторно поскапување на горивата – според Мицкоски граѓаните „нема да го почувствуваат“ бидејќи сме „трета економија во Европа“
АвтомобилизамУште еден голем европски град ја ограничува брзината на 30 км/чФранцускиот град Лион планира од пролет 2022 да ја намали максималната дозволена брзина за возилата од 50 на 30 километри на час.Лион со тоа ќе им се приклучи на останатите големи градови во Франција, вклучувајќи ги Париз и Лил во поглед на ограничувањето на брзината на движење на автомобилите. Градоначалникот на овој град вели дека ограничувањето од 50 км/ч ќе се задржи само на некои главни сообраќајници. Според неговите зборови, целта на оваа промена е спречување на сообраќани незгоди во градот. Инаку од крајот на август ново ограничување на брзината има и во голем дел од Париз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПочина Ведрана Рудан: Хрватската писателка ја загуби битката со ракотХрватската писателка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, објавија хрватските медиуми. Тажната вест ја потврдиле извори блиски до писателката, откако на нејзиниот официјален профил на Фејсбук била објавена кратка, препознатлива порака од администраторот дека таа „се преселила на место без сигнал“. На нејзината официјална страница на Фејсбук се појавила мистериозна објава: „Ведрана замина на место без сигнал.“ Се бореше со рак Ведрана Рудан, хрватска писателка, новинарка, колумнистка и активистка, во почетокот на мај 2024 година објави дека боледува од рак. „Мојот рак е ебено редок, се вика рак на жолчните канали, ми се чини. Не ја прочитав ниту отпусната листа, ниту типот, ниту прогнозите на интернет. Сепак, некаде прочитав дека од првите симптоми до смртта имаш дури три месеци за да го изневериш сопругот, да ги лишиш децата од наследство или љубовникот да го испратиш по ѓаволите. И не е некој рок. Само 5 отсто од среќниците можат да бидат оперирани. Јас сум меѓу нив“, напишала тогаш Рудан. Таа навела и дека најпрво отишла во Света Недела на радиохирургија, каде што туморот бил третиран пред операцијата.Тагови: Ведрана Рудан писателка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХари Кејн: „Сега е вистинското време за преговори за продолжување на договорот со Баерн М.“Капитенот на Англија и напаѓач на Баерн, Хари Кејн, вчера се врати на групните тренинзи на баварскиот гигант по одморот што уследи по Светското првенство.По тренингот на првата средба со новинарите најдобриот стрелец на Баварците, зборуваше за преговорите за продолжување на договорот и за кандидатурата за „Златната топка“. Актуелниот договор на Кејн со Баерн истекува на крајот од сезоната 2026/27, па англискиот голгетер потврди дека наскоро ќе започнат преговорите за продолжување на соработката. „Јасно ставивме до знаење дека сакаме да разговараме по Светското првенство и по мојот одмор. Разговорите ќе започнат оваа или следната недела. Сега е вистинското време за почеток на преговорите, бидејќи ни преостанува само уште една година. Двете страни се опуштени“, изјави Кејн. Што се однесува до престижната „Златна топка“ (Ballon d'Or), Кејн остана скромен, но и оптимист. „Многу сум горд на сезоната што ја одиграв минатата година. ’Златната топка’ е најголемото достигнување од индивидуален аспект. Тоа не зависи од мене. Го направив она што беше во моја моќ во однос на моите настапи. Секако, би било фантастично доколку се оствари тоа. Но, на крајот на краиштата, остануваат уште два или три месеци до одлуката.“ Кејн исто така истакна дека негов приоритет е што поскоро да се врати во ритам и да смета на настап во германскиот Суперкуп против Борусија Дортмунд, кој ќе се одигра во сабота.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на ПаљуриФактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на Паљури, институциите покажаа дека системот функционира, проблемите се решаваатЗа човек да ја види политичката матрица на талогот на СДС, не е потребно многу време, толку се површни, што потребни се неколку дена. Начинот им е следен. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника и дезинформации, и кога на крај со факти ќе стигнат демантите од надлежните институции, од талогот на СДС кој со умисла го прават тоа, нема ниту извинување, ниту одговорност. Таквото однесување на талогот на СДС, не е однесување на одговорна опозиција, туку обид со умисла, преку создавање недоверба на граѓаните во институциите, да се добиваат евтини политички поени. Во изминатиот период беа пласирани тврдења поврзани со безбедноста на водата во Скопје, кои со факти, документи и докази беа демантирани од надлежните институции. Во меѓувреме, последните испитувања во Гостивар покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење, а институциите продолжуваат да ја следат состојбата. Наместо да ги поздрави информациите дека проблемот е надминат, предавничката СДС и талогот кој останал во неа, продолжува со обиди да создава сомнеж и вознемиреност кај граѓаните. Тука се поставува едноставно прашање, зошто на СДС му смета и се спротивставува на секое потврдување дека институциите функционираат и дека проблемите се решаваат? Многу е очигледно дека, без конкретна политика и решенија, со многу проблеми, во страв и хаос, СДС единствено се обидува од секоја тема да создаде политичка криза. Граѓаните заслужуваат точни информации и факти, а не сценарија за создавање страв и паника кои ги креираат пајташите на СДС, и тоа додека Венко Филипче со неговиот ментор, Зоран Заев уживаат на јахтата во Паљури, во Грција. Водата во Гостивар е безбедна за пиење, состојбата се следи, а политичкото профитирање преку ширење паника не може да ја замени одговорната политика. СДС треба да разбере дека довербата кај граѓаните се гради со факти, одговорност и решенија, а не со ширење хистерија, дезинформации и со измислени кризи. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter