Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
СветУкраински дронови ја погодија рафинеријата за нафта во рускиот град СаратовРафинеријата на нафта во рускиот град Саратов во текот на ноќта беше нападната од украински беспилотни летала, пренесоа локалните канали на Телеграм кои споделија снимки за кои се тврди дека покажуваат експлозии во објектот.Гувернерот на регионот Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми известуваат дека по инцидентот, привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром. Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени производи, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година, фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта. Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт. Ukrainian attack drones just successfully struck Russia's Saratov oil refinery, setting the facility ablaze. The refinery, owned and operated by Russia's Rosneft, processes about 7 million tons of crude oil per year. pic.twitter.com/9S9Qn45YfF — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 10, 2025 Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ЕвропаАндраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на УнгаријаУнгарскиот парламент попладнево го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата..Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија тиса, а пратениците од опозициската ФИДЕС не гласаа. Претседателската функција остана празна минатиот месец по разрешувањето на Тамаш Суљок, кој беше голем сојузник на Орбан. Бака во 2012-та беше разрешен од позицијата прв човек на Врховниот суд, откако јавно го критикуваше потегот на тогашниот премиер за намалување на старосната граница за пензионирање на судиите. Западните медиуми пишуваат дека неговиот мандат претставува симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на Орбан. Тагови: Андраш Бака Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и имотни деликтиПолициски службеници од ОВР Неготино и Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби.Денеска (11.08.2026) полициски службеници од ПС БПС Велес, спроведоа сообраќајна превентивна активност, во рамки на која на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината на движење според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за последиците што можат да настанат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на нивото на безбедност во сообраќајот. И Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Куманово и СВР Штип спроведоа превентивни активности за безбеден сообраќај во Скопје, Куманово, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Берово и Кочани, со акцент на потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига. Полициски службеници од ОВР Неготино и Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби, при што на граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат и да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Полициски службеници од СВР Скопје, ОВР Делчево и ОВР Берово во Скопје, Берово и Делчево реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година. Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лицеПо документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријаваДенеска (11.08.2026) во 12:40 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.И. (34) од Скопје, затоа што при преглед кај него е пронајден револвер и куршуми за него. По документирање на случајот, против Ф.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.Тагови: револвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter