Украина им се приклучи на Шпанија и Португалија за домаќин на СП во 2030.

Украина им се придружи на Шпанија и Португалија во нивната кандидатура да бидат домаќини на Светското првенство во фудбал во 2030 година, објавија Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) и Португалската фудбалска федерација (ФПФ).

Новото партнерство е потврдено за време на прес-конференција во седиштето на УЕФА во Нион.

Понудите на Шпанија, Португалија и Украина за турнирот во 2030 година се поддржани од УЕФА и ќе се натпреваруваат со другите понуди како што е соработката меѓу Египет, Грција и Саудиска Арабија и заедничката понуда на Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле.

Светското првенство во 2022 година ќе започне на 20 ноември во Катар, додека Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Во тек преговори за формирање нова хрватска Влада, Пленковиќ најавува парламентарно мнозинство

Во Хрватска денеска се очекува да започнат преговорите за формирање на владејачкото мнозинство, бидејќи ниту една партија на вчера одржаните парламентарни избори, не освои доволно мандати самостојно да формира влада.

Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои најмногу гласови, што на таа партија и дава најголеми шанси да формира ново мнозинство, но изборните резултати сугерираат дека ќе има тешки преговори за тоа.

„Наскоро ќе дознаете со кого ќе го формираме мнозинството во Саборот. Со некои колеги разговаравме во изборната ноќ, разговорите ги продолжуваме денеска“, објави на Фејсбук премиерот и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

Според последните податоци на Државната изборна комисија речиси од сите обработени избирачки места, ХДЗ освоила 61 мандат, односно 58 мандати во десет изборни единици во Хрватска и три во посебната 11-та изборна единица за дијаспората.

Тоа е вкупно пет мандати помалку отколку на последните парламентарни избори, кога Пленковиќ брзо дојде до мнозинство од 76 гласа во Парламентот со поддршка од осум претставници на националните малцинства, меѓу кои и тројца од Независната демократска српска партија (СДСС) и двајца претставници на мали либерални партии.

Коалицијата на левиот центар предводена од опозициската Социјалдемократска партија (СДП) освои 42 мандати, еден мандат повеќе отколку на изборите во 2020 година Таа партија немаше листа во 11-тата изборна единица.

На трето место е десничарското Движење Татковина со 14 мандати, Мост освои 11, а зелено-левичарската партија Можемо десет мандати.

Во Саборот ќе влезат и неколку помали партии од левиот центар, регионалниот Истарски демократски сабор и Независната платформа Север имаат по два мандата, а еден има коалицијата Фокус-Република.

„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили

 Апликацијата „Гугл мапс“ за „Андроид“ и „Андроид авто“ доби надградба што со помош на вештачката интелигенција, ќе нуди попрецизни насоки како да се дојде до најблискиот полнач за електрични автомобили.

Се работи за функции што, според познавачите, ќе овозможат полесна навигација, како и безгрижно и лесно планирање на долги патувања.

ВИ-алгоритмот собира кориснички коментари што содржат точни податоци за локацијата на полначот и како да се стигне до него. Описот може да содржи и дополнителни информации околу времето на чекање итн.

Додека електромобилот е во движење, „Гугл мапс“ ќе може да му предложи на возачот и други станици за полнење во близина. „Гугл мапс“ ќе може да нуди и план за долги патувања, на пр. со повеќе застанувања. Станиците за полнење електрични возила ќе бидат предложувани врз основа на нивото на батеријата, брзината на полначот и достапноста - сѐ тоа во реално време.

Повеќе од 15 членови на семејството Кенеди ќе го поддржат Бајден на претстојните избори

 Повеќе од 15 членови на познатото семејство на поранешниот американски претседател Џон Кенеди ќе ја поддржат кандидатурата за реизбор на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Со овој потег тие ќе се обидат да ја намалат легитимноста на кандидатурата на Роберт Кенеди Џуниор, син на родениот брат на поранешниот претседател Џон Кенеди.

„Можам само да замислам колку би бил ужасен татко ми Роберт Кенеди од неверојатните лаги и однесување на Доналд Трамп“, рече Кери, сестрата на Кенеди Џуниор, додавајќи дека нејзиниот татко се залагал за „еднаквост, човекови права и слобода, токму како што денес тоа го прави претседателот Бајден“.

притисни ентер