Украдена вредна слика на Ван Гог од затворен музеј - Канал 5

Украдена вредна слика на Ван Гог од затворен музеј

Вредна слика на познатиот уметник Ван Гог е украдена во текот на ноќта од холандскиот музеј кој е моментно затворен поради пандемијата на коронавирус.

Украдена вредна слика на Ван Гог од затворен музеј

Според изјавата од музејот „Сингер Ларен“, сместен во Амстердам, станува збор за слика на која е прикажана градина во Нуенен во пролет, која била на позајмица од музејот Гронингер, пренесува Си-Ен-Ен.

„Јас сум шокиран и неверојатно лут“, рече директорот на музејот Јан Рудолф де Лорм на прес-конференцијата попладнево.

"Ова е многу лошо за музеите на Гронингер и Сингер. Но, пред сè, овој настан влијае врз сите нас. Делата на уметноста се таму за да ги споделиме, за целото општество. Треба да нè инспирира и утеши, особено во овие тешки времиња". додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

180 тркачи на стартот на првото издание на „Каменица Треилс“

На 10 октомври Македонска Каменица ќе биде домаќин на првото издание на „Каменица Треилс“, нова треил трка која ги поврзува градот, Калиманското Езеро и Осоговските планини.

180 тркачи на стартот на првото издание на „Каменица Треилс“

Интересот за првото издание е голем – пријавени се вкупно 180 тркачи. Трката е организирана во две категории: „Сива Кобила Треил“, долга 33 километри со 1.800 метри висинска разлика, и „Буов Треил“, долга 15 километри со 700 метри искачување. Двете патеки стартуваат и завршуваат во Македонска Каменица. Дополнително ќе има организирано и детска трка која ќе биде од ревијален карактер.

„Каменица Треилс“ е создаден со идеја преку планинското трчање да се промовираат природните убавини и туристичкиот потенцијал на овој дел од Источна Македонија. Трките тргнуваат од “Паркот на Рударите” во Каменица и набрзо се искачуваат кон планината, низ шумски предели и отворени планински пространства, со панорамски погледи кон Калиманското Езеро и Осоговските планини.

Првото издание на „Каменица Треилс“ ќе биде можност за тркачите да запознаат нова планинска дестинација, но и почеток на една нова спортска приказна во Македонска Каменица.

На 10 октомври, Каменица трча кон планината.

Агенда на настанот

Петок, 09 октомври

17:00 – 21:00 | Дом на Културата – Каменица

Подигнување на стартни пакети и можност за запознавање со организацијата и информациите за трката.

Сабота, 10 октомври

07:00 – 08:45 | Дом на Културата – Каменица

Подигнување на преостанатите стартни пакети.

09:00 | Парк на Рудари

🏃 Старт на Буов Треил 15К и Сива Кобила Треил 33К

09:45 – 10:00 | Парк на Рудари

👧 Детска трка

10:30 | Парк на Рудари

🏁 Очекуван прв финишер на Буов Треил 15К

12:40 | Парк на Рудари

🏁 Очекуван прв финишер на Сива Кобила Треил 33К

14:00 | Парк на Рудари

🎵 Музички настап – Grooveitup

15:00 | Парк на Рудари

🏆 Прогласување на победниците и доделување на наградите

15:30 – 16:00 | Парк на Рудари

🎵 Музички настап – Grooveitup

17:00 | Парк на Рудари

Крај на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две децении ЈП ПОЦ: Средба на поранешните и актуелниот директор

По повод одбележувањето на 20-годишнината од основањето на ЈП Паркинзи на Општина Центар (ЈП ПОЦ), денес во просториите на претпријатието се одржа средба на поранешните директори со актуелниот директор Душко Коцевски.

Две децении ЈП ПОЦ: Средба на поранешните и актуелниот директор

На средбата присуствуваа поранешните директори Тодор Делјановски, Вангел Андрески, Саша Богдановиќ и Васко Кичевски.

Средбата беше можност за размена на искуства и сеќавања, како и за разговор за развојот на претпријатието, предизвиците со кои се соочувало во различни периоди и промените и достигнувањата во изминатите две децении. Со оваа средба воедно започнаа и подготовките за одбележување на значајниот јубилеј – 20 години од основањето на ЈП ПОЦ.

„Дваесет години се значаен период во кој претпријатието поминало низ многу промени и предизвици. Денешната средба беше убава можност да се потсетиме на почетоците, да размениме искуства и да им оддадеме признание на сите кои низ годините придонеле за развојот на ЈП ПОЦ. Секој период оставил свој белег, а наша задача е да го продолжиме тој развој и да обезбедиме уште подобри услуги за граѓаните", истакна директорот Душко Коцевски.

Како дел од јубилејните активности, предвидена е изработка на публикација посветена на 20-годишнината, која ќе го документира развојот на претпријатието низ годините и ќе содржи сведоштва, искуства и сеќавања од луѓето кои во различни периоди биле дел од неговото раководење и развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците

Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта.

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски утринава ги додели првите картички за зелена нафта во Свети Николе, а потоа им врачи картички и на земјоделците во Битола, каде што во изјава за медиумите соопшти дека од денес започна распределбата на вкупно 48.037 картички, за која се обезбедени 584 милиони денари, односно околу 9,5 милиони евра.

„Финансиската поддршка започна да стигнува до земјоделците во период кога имаат потреба за вложување во есенската подготовка на почвата, за купување на семенски материјал и ѓубрива, како и за одржување на механизацијата. Приходите од родот доаѓаат подоцна, а трошоците се прават сега. Затоа, зелената нафта има непосредна практична вредност за секој земјоделец во државата“, рече министерот Серафимовски.

Тој појасни дека мерката се спроведува преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, а износот за секој корисник се утврдува според површините и културите пријавени во барањата за директни плаќања во 2025 година.

„Помошта се движи од 3.200 до 12.000 денари по хектар. За пченица, јачмен, пченка, ориз и другите култури во таа група изнесува 3.200 денари, а за сончоглед, маслодајна репка, луцерка и останатите култури во соодветната категорија - 4.800 денари по хектар. За градинарските култури опфатени со мерката и за лозовите насади се предвидени 9.600 денари по хектар. За јаболко, круша, слива, праска и другите овошни култури во оваа група износот е 12.000 денари, а за дуња, калинка, бадем, лешник и останатите култури во нивната категорија - 8.800 денари. За тутунот помошта е 11.000 денари, а за оревите и питомите костени - 6.000 денари по хектар“, изјави министерот Серафимовски во Битола.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер