Уште девет екипи обезбедија пласман во нок аут фазата од Лига Европа - Канал 5

Уште девет екипи обезбедија пласман во нок аут фазата од Лига Европа

Уште девет екипи обезбедија пласман во следната рунда од Лига Европа, по синоќа одиграните натпревари од 5. коло од групната фаза.

Уште девет екипи обезбедија пласман во нок аут фазата од Лига Европа
Тоа се тимовите на Рома, Андерлехт, АПОЕЛ, Атлетик Билбао, Генк, Краснодар, Олимпијакос, Спарта Парага и Сент Етиен.

Претходно тоа го направија екипите на Ајакс, Зенит, Шахтјор и Шалке.

Другите места ќе бидат познати по одигрувањето на дуелите од 6, коло на 8 декември .

Резултати и табели:

А група: Фенербахче – Зорја 2:0 и Манчестер Јунајтед – Феенорд 4:0.

Табела: Фенербахче 10 бодови, Манчестер Јунајтед 9, Феенорд 7, и Зорја 2.

Б група: Астана – АПОЕЛ 2:1 и Олимпијакос – Јанг Бојс 1:1.

Табела: АПОЕЛ 9, Олимпијакос 8, Астана 5, Јанг Бојс 5.

Ц група: Кабала – Андерлехт 1:3 и Сент Етиен – Мајнц 0:0.

Табела: Андерлехт 11, Сент Етиен 9, Мајнц 6 и Габала 0.

Д група: Зенит Петербург – Макаби Тел Авив 2:0 и Дундалк – АЗ Алкмар 0:1.

Табела: Зенит 15, АЗ Алкмар 5 Дундалк 4, Макаби ТА 4.

Е група: Рома – Викторија Плзен 4:1 и Австрија Виена – Астра 1:2.

Табела: Рома 11, Астра 7, Австрија Виена 5, Викторија Плзен 3.

Ф група: Генк – Рапид Виена 1:0 и Атлетик Билбао – Сасуоло 3:2.

Табела: Генк 9, Атлетик Билбао 9, Сасуоло 5 и Рапид Виена 5.

Г група: Селта Виго – Стандард Лиеж 1:1 и Ајакс – Панатинаикос 2:0.

Табела: Ајакс 13, Стандард 6, Селта Виго 6 и Панатинаикос 1.

Х група: Шахтјор Донецк – Коњаспор 4:0 и Гент – Брага 2:2.

Табела: Шахтјор 15, Брага 6, Гент 5 и Коњаспор 1.

И група: Шалке – Ница 2:0 и Краснодар - Салцбург 1:1.

Табела: Шалке 15, Краснодар 7, Салцбург 4 и Ница 3.

Ј група: Слован Либерец – Карабах 3:0 и Фиорентина – ПAOK 2:3.

Табела: Фиорентина 10, Карабах 7, ПАОК 7, Слован Либерец 4.

К група: Спарта Прага – Саутемптон 1:0 и Хапоел Бир Шева – Интер 3:2.

Табела: Спарта Прага 12, Саутемптон 7, Хапоел 7 и Интер 3.

Л група: Стеауа Букурешт – Османлиспор 2:1 и Цирих – Виљареал 1:1.

Табела: Османлиспор 7, Виљареал 6, Цирих 6 и Стеауа 6. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Пред повеќе од половина век, „VW Golf“ предизвика вистинска револуција во Европа и практично го дефинираше сегментот на компактни автомобили. Сепак, кога пристигна во САД во средината на 1970-тите, работите не беа толку едноставни.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Првично увезуван во САД, моделот започна да се произведува локално во 1978 година, во фабриката во Вестморленд. Сепак, таму не се продаваше под името „Golf“, туку под името „Rabbit“.

Оваа одлука беше донесена од маркетиншки причини. Од „VW“ сметаа дека името „Golf“ премногу се поврзува со елитен спорт и со побогатите слоеви на општеството – перцепција што не соодветствуваше со позиционирањето на автомобил наменет за пошироката американска публика.

Името „Rabbit“ не беше ексклузивно само за САД – се појавуваше и во Европа, главно како ознака за одредени „GTI“ верзии или пакети на опрема на одредени пазари – но токму во Америка ова име сега се враќа на сцената.

Новиот „Rabbit“

„Volkswagen Golf GTI Rabbit“ треба да пристигне во средината на 2027 година и ќе послужи како еден вид „освежување“ за „Golf GTI“ во Северна Америка. Оваа специјална изведба е опремена со адаптивна суспензија „DCC“, 19-инчни тркала и летни гуми.

Што се однесува до визуелните промени, моделот се одликува со затемнето лого, црна маска на ладилникот, црн покрив и разни други детали во темни тонови. Единствениот елемент што не е црн е ознаката со зајак („rabbit“), која служи како почит кон оригиналниот модел. Оваа верзија ќе биде достапна исклучиво во САД. Цената сè уште не е објавена, но се очекува да започнува од 43.000 евра па нагоре.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. 

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.

Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла.

Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Естонија ја затвора границата со Русија на 6 месеци

Од 1 декември, Естонија ќе ги затвори своите гранични премини кон Русија на најмалку шест месеци од безбедносни причини, соопшти во петокот владата на оваа балтичка земја.

Естонија ја затвора границата со Русија на 6 месеци

Претходно оваа недела, Естонија најави затворање на сите гранични премини со Русија, што ќе стапи на сила следниот месец. Ова уследи по сомнителен напад со подметнување пожар во една естонска одбранбена компанија – инцидент за кој Талин ја обвини Москва – иако првично не беше прецизирано колку долго ќе трае затворањето.

Одговор на непријателските активности на Русија

„Оваа одлука е одговор на континуираните непријателски активности на Русија против Естонија и други европски земји“, се наведува во соопштението на владата.

„Компании од естонската одбранбена индустрија беа цел на напади двапати оваа година, а според Естонската служба за внатрешна безбедност, двата напади биле организирани од руските специјални служби“, се додава во соопштението.

Москва постојано ги отфрла обвинувањата од европските власти за нејзина вмешаност во акти на саботажа. Естонија – членка на НАТО и на Европската унија, како и цврст поддржувач на Украина – моментално има пет гранични премини преку кои патниците можат да влезат во Русија или да излезат од неа, истакна владата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер