Урнебесна фотографија на Аца Лукас на која позира како старлета (фото) - Канал 5

Урнебесна фотографија на Аца Лукас на која позира како старлета (фото)

Аца Лукас деновиве престојува во Црна Гора каде освен закажаните настапи времето го користи и за одмор.

Урнебесна фотографија на Аца Лукас на која позира како старлета (фото)

Eдна фотографија од неговото летно уживање се рашири на социјалните мрежи. Станува збор за папарацо фотографијата која ја објави порталот Рас Србија Лукас, а со која фолкерот ги насмеа сите присутни на базенот кога излегувал од водата. Имено, Лукас ги имитирал девојките како излегуваат од базен за да направат фотографија -резултатот е урнебесен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владо Мисајловски во „Само интервју“

Вечерва во „Само интервју“ ќе гостува Владо Мисајловски.

Владо Мисајловски  во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Коските што му се припишуваат на Самоил од Солун кон Софија ќе патуваат ден по посетата на Фон Дер Лајен, каква порака ни праќаат соседите, а што ќе ни донесе претседателката на Европската комисија?

Извесен ли е старт на нашето „европско патување“ преку постепена интеграција и уставни измени со одложено дејство?

Што купува армијата и колку тоа ја чини земјава, со какво темпо се модернизира?

Имаме ли војска согласно НАТО стандардите? САД или ЕУ – што ќе избереме ако се продлабочи јазот во Алијансата?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто ни е тешко да ги пуштиме луѓето кои нè повредиле

Еве што според психолозите нè држи заглавени во минатото.

Зошто ни е тешко да ги пуштиме луѓето кои нè повредиле

Постојат лица со кои повеќе не се гледаме, не се слушаме и со кои можеби немаме никаков контакт, а сепак успеваат да заземат значаен простор во нашите мисли. Го враќаме филмот, размислуваме што би можеле да направиме поинаку, се прашуваме зошто се однесувале така со нас и замислуваме како би изгледало кога би постапиле поинаку.

Американското здружение на психијатри наведува дека таквото размислување може да го одржи емотивното страдање, а се поврзува со поголем ризик од анксиозност и депресивни симптоми.

Проблемот не е секогаш во тоа што личноста ни недостига

Понекогаш, не ни недостига лицето што нè повредило, туку одговорот што никогаш не сме го добиле. Кога чувствуваме дека ни е нанесена неправда, умот се обидува да пронајде објаснување за да ја комплетира приказната. Затоа се враќаме на деталите: Зошто направи така? Дали нешто погрешив? Како не сфати колку ме повреди? Ќе се покае ли некогаш?

Токму тука остануваме заробени, наместо минатите случувања да останат само спомен, тие ментално повторно се проживуваат. Истражувањата за руминација – повторно враќање на негативните случки, чувства и нивните причини и последици - покажуваат дека негативното размислување не ги решава проблемите, туку дополнително ги одржува непријатните емоции.

Колку повредата била поголема, потешко е да се прифати дека односот завршил

Да пуштиме некого особено е тешко кога во односот сме вложиле многу емоции, време, доверба или надеж. Тогаш не жалиме само за личноста. Жалиме за онаа верзија на иднината што сме ја замислувале. Затоа прекинувањето на односот или оддалечувањето од некого некогаш подразбира многу повеќе од прифаќање на фактот дека таа личност повеќе не е дел од нашиот живот. Потребно е да прифатиме дека нешто што сме го посакувале толку многу, повеќе нема да се случи онака како што сме замислувале.

Да се прости не значи и да се заборави

Една од најголемите заблуди е дека простувањето значи оправдување на нечие однесување, заборавање што се случило и повторно пуштање на таа личност во животот. Клиниката Мајо наведува дека простувањето не значи да заборавите и да ја оправдате штетата, ниту подразбира да се смирите со лицето кое ве повредило.

Психолозите често на прошката гледаат како на процес во кој личноста постепено го намалува чувството на огорченост и желба за одмазда. Со други зборови, може да признаете дека некој ви нанел неправда, да поставите граница и сепак да одлучите повеќе да не ѝ дозволувате на таа личност да зазема толку простор во вашиот живот.

Најважно е да престанеме да чекаме поинаков крај

Да пуштите некого не значи дека она што се случило не е важно. Понекогаш важи токму спротивното – да си признаете себеси дека било важно, дека болело и дека можеби никогаш нема да го добиеме посакуваното објаснување. Истражувањата велат дека колку помалку се враќаме на негативните случки, чувства, причини, толку сме поспремни да простиме. Додека, пак, намалената огорченост и способноста личноста ментално да се оддалечи од случувањето се поврзува со подобро ментално функционирање.

Извор: srecne.republika.rs

Затоа „да се пушти“ не мора да значи да престанеме со сеќавањата. Можеби вистинската цел е сеќавањето повеќе да нема моќ да ни влијае на расположението, одлуките и сликата за себе. Бидејќи, понекогаш, личноста која нè повредила добива уште една победа кога постојано ја носиме во мислите и покрај тоа што ја нема во нашиот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каде е крајот на простувањето?

Три јасни знаци дека љубовта не е здрава

Каде е крајот на простувањето?

Љубовта не значи дека мора да трпите апсолутно сè. Секоја врска минува низ несогласување и тешки периоди, но постојат обрасци на однесување што можат сериозно да ги нарушат довербата, самодовербата и чувството на сигурност.

Здравата романтична врска се гради врз почит, поддршка и рамноправност. Токму затоа, не треба да се прават компромиси со одредени граници само поради стравот дека врската би можела да заврши.

Вашата среќа не му е важна

Партнерот не мора да се согласува со секоја одлука што ќе ја донесете, но тој треба да биде со вас кога ви е тешко и да умее да се радува на вашите успеси.

Ако постојано ги минимизира вашите проблеми, се исмева на вашите планови или се однесува како вашите успеси да не се важни, со тек на време може да почнете да се сомневате во себеси.

Поддршката не значи слепо одобрување на сè што правите, туку подготвеност да сослуша, да охрабри и да биде поддршка кога ви е потребно. Ако тоа никогаш не го добивате од личноста со која сте во врска, важно е да се запрашате дали посакувате таква врска.

Вие го носите целиот товар на врската

Едно е да му помогнете на партнерот кога минува низ тежок период, а сосема друго е да преземате одговорност за целиот негов живот.

Ако мажот очекува жената постојано да решава проблеми, да плаќа сметки, да организира сè и да го извлекува од непријатни ситуации – а притоа не покажувајќи никаква желба самиот да преземе иницијатива – врската престанува да биде рамноправна.

Врската треба да биде партнерство, а не однос во кој едната личност постојано дава, додека другата само зема. Привремените тешкотии се нормални, но постојаното потпирање на партнерот без каква било желба да се промени ситуацијата може да прерасне во сериозен проблем.

Неговите зборови ја поткопуваат вашата самодоверба

Постојаните критики, потсмевањето и омаловажувањето не се знаци на љубов. Ако мажот редовно ги омаловажува вашите достигнувања, ве навредува или се обидува да ве убеди дека не сте доволно добри, таквото однесување може сериозно да ја наруши вашата самодоверба.

Забелешките како „Си имала среќа“ или „Ништо посебно“ може да изгледаат безопасни кога ќе се слушнат еднаш, но кога ќе станат секојдневие, тие оставаат трага.

Личноста што ве сака може да ви укаже на грешката, но не смее да ве понижува поради тоа. Партнерството подразбира меѓусебно охрабрување да бидете подобри, а не меѓусебно омаловажување.

Извор: una.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер