ЖивотУНИЦЕФ донира нова испорака со опрема за лична заштита од КОВИД-19Во донацијата со опрема за лична заштита, во вредност од 340.000 долари, има над 260.000 хируршки маски за една употреба и околу 209.000 висококвалитетни калјачи.УНИЦЕФ испорача нова количина опрема за лична заштита во вредност од 340.000 долари, која се донира во институциите од областа на здравствената грижа, образованието и детската заштита во Македонија. Донацијата потекнува од Глобалното седиште на УНИЦЕФ за снабдување и логистика. „ Мора да продолжиме да се фокусираме на заштита на оние кои се во првите борбени редови, бидејќи токму тие се грижат за сите нас и целосно ги посветија своето време и енергија за да спaсуваат животи, да го чуваат нашето здравје, да ги задржат нашите деца во училиште и да овозможат нашето општество да продолжи да функционира. Ја заслужуваат наша целосна поддршка и благодарност. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сите наши партнери, како што е УНИЦЕФ, кои ни помогнаа да ја обезбедиме оваа дополнителна поддршка, и очекувам оваа соработка да продолжи и во иднина," изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство. Во донацијата со опрема за лична заштита, во вредност од 340.000 долари, има над 260.000 хируршки маски за една употреба и околу 209.000 висококвалитетни калјачи. Донацијата за Министерството за здравство главно ќе се употреби како дополнување на залихите што им се на располагање на институциите за здравствена грижа во целата земја. Дел од донацијата ќе им биде на располагање и на образовните установи и на установите за заштита на децата. „Со пандемијата на коронавирусот живееме повеќе од 18 месеци и научивме дека КОВИД-19 не е само здравствена криза, туку и криза на информирање и криза на правичност, која имаше социо-економски последици по семејствата и децата," изјави Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. „Овозможувањето пристап до суштинските услуги во здравството, образованието и детската заштита мора и понатаму да биде приоритет за да се намали ризикот пандемијата да остави трајни последици по животите на децата. Донацијата е дополнување на постоечките количини за работниците во првите борбени редови да можат да продолжат да им ја обезбедуваат најквалитетната нега на семејствата и децата". Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, УНИЦЕФ го поддржува Министерството за здравство во справувањето со КОВИД-19 со цел да ги амортизира ефектите од пандемијата врз децата и семејствата. Освен што го поддржува зајакнувањето на здравствениот систем, во рамките на редовната соработка со Министерството за здравство, УНИЦЕФ има донирано респиратори за здравствените установи во вредност од над 215.000 долари и дополнителни количини опрема за лична заштита и тестови за САРС-Ков-2. Го поддржавме воспоставувањето здравствено советување преку телефон за патронажни сестри и телефон за помош на бремени жени и мајки на новороденчиња; дистрибуиравме хигиенски пакети во најранливите заедници; помогнавме во развојот на стратегијата и материјалите за комуникација на ризик; ја поддржавме психосоцијалната поддршка за децата и семејствата и активности да се зголеми стапката на имунизација. Преку заедничко партнерство со Министерството за здравство, меѓу другото, УНИЦЕФ ќе продолжи да ги поддржува заложбите семејствата да ги добиваат потребните информации за вакцините против КОВИД-19 од сигурни извори за да ја добијат најдобрата заштита; ќе одговориме на прашањата поврзани со менталното здравје и благосостојбата на здравствените работници за да можат и понатаму да ги одржуваат основните услуги и да ги поддржуваат семејствата, ќе работиме на подобрување на санитарните услови, пристапот до вода и одржување на хигиена, како и на заложбите за спречување на инфекции и на подобрување на капацитетите за контрола на инфекции во земјата - особено во училиштата за и понатаму да бидат безбедни и отворени. УНИЦЕФ има седумдесет и пет годишно искуство во одговор на кризни ситуации и во обезбедување неопходна помош кога е најпотребна, со глобална мрежа од над 1000 снабдувачи на медицинска опрема, најголемиот хуманитарен склад на светот, силни глобални и локални партнерства и поддржувачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈеменските Хути ја нападнаа Саудиска Арабија, над 70 ранетиЈеменските Хути, поддржани од Иран, нападнаа енергетски постројки и градови во Саудиска Арабија, сојузник на САД, при што беа повредени повеќе од 70 лица.Нападите доаѓаат откако Иран предупреди дека енергетската инфраструктура низ заливот, вклучувајќи ги и американските нафтени и гасни интереси, е ранлива по последната размена на напади помеѓу САД и Иран. Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови од Јемен и поголемиот дел од северот, започнаа напади врз Саудиска Арабија откако прогласија поморска блокада на земјата во јули, загрозувајќи го извозот на нафта преку Црвеното Море. Во исто време, Иран вети дека во наредните денови ќе објави нова ограничена зона во заливот, заедно со мапи на нов бродски коридор низ Ормускиот Теснец, како одговор на економската војна на САД. Саудиските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз повеќе области во Јемен, јави телевизијата „Ал Масира“.Тагови: Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРаспишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомвриПо речиси две годишни политички турбуленции, масовни студентски протести и калкулации, Србија оди на предвремни избори.Претседателот Вучиќ го потпиша указот за распуштање на собранието и ги распиша изборите на 25-ти октомври. Вучиќ кој по двата претседателски, сега влегува во трка за премиерски мандат, во обраќањето образложи дека главна причина за изборите се поделеното општесто и немирите, без директно да ги спомене студентското движење. -Затоа ни се потребни изборни резултати кои јасно ќе ја определат и покажат волјата на граѓаните. Не е особена тајна дека во Србија сите би биле подобри политичари и претседатели, исто како фудбалските и кошаркарските тренери. Но, тој процес на донесување одлуки не е едноставен. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија Последните анкети недвосмислено укажуваат дека главната битка ќе се води помеѓу Српската Напредна партија на Вучиќ, чиј кандидат за премиер е токму тој и Студентското движење, кое веќе подготви листа од 250 имиња на кандидати за пратеници. Едната анкета покажа голема предност за Вучиќ, другата значитална предност за студентите, кои според дел од аналитичарите, за да се надеваат на победа мора да ја прецизираат програмата. -Всушност можеме да дојдеме во опасност да гласаме за нешто со силна морална порака, а потоа да се соочиме со луѓе кои не ги познаваме. Каков е нивниот став за ЕУ, за стратешкиот дијалог со САД, каков е односот околу Русија и Украина? , изјави Александар Апостоловски, новинар на „Политика“ Иако кампањата не е почната, набљудувачката мисија „Црта“ алармира дека власта ги користи сите јавни ресурси во пресрет на изборите, од злупотреби на безбедносниот апарат, преку уцени на социјално загрозени граѓани до несразмерно голем медиумски простор за власта, како на пример, дека само во август во вестите на јавниот сервис дури 98 проценти од времето било одвоено за власта, а два за опозицијата. -Претседателот на Србија, Александар Вучиќ самиот зазеде половина од вкупното време во вестите на РТС и тоа е речиси четири пати повеќе од целото време што претседателот го доби претседателската кампања во 2022 година, изјави Тамара Бранковиќ, мониторинг мисија „Црта“ -Алармантна е злоупотребата на безбедносниот апарат. Независните меѓународни и домашни форензички проверки потврдија дека од почетокот на годинава на на 14 члена на студенското движере и на Зелениот лев фронт нивните лефонио биле инфицирани со шпионскиот софтвер „Пегазос“, изјави Раша Неделјков, мониторинг мисија „ЦРТА“ Освен социјалистите на Дачиќ, со околу пет проценти и провропската опозициска коалиција со околу четири, двете последни анкети покажаа дека расцепканите опозициски партии практично се борат со цензусот од три проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнгелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењетоПет активни пожари низ Македонија, се гасне кај месноста рамно на Скопска Црна Гора, кај Струга и во Јасен. Очекувањата од дирекцијата ан заштита и спасување се дека сите ќе бидат изгаснати во текот на денот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook