Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
ЕвропаУнгарската влада повела истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“Ќе се истражува и можна злоупотреба со кредитот од 1 милијарда евра одобрен за Македонија.Во Унгарија покрената е истрага за четири случаи поврзани со работењето на државната „Ексимбанка“. Премиерот Петар Маѓар, потврдил дека унгарското министерство за економија и енергетика поднело кривични за четири случаи поврзани со Ексимбанката, поради сомнежи за злоупотреби на службената положба, несовесно работење и други можни кривични дела. Како што пренесуваат тамошните медиуми, ќе се истражуваат и можни злоупотреби и во однос на кредитот од 1 милијарда што државната ексим банка и го одобри на земјава. Според Маѓар, кредитот за Македонија бил одобрен со поволна каматна стапка од 3,25 отсто и е целосно обезбеден со државна гаранција.. -„Владата не сака и нема однапред да донесе пресуда во овие случаи, но ќе ја обезбеди сета потребна поддршка за да се утврди дали се сторени кривични дела“, изјавил Маѓар. Веднаш по доаѓање на власта Маѓар најави борба против корупцијата и работењето на претходната влада на чие чело 16 години беше Виктор Орбан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУПроблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето.. Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.Тагови: камионџии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗагина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилотоЗагина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило. Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто ОризариАктивни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати. Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook