Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
СветУкраина, Грузија и Блискиот Исток главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ Состојбите во Украина, Грузија и на Блискиот Исток и новиот Пакт за Медитеранот ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија (ФАЦ), со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ.Состојбите во Украина, Грузија и на Блискиот Исток и новиот Пакт за Медитеранот ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија (ФАЦ), со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Советот ќе започне со разговор на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ со нивниот украински колега Андриј Сибиха преку видео конференциска врска, посветен на најновите случувања поврзани со руската агресија врз Украина. По ова ќе следи дискусијата на европските министри за сите аспекти на поддршката на ЕУ за Украина, пред се за дополнително зајакнување на воената помош за Украина и нејзината одбранбена индустрија, како и за поддршката на глобалните напори на постигнување целосен и безусловен прекин на огнот. На состанокот ќе стане збор и за зајакнување на притисокот врз Русија, вклучително и за постигнување договор за 18-тиот пакет санкции кон Москва поврзани со агресијата врз Украина, но и за мерки поврзани со руските хибридни активности и кршењето на човековите права во земјата. Потоа, Советот ќе размени мислења за ситуацијата во Грузија и ќе ги разгледа можните рестриктивни мерки против Тбилиси како одговор на „растечката репресија од страна на грузиските властите“, вклучително и за приведување на опозициски лидери, ограничување на граѓанските слободи и стеснување на просторот за активисти на граѓанското општество и независните медиуми. Во попладневното продолжение на состанокот, се очекува министрите да разговараат за состојбите на Блискиот Исток, пред се состојбите во Газа и за случувањата поврзани со Иран. Дискусија ќе започне со информации за настаните во Газа и за напорите на ЕУ за подобрување на хуманитарната ситуација на теренот со целосно укинување на израелската блокада на Појасот и овозможување непречен пристап и континуирана дистрибуција на хуманитарна помош за цивилното население. Се очекува Калас уште еднаш да ги повика министрите да постигнат консензус за понатамошни санкции против екстремистичките еврејски доселеници и субјектите и организациите што ги поддржуваат, како и против Хамас. Советот, исто така, треба да ги разгледа најновите настани во врска со Иран, вклучително и за напорите на ЕУ за поддршка на Меѓународната агенција за атомска енергија во нејзиното следење и верификација на нуклеарната програма на Иран. По ова, членовите на Советот ќе одржат дискусија на тема „Медитеран 2025: Пактот и реформата на Унијата за Медитеранот“, чија цел е да се даде нов поттик на ангажманот на ЕУ во медитеранскиот регион и на подготовката на новиот Пакт за Медитеранот, кој се очекува да биде презентиран претстојнава есен. Покрај ова, предвидено е министрите да се осврнат на односите на ЕУ со Заедницата на латиноамерикански и карипски држави (ЦЕЛАЦ), на поддршката на Унијата за зајакнување на отпорноста на Молдавија, на состојбата во Сомалија, како и на соработката на блокот со Јапонија и Кина. Пред почетокот на денешното заседание на ФАЦ, Калас ќе организира работен појадок со молдавскиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Михаи Попшои, на кој ќе се разговара за случувањата во Молдавија, особено во светло на претстојните парламентарни избори.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ на покана на Зеленски на важен состанок во УкраинаСрпскиот претседател, Александар Вучиќ, преку социјалните мрежи се огласи утрово во 7:00 часот од Украина со порака за граѓаните.Во објавата на официјалниот профил на Вучиќ на Инстаграм се вели: „Денес, на покана на претседателот Зеленски, присуствувам на состанок на Иницијативата за карпатска интеграција, важен проект за економско, транспортно и инфраструктурно поврзување на земјите од поширокиот карпатски регион. Сето ова го правам за дополнително да обезбедам стабилност и мир за нашите граѓани и за Србија“. https://www.instagram.com/reel/DdaoMGcug45/?utm_source=ig_embedТагови: Александар Вучиќ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен членНов Зеланд не водел разговори со Европската Унија за можноста да стане придружна членка, изјави денеска портпаролот на новозеландскиот министер за надворешни работи Винстон Питерс, откако ЕУ објави дека разгледува таков предлог за Канада. „Немало никакви дискусии со ЕУ за тоа Нов Зеланд да стане придружна членка“, рече портпаролот, како што пренесе Ројтерс. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да ѝ ја отвори вратата на Канада да стане првата „придружна членка“ на ЕУ, во обид да се воспостават нови врски меѓу сојузниците во „отворено непријателски свет“. Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со царини доколку продолжи со предлогот за Канада, нарекувајќи ја идејата „смешна“. Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, вчера изјави дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да го следат примерот на Канада во продлабочувањето на односите со ЕУ. „Не се сомневам дека во ова ќе бидат вклучени и други земји“, рече таа во интервју за телевизиската мрежа „Еуроњуз“. „Тоа веќе го гледаме, вклучително и во однос на законодавството што го усвојуваме, каде што партнери од целиот свет – како Австралија и Нов Зеланд – ни порачуваат: сакаме да ги продлабочиме нашите односи.“ Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, во вторникот изјави дека Австралија е „на иста бранова должина“ со Канада во однос на напорите за воспоставување посилни врски со ЕУ.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ФудбалСамба во Манчестер – запамтете го ова име! Младиот фудбалер Флојд Самба е главна тема на вечерта во светскиот фудбал, откако остави одличен впечаток на своето деби за Манчестер Сити.17 годишниот Флојд Самба вчера дебитираше за првиот тим на Манчестер Сити и „не само што блесна на ’Етихад‘, туку и го засени уште еден многу познат тинејџер од Манчестер“, пишува Би-би-си по победата на Сити од 5:0 против Норич во Лига-купот. „Сториите на порталите, објавите на социјалните мрежи и новинските колумни оваа недела беа преплавени со вести дека високоценетиот 15-годишен напаѓач Џеј-Џеј Габриел е пред заминување од Манчестер Јунајтед. Сепак, таа приказна во петокот беше засенета од импресивното професионално деби на 17-годишниот Самба, кој постигна два гола во победата на Сити од 5–0“, се вели во текстот со кој тинејџерот му се претставува на јавноста. Флојд Самба е германски младински репрезентативец, има само 17 години и вечерва блесна против Норич во победата од 5:0 на „Сити“ во осминафиналето на Лига-купот. Samba gives Manchester City the lead !! https://t.co/IWW2iQeGoc — Best Moments Captured. (@BestMomentsCa) September 17, 2026 Самба го отвори резултатот со прекрасен удар со глава во 29-тата минута, по асистенција на уште еден дебитант во дресот на „Граѓаните“ – Бразилецот Алан. Шерки зголеми на 2:0 во 32. минута, а потоа Алан го круниса своето деби со прекрасен гол во 48. минута, повторно насочувајќи го вниманието кон Самба. И како да не биде така, со оглед на одличниот гол што го постигна во 54. минута, по втората асистенција на Аит-Нури. Уште еден тинејџер, Рајан Мекаду, го постигна петтиот гол во 90. минута од натпреварот. Во осминафиналето на Лига-купот, Сити ќе се соочи со Брајтон, кој претходниот ден го шокираше Јунајтед на „Олд Трафорд“. Презимето Самба им е добро познато на долгогодишните следбеници на Премиер-лигата, забележува Би-би-си, потсетувајќи дека Флојд е син на поранешниот одбранбен играч на Блекбурн и КПР, Кристофер Самба, кој одиграл 171 натпревар во Премиер-лигата за тие два клуба, како и уште 12 во Чемпионшип за Астон Вила.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29