Уништени се 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни - Канал 5

Уништени се 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни

Агенцијата за храна и ветеринарство со полни раце работа пред Велигден.. Над 1.200 килограми небезбедна храна, најмногу месо се уништи во повеќе контроли на инспекторите.. 

Уништени се 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни

Месо, преработки и подготовки од месо, јајца, бои за јајца, мед, маслиново масло – агенцијата за храна и ветеринарство уништи над 1000 килограми најразлични производи, за кои при спроведените 350 вонредни контроли, е констатирано дека се небезбедни. Како што информираат од АХВ вонредните контроли направени во пресрет на велигденските празници, изречени биле и парични казни во висина од 3 650 евра, а издадени биле и 22 решенија со наредби за нивно отстранување.

„Во услови на зголемена побарувачка на храна пред претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. Во рамки на 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца во пресрет на велигденските празници, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи. “

Граѓаните кои ги анкетиравме велат внимаваат што купуваат, редовно читаат декларации, но според нив безбедносните протоколи во делот на храната би можеле да бидат поголеми.

„Мислам дека може да бидат многу подобри провреките и безбедносните протоколи за храната.... Обавезно од каде потекнува хранта, рокот на трање бидејќи ми се случило да враќам храна со неисправен рок.“

„Во суштина да но има се случува да со поминат рок некогаш во маркетите, ставаат налепници прават трговски трик меѓутоа треба да се внимава. Се трудам проверувам ....“

„Проверувам рокови, декалрации, и многу пати во маркетите чуваат со поминат рок по фрижидеирте...“

„Па на многу производи датумот или е при крај или негде може да се сретне и со поминат рок, не сум сигурна, и јас го проверувам, читам ама потеклото дали е тоа вистина тоа оставаме на совеста на тие што ни го увезуваат, се соменваме за мн работи но немаме многу избор...“

Од АХВ апелираат граѓаните внимателно да ги читаат декларациите на производите, да се проверува рокот на употреба, како и местото и температурата каде се чуваат одредени производи.

YouTube video

Кинеска вселенска агенција: Ќе им позајмиме на Американците карпи од Месечината

Кинеската Национална вселенска агенција денеска објави дека ќе им позајми на САД, Јапонија, Франција, Германија, Англија и Пакистан делови од карпите што ги вратиле од Месечината за време на нивната мисија во 2020 година.

Кинеска вселенска агенција: Ќе им позајмиме на Американците карпи од Месечината

Во соопштението се нагласува дека американско-кинеската соработка во одредени области како вселената не е целосно завршена и покрај тензиите меѓу двете земји околу геополитиката и царините.

Меѓу седумте институции на кои им е дозволено да позајмуваат примероци од Месечината што Кина ги извади од Месечината во 2020 година се Универзитетот Браун и Државниот универзитет во Њујорк во Стони Брук, пренесува Ројтерс.

Со беспилотната мисија Chang'e-5 во 2020 година, Кина стана третата земја што собира камења од површината на Месечината, приклучувајќи им се на поранешниот Советски Сојуз и САД. По завршувањето на кинеската мисија Chang'e-6 во јуни минатата година, Кина стана првата земја која ги врати на Земјата карпите од страната на Месечината што не е свртена кон Земјата, таканаречената темна страна на Месечината.

Соработката меѓу САД и Кина во вселената одамна е одвраќана со американскиот закон од 2011 година, кој се обидува да обезбеди американските технологии да останат надвор од дофатот на кинеската војска, наведува Ројтерс. Според тој закон, НАСА мора да работи со ФБИ за да му потврди на Конгресот дека преговорите со Кина нема да ја загрозат националната безбедност на САД.

Тогашниот шеф на НАСА, Бил Нелсон, во октомври изјави за Ројтерс дека очекува НАСА да соработува со ФБИ за да добие уште еден сертификат за национална безбедност што ќе овозможи испорака на карпи од Месечината до американските универзитети.

Главниот дизајнер на кинеската програма за истражување на Месечината, Ву Веирен, рече дека САД сега се затворени за соработка, иако тоа не беше случај во минатото, кога кинеската агенција беше таа што беше затворена за соработка.

МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила .

МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот при што преземени се вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило "пајак" и 2 мерки по останати прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.

Вучиќ за шарената револуција: Ги злоупотребија децата за политички цели, трошат милиони евра

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва гостува на ТВ Информер, и  зборува за последните случувања.

Вучиќ за шарената револуција: Ги злоупотребија децата за политички цели, трошат милиони евра

На прашањето за средбата во Центарот за културна деконтаминација, Вучиќ рече дека има многу докази за шарена револуција, пренесе Телеграф.

„Имавте соопштенија од претставници на разни невладини организации, политички партии кои кажаа колку време се подготвувале, колку пари вложиле, како го направиле тоа на универзитетите, училиштата. Ако е доволно да се обезбедат оброци за 5 илјади луѓе дневно, а најмалку за 10, на вакви демонстрации што се одржуваат секој ден, три оброци на ден, за 5 илјади луѓе, тоа е 4000000000 ден. За 5 месеци, 20 милиони Тоа е само за храна денес, пијалок колку сакаш, храна, само тоа треба да го броиш.“

Тој наведува дека колку помалку има, толку е подобра организацијата, за да се сокрие дека ги има помалку.

„Се трошат сè повеќе пари. Погледнете што велат регионалните медиуми кои им помагаат да ги реализираат нивните идеи. Некои од Европа отворено велат дека нивните барања се исти како и на студентите. Бидејќи побараа документација, ја обезбедивме, не ни кажаа што недостасува.“

„Има многу докази за шарена револуција, безброј. Ќе се обидам да зборувам за тоа. Имавте соопштенија од претставници на разни невладини организации и политички партии за тоа како го подготвувале сето ова. Ако треба да обезбедите 5.000 луѓе дневно, а тоа е потребно за најмалку 10.000, три оброци дневно - направете повеќе 22 месеци, се трошат уште нови пари Доволно е да се види како зборуваат регионалните медиуми кои се под директна контрола на странските служби.“

„РТС до пред неколку дена целосно учествуваше во обоената револуција. За ова ќе пишувам во книга која ќе биде најчитана во некои делови на светот и ќе има карактер на учебник. Секогаш во државниот сектор, сметајте на тој што ја спроведува обоената револуција да смета на државниот сектор. Еве каде што секогаш ги нападнаа државните телевизии, сега згрешиле, ги вклучија децата денеска, вчера, завчера, детски маршеви. Ни ги злоупотребуваа за политички цели.“

„Убеден сум дека ќе се впуштат во валкана радикализација. Јас уште во Митровица им реков, деца, прогласете победа. Кај младите најлесно е да се игра на картата „го менувате светот“.

Вучиќ откри дека премиерот Мацут ќе присуствува на погребот на папата Франциско во сабота.

На прашањето дали ќе се сретне и со Трамп и со Путин за една недела, тој рече:

„Можно е.“

притисни ентер