Уредничката на Вог за својот син доктор: Многу е болен , во самоизолација

Главната уредничка на магазинот „Вог“ и едно од најпознатите лица во светот на модата, Ана Винтур на својот профил на Инстаграм сподели вести за нејзиниот син, кој работи како лекар во болница во Менхетен.

"Мојот син е доктор. Тој во моментов е многу болен и е во самоизолација. Кога ќе закрепне, тој повторно ќе се врати на работа", рече таа во видеото што го објави на Инстаграм.

„Јас сум многу горда на него и благодарна на сите здравствени работници кои прават сé што можат за да го запрат ширењето на вирусот и да спасат животи“, додаде таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

“Tom [Ford] and I are not doctors, but there is so much help that is needed, especially as small businesses and workers around this country suffer devastating economic consequences,” Anna Wintour says, adding: “The fashion industry has been hit hard. I have been speaking to so many American designers and others in the community who fear that they won’t make their payroll or have had their orders returned, stores closed, who fear that their businesses and their livelihoods may not survive what we’re going through. The fund we’ve created is intended to help them and the talented people they work with.” Tap the link in our bio to learn more about the #CVFFACommonThread fund and to donate if you can.

A post shared by Vogue (@voguemagazine) on

Винтур зборува и за проблемите што се појавија во светот на модата и дизајнот, како резултат на коронавирусот.

„Многу американски дизајнери и бизнисмени стравуваат дека нивниот занает нема да ја преживее пандемијата“, рече таа, истакнувајќи дека започнала кампања за собирање донации за загрозените занаетчии.

притисни ентер