Унгарија ослободи 777 странци осудени за трговија со луѓе

Унгарија во последните недели ослободи 777 странци, главно српски, романски и украински државјани, осудени за трговија со луѓе, соопштија властите.

Според нив, зад решетки има 2.636 лица, осудени за трговија со луѓе, од кои 808 се странски државјани кои подлежат на ослободување.

„Одржувањето на странските државјани кои отслужуваат казни во унгарските затвори чини милијарди форинти секоја година“, соопшти канцеларијата за издржување казни .

Оттаму додаваат дека ослободените имаат 72 часа да ја напуштат територијата на Унгарија од моментот кога ќе бидат ослободени, во спротивно доколку бидат фатени од унгарската полиција, ќе бидат вратени во затвор и ќе ја отслужат целата казна. /МИА

АМСМ:На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Нимиц: Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот

Луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат договорите, не можеме да живееме во светот на фантазијата.

Во Атина почна дводневна меѓународна конференција по повод шест годишнината од Договорот од Преспа, со кој земјава го смени уставното име во Северна Македонија, и така се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји.

Конферецнијата е организирана од институтот Алексис Ципрас и фондацијата Зоран Заев, а присутни се актуелни и поранашни политичари и дипломати.

-До компромис е тешко да се дојде, но кога ќе дојдете до компромис, лесно е на другите луѓе од двете страни да кажат „ако бев јас таму ќе завршев подобра работа“ или „овој компромис повеќе и служи на другата страна“. Живееме во опасен период, живееме во реалниот свет, и во реалниот свет имаме договори, па луѓето кои се на власт треба да ги почитуваат тие договори. Не можеме да живееме во светот на фантазијата, не можеме да живееме во виртуелен свет, изјави Нимиц.

На Судан му се заканува најголемата глад во светот во последните 40 години

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

Судан се соочува со глад којa би можелa да биде најголема по таа која светот ја видел во Етиопија пред 40 години, предупредуваат американски официјални претставници, додека испораките на помош и натаму ги блокираат завојуваните армии, но снабдувањето со оружје за двете страни продолжува да се одвива.

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

„Потребно ни е светот да се разбуди за катастрофата што се случува пред нашите очи“, изјави за новинарите Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во ОН, пишува „Гардијан“.

притисни ентер