СветУкраина повика функционери на ЕУ во посета на Денот на победата, во време на парадата во Москва Владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски покани високи европски претставници во Киев на 9 мај како демонстрација на дипломатска сила против годишната воена парада во Русија на Денот на победата во Втората светска војна.Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха денеска упати покана до своите колеги од Европската унија за време на состанокот во Луксембург, барајќи од нив „да покажат единство и одлучност пред најголемата агресија во Европа од Втората светска војна“. „Зеленски сака да биде домаќин на лидерите на 9 мај од коалицијата која е подготвена да постави безбедносни гаранции за Украина по постигнувањето договор за можен прекин на огнот со Русија“, додаде Сибиха. Извори за „Политико“ изјавија дека во тек се разговори шефовите на држави на ЕУ да ја посетат Украина на почетокот на мај, вклучувајќи го и идниот германски канцелар Фридрих Мерц, иако точната локација не е прецизирана. Тагови: ЕУ русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје Како да избегнете опуштена кожа по слабеење? Обрнете внимание на пет работиМногумина се одлучуваат да ослабат за да се чувствуваат подобро во сопственото тело, но тој процес понекогаш носи и несакан ефект: опуштена кожа. Многумина се одлучуваат да ослабат за да се чувствуваат подобро во сопственото тело, но тој процес понекогаш носи и несакан ефект: опуштена кожа. Ова често се случува по нагло губење на тежината и може негативно да влијае на самодовербата. Еластичноста на кожата може донекаде да се зачува преку постепено слабеење, исхрана богата со клучни хранливи материи и избегнување на пушење и прекумерно изложување на сонце, пренесува Health.com. Стратегии за одржување на еластичноста на кожата Постепеното слабеење ѝ дава повеќе време на кожата да се прилагоди на намалувањето на масното ткиво. Важен е и тренингот за сила; градењето мускули може да го подобри изгледот на деловите каде што кожата станала опуштена. Важна улога игра и урамнотежената исхрана која треба да вклучува доволно висококвалитени протеини протеини (од посно месо, риба и мешунки) и есенцијални масни киселини (од јаткасти плодови и семиња), но и хранливи материи што го поттикнуваат производството на колаген, како што е витаминот Ц, кој се наоѓа во цитрусните овошја, бобинките и пиперките. На крајниот резултат влијаат возраста, генетиката, пушењето, изложувањето на сонце и времетраењето во кое кожата била растегната. Нега на кожата по слабеење По значително губење на тежината, кожата природно се затегнува додека се прилагодува на новиот облик на телото – процес што може да трае и до една година. Соодветната нега може да го поддржи ова закрепнување. Употребата на хидратантни средства ја зајакнува заштитната бариера на кожата. Некои луѓе се одлучуваат и за додатоци во исхраната што содржат колаген или колагенски пептиди. Разликата помеѓу опуштена кожа и масно ткиво Понекогаш може да биде тешко да се направи разлика помеѓу вишокот кожа и преостанатите поткожни масти. Опуштената кожа претставува тенок слој што лежи врз мускулот, додека поткожните масти се подлабок и погуст слој на масно ткиво. Еден едноставен тест може да помогне во нивното разликување: ако ја фатите кожата со прстите и почувствувате дебел, сунѓерест слој, веројатно се работи за масно ткиво, а не само за вишок кожа. Опции за затегнување на кожата Ако и по подолг период не сте задоволни од изгледот на вашата кожа, на располагање се професионални процедури кои можат да помогнат. Во одредени случаи – на пример, кога вишокот кожа предизвикува болка или го ограничува движењето – овие процедури можат да имаат и функционална намена. Бидејќи повеќето од нив се естетски третмани, обично не се покриени со здравствено осигурување. Како и сите медицински процедури, тие носат одредени ризици за кои треба да се разговара со лекар. Што ја одредува еластичноста на кожата? Структурата и цврстината на кожата се обезбедени преку мрежа од колагенски и еластински влакна. При зголемување на телесната тежина, овие влакна се истегнуваат за да покријат поголема површина на телото. Ако кожата остане истегната подолг период, влакната може да се оштетат, што го отежнува враќањето на кожата во првобитната состојба по губењето на тежината. Со текот на годините, оваа мрежа природно се разградува, поради што кожата ја губи својата еластичност. Пушењето и прекумерното изложување на сонце дополнително ги оштетуваат колагенот и еластинот. Дебелината сама по себе исто така има негативно здравствено влијание.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter