Уметник си вградил перки во черепот за да докаже дека не е човек (ФОТО) - Канал 5

Уметник си вградил перки во черепот за да докаже дека не е човек (ФОТО)

Шпанскиот уметник Манел де Агуас не се смета за човек, туку за нешто друго. Тој е основач на Друштвото за транс-видови и користи технолошки импланти за да го искус пи светот поинаку од остатокот од човештвото.

Уметник си вградил перки во черепот за да докаже дека не е човек (ФОТО)

24-годишниот Шпанец го привлече вниманието уште во август 2017 година, кога го направи првиот прототип на уредот што му овозможи да ги „чувствува атмосферските вибрации“. Една година подоцна, тој започна да закачува пар перки на страните на главата и објави дека планира да ги вметне во черепот, а тоа го стори оваа година.

Така, тој ги претвори украсните перки во функционални „органи“ кои ја мерат температурата, влажноста и атмосферскиот притисок и со спроводливост му пренесуваат звуци во мозокот.

Минатата година тој објаснил зошто сака да го стори тоа. „Отсекогаш чувствував посебна врска со дождот, па кога открив дека има начин да го почувствувам тоа чувство во себе, сметав дека е добро да направам орган што ќе ме поврзе уште повеќе со дождот, како и со другите атмосферски појави“, рече тој.

Што се однесува до обликот на „органот“, тој вели дека отсекогаш го интересирале морските видови, и вистински и митолошки, па токму затоа ја добил идејата.

Тој се опишува себеси како „пропиоспеција“ или свој уникатен вид и вели дека тоа е неговиот одговор на антропоцентризмот на денешното општество, што ги става човечките суштества на највисокиот ешалон на лажната хиерархија на видовите.

Во јануари оваа година, тој го исполнил сонот и си поставил перки. Бил подложен на процедура на клиника во Јапонија откако неколку лекари во Шпанија го одбиле неговото барање.

Перките тежат околу 500 грама, може да се полнат со сончева енергија и да се поврзат со разни уреди преку Wi-Fi. „Ќе го истражам времето преку овој нов сензорски орган“, напиша неодамна на Инстаграм, каде што неговиот нов изглед привлекува големо внимание.

Манел де Агуас е член на многу активното шпанско друштво Транс-видови, чии членови се исто така Мун Рибас, чиј имплант и овозможува да го почувствува секој земјотрес на светот и Нил Харбисон, кој има вградена антена во черепот за да може да ги слуша боите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници

„Опен АИ“, компанијата што стои зад Чет Џпт, соопшти дека нејзини агенти за вештачка интелигенција објавиле 53 фотографии од корисници и продреле на веб-страници на американски институции, вклучително и владини агенции.

Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници

„Опен АИ“ не откри дали станува збор за фотографии од реални лица или за слики генерирани со вештачка интелигенција, ниту кога тие биле објавени. Од компанијата објаснија дека линковите до фотографиите не биле јавно достапни.

Моделите на вештачка интелигенција на „Опен АИ“ пристапувале и до податоци на американски владини институции, како Комисијата за хартии од вредност, берзи на САД и Американската статистичка служба.

Се појавуваат индикации дека би можеле да следуваат уште многу откритија за самостојни хакерски активности на вештачката интелигенција на Опен АИ. Компанијата соопшти дека информирала „десетици“ организации чии веб-страници биле предмет на непланирани интеракции од софтверот на „Опен АИ“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општински комисии ќе проверуваат дали на нивите има останато неоткупено грозје

Привршува бербата на грозјето... Откако откупот формално ќе заврши, на почетокот на октомври ќе се формираат општински комисии кои треба да утврдат дали на нивите има останато неоткупено грозје..  

Општински комисии ќе проверуваат дали на нивите има останато неоткупено грозје

Со последните дождови финишираат и бербите на винското грозје во тиквешијата и во останатите лозарски региони. Проблемите со откупот, слабиот интерес за вранецот и бавната динамика спроед лозарите се причина годинава голем дел од грозјето особено вранецот да остане по нивите необран, чекајки да почне интензивниот откуп за кој винариите тактизираа заради непродадените залихи на црвно вино од лани. Токму заради овие проблеми на лозарите градоначалникот на кавадарци најави дека по завршувањето на откупот некаде на почетокот на октомври владата планира да се формираат општински комисии кои ќе треба да излезат на терен и да утврдат колку точно грозје останало по нивите необрано па да се планира обештетување за овие лозари.

Дека состојбата со откупот на винското грозје беше проблематична говори и фактот што се најдоа 12 милиони евра кои на винариите им се дадоа на располагање по брза постапка со камата од 1% и со можност за грејс период од една година наменски да се откупат вранецот и смедеревката од лозарите. Лозарите укажуват дека и со оваа мерка се задоцни и затоа голем дел од вранецот е останат, исушен и необран по нивите заради што бараат од државата да воведе итна помош од 150 илјади денари за хектар за обештетување и спас на лозарството.

Според последите податоци од Министерството за земјоделство заклучно со понеделник 21 семптември откупени се 64 милиони килограми на винско грозје од лозарите но и од сопствените насади на винариите и има уште околу 2,7 милиони килограми извоз на винско грозје. Оваа бројка се очекува да се зголеми бидејки интензивно деновиве се откупуваше смедеревката во лозарските региони. Според најавите од следната година треба да почне изградбата на дестилеријата која вишокот на грозје и вино ќе го претвора во алкохол за кој веќе има интерес кај една од најпознатите светски компании за алкохол да го откупува целиот вишок и со тоа да се решат долгорочно проблемите со откупот на грозјето во години како оваа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Гориво од 105 денари, народот едвај преживува — корумпираната власт не презема ништо

Граѓаните се соочуваат со огромни трошоци за живот, а власта не обезбедува помош ниту за најзагрозените, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Свети Николе, по средбите со граѓаните и земјоделците од Овчеполието.

Филипче: Гориво од 105 денари, народот едвај преживува — корумпираната власт не презема ништо

„Ги споделуваат граѓаните со нас секојдневните проблеми, огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта. Трошоците за горивото стигнаа и до 105 денари за литар. Никаква помош за ниту една критична категорија граѓани на кои им е навистина потребна“, истакна Филипче.

Тој посочи дека без соодветна поддршка остануваат пензионерите со најниски пензии, социјално загрозените, семејствата со многу деца и работниците со минимална плата. На средбите се разговараше и за предлог-законите на СДСМ во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра и за финансиска поддршка на земјоделците во кризата.

Филипче ја повика власта да ги поддржи предложените решенија и барем еднаш да го слушне гласот на народот.

„Се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка“, рече Филипче.

При посетата на земјоделците од Овчеполието, регион со долгогодишна земјоделска традиција, тие укажаа на недостигот од откуп на грозјето и пченицата, ниските откупни цени на млекото и огромните трошоци за ѓубрива и нафта.

Филипче предупреди дека ваквата состојба го доведува во прашање опстанокот на земјоделците и можноста да продолжат со производство следната година.

„На овие луѓе им е потребна сериозна помош, поради тоа што не само што не можат оваа земјоделска сезона да ја преживеат, туку се поставува најсериозното прашање: што ќе се случува догодина со овие огромни трошоци за ѓубрива, за нафта и со ниски откупни цени, но и без откуп на земјоделските производи“, нагласи Филипче.

Тој го пренесе и предупредувањето од земјоделците: ако власта продолжи да не се грижи за земјоделството, за две години во овој крај земјоделие нема да постои, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер