Украински напад со дрон предизвика пожар во складиште за гориво во руската Ростовска област - Канал 5

Украински напад со дрон предизвика пожар во складиште за гориво во руската Ростовска област

По нападoт со украинско беспилотно летало, избувна пожар во складиште за гориво во Ростовската област, но нема повредени, соопшти денеска гувернерот на тој регион, Василиј Голубев.

Украински напад со дрон предизвика пожар во складиште за гориво во руската Ростовска област

„Во областа Каменски избувна пожар во складиште за гориво по напад со дрон, но нема жртви“, напиша Голубев на својот канал Телеграм и додаде дека нема опасност пожарот да се прошири на станбените згради.

Гувернерот на Ростовската област претходно објави дека околу 3 часот по московско време биле соборени четири дронови во Ростовската област и осум над областа Вороњеж./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секое десетто бебе на ГАК се раѓа предвреме

Секое десетто бебе на Гинекологија се раѓа предвреме, а битката за живот во инкубаторот трае долго, бидејќи понекогаш се случува и да забораваат да дишат кога ќе се тргнат од апарат, но се почесто малите, но големи борци си заминуваат дома. 

Секое десетто бебе на ГАК се раѓа предвреме

Вака, со гордост во погледот, лекарите од одделот за неонатологија раскажуваат за третманот на децата кои пред време доаѓаат на овој свет, а по повод Светскиот ден посветен на прематурните новороденчиња. Годинава најмалото бебе родено на ГАК имало само половина килограм.

Состојбата е значително променета во последните години и не е како порано по две бебиња да се третираат во еден инкубатор, велат од ГАК. Сега со донации има доволно инкубатори. Македонија сега има помала смртност кај предвремено родените бебиња споредено со европскиот просек, но сепак, фалат медицински сестри.

Во моментов 40 тина бебиња се на одделот за неонатологија, но поради случаите на грип и морбили, посетата на родителите и блиските е ограничена, поради што здравствените власти апелираа на вакцинација со цел да се заштитат најранливите – бебињата кои во првата година не смеат да примаат МРП вакцина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лицата со афазија добиваат прв клуб во државата

На околу десет илјади луѓе им е потребна помош со состојба на афазија или нарушување на говорот, разбирањето, читањето и пишувањето настанато по мозочен удар или повреда на мозокот.

Лицата со афазија добиваат прв клуб во државата

Во рамките на Центарот за рехабилитација за говор се отвори центарот. Иницијатор е адвокатката Мирјана Марковска и Здружението за поддршка на лица со афазија ХОУП, која по состојба на мозочен удар, таа сака да им помогне на сите луѓе кои имаат афазија.

Овој центар може да го посетат сите кои имаат ваква состојба заедно со нивните семејства, и да им се помогне и на другите членови на семејството за полесна комуникација. Со лицата ќе работат логопеди, психолози и кадар што е потребен за оваа состојба.

Логопедите објаснуваат дека со правилни вежби им се помага многу на лицата со афазија, пред се на помладите луѓе кои се работо способни и имале мозочен удар или повреда на мозокот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митовски бара мандат за дејствување: Ќе го решам проблемот со кравите

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска повторно побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот.

Митовски бара мандат за дејствување: Ќе го решам проблемот со кравите

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска повторно побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор.

Според Митовски, правосилните и извршни решенија за одземање на добитокот постојат повеќе од две години, но сè уште не се целосно спроведени. Тој истакна дека граѓаните предолго трпат материјални штети и дека е неопходна заедничка и координирана акција на надлежните институции во најможен краток период.

-Се што барам од вас е да ми дадете законски мандат. Барем правен механизам што ќе ми овозможи да ја превземам организацијата и координацијата на терен заедно со сите надлежните останати институции и конечно да ги релоцирам животните од улиците и имотите на граѓаните. Ќе подготвам протокол и оперативен план и ќе ја спроведам акцијата за помалку од 10 работни дена, само најдете начин да добијам законски овласувања – изјави Сашко Митовски – Градоначалник на Крива Паланка.

Од друга страна, директорот на АХВ, Јовица Андовски, вели дека минатата недела остварил средба со градоначалникот и дека веќе се подготвува оперативен план со конкретни надлежности, активности и рокови за решавање на проблемот.

„Во постојана комуникација сме со градоначалникот. Знае тој дека го работиме оперативниот план со којшто целосно точно ќе се знае која институција за што ќе биде задолжена, со точни активности, законски рокови и очекуван исход. Овој оперативен план е во завршна фаза, очекувам во наредниот период да го споделиме со надлежните институции и заеднички со градоначалникот и другите институции коишто имаат надлежност да го разгледаме, додадеме некоја плус активност и во најкуси утврдени рокови, прецизни и надлежности да излеземе на терен и да го решиме проблемот – изјави – Јовица Андовски, директор на АХВ.

Градоначалникот Митовски претходно побара и прогласување 30-дневна кризна состојба поради неконтролираното движење на повеќе од илјада грла добиток, кои предизвикуваат штети на земјоделските површини и приватните имоти, а претставуваат и опасност за сообраќајот. Сепак како што посочи тој планот минатата недела бил отфрлен од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓуврем проблемот со кравите во Крива Паланка беше во фокусот на повеќе регионални и светски медиуми, а новинската агенција Асошиејтед прес објави видео-сторија за состојбата во градот за проблемот кој трае повеќе од 15 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер