Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче
Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција
1Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче
2Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција
Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
1Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
МакедонијаУкинувањето дискреционото право на директорите при вработување медицински кадар помина на Комисијата за здравствоУкинувањето на дискреционото право на директорите на избор при вработување медицински кадар во јавното здравство, помина на денешната 12. седница на собраниската Комисија за здравство. Предлог законот за дополнување на Законот за здравствена заштита по скратена постапка, се проследува на пленарна седница на парламентот. Пратеничката Јована Мојсоска од Левица рече дека станува збор за измена на Законот за здравствена заштита. Таа истакна дека во минатото имало негативна пракса при што се користело правото на директорите на здравствените установи, при вработување на медицински кадар. - Ова дискреционо право се покажа како погубно, а беше критикувано и од медиумите, дека не се вработуваат најдобро рангираните кандидати од медицинскиот кадар, туку се вработуваат пониско рангирани кандидати. Со тоа се доведува во прашање и квалитетот на здравствениот систем. А квалитетот и интегритетот на кадарот мора да бидат највисока вредност. Сметаме дека со укинување на ова дискреционо право на директорите, за што има и автентично толкување дека претставува еден вид на дискриминација, конечно ќе биде исправена една неправда. Со тоа значително ќе се подобри здравствениот систем, што, особено во јавното здравство е на стаклени нозе, за што покажуваат и податоците, додаде Мојсоска. Таа сподели дека државава во 2024 година изгубила над две илјади медицински сестри, секоја година се губеле над двеста лекари. - Нормално дека причината за тоа сигурно не е само во дискреционото право на директорите, туку се работи за еден системски проблем поради што врвни медицински кадри наместо тука, лечат во странство. Сметаме дека сепак укинувањето на ова дискреционо право на директорите, е еден мал чекор кон подобрување на јавното здравство и задржување на најквалитетниот медицински кадар, подвлече Мојсоска. Александра Николовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, изрази задоволство што нејзиното прво обраќање пред оваа комисија е токму на тема од нејзината стручна област. Затоа што, како што истакна, здравството, како клучен показател за развојот и благосостојбата на една држава, не смее да зависи од поединечна волја, туку мора да биде засновано врз јасни и еднакви правила за сите. - Овој предлог-закон навлегува директно во суштината на довербата - и во јавното здравство, и во институциите. Начинот на вработување на здравствените работници не е техничко прашање, туку суштинска системска корекција што воведува транспарентни, објективни и мерливи критериуми. Ова го зборувам и од лично искуство. Како доктор, кој од неодамна го помина целиот процес за вработување, добро знам колку е важно оценувањето да се темели исклучиво на знаење, стручност и резултати, а не на субјективни одлуки, нагласи Николовска. Таа подвлече дека тоа е особено значајно за младите лекари, кои вложуваат години труд и очекуваат фер и правичен третман. - Поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за овој закон е дел од нашите пошироки заложби за поедноставување на процедурите и за воспоставување систем на транспарентност, отчетност и одговорност во јавниот сектор. Ние веруваме во држава што подеднакво го вреднува трудот и квалитетот на секој еден граѓанин, додаде Николовска. Според неа, со усвојувањето на овој закон, се испраќа јасна порака дека јавниот интерес е над индивидуалните и партиските интереси и дека квалитетот мора да биде единствениот критериум што одлучува. - Дополнително, ми претставува чест што сум дел од пратеничката група што неуморно работи за темелна реформа и подобрување на целокупниот здравствен систем, и што паралелно подготвува и нови закони во оваа област што ќе бидат прикачени на ENER. Со ова, ќе ги регулираме прашањата поврзани со вработувањата како начин за поддршка за најдобрите студенти, како и начинот на селекција на специјализантите, и многу други суштински реформи што ќе изградат квалитетен и одржлив здравствен систем. Затоа, го поддржуваме овој предлог-закон и повикуваме на негова поддршка, во интерес на здравствените работници и на граѓаните, нагласи Николовска. Како предлагачи на предлог-законот се потпишани пратениците Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев.Тагови: Комисија за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНакит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукцијаОколу 300 ретки предмети и уметнички дела поврзани со руското царско семејство Романови, проценети на повеќе од 15 милиони долари, ќе бидат понудени на аукција во „Сотбис“ на 16 декември во Њујорк.Според аукциската куќа, дел од колекцијата на њујоршката галерија „A La Vieille Russie“ ќе им биде понудена на колекционери и инвеститори, пренесува ТАСС. Колекцијата вклучува предмети од широк спектар на периоди и категории, од ремек-дела на накит создадени од Карл Фаберже до слики, порцелан и сребрени предмети. Многу од лотовите се изложени на големи изложби посветени на делото на Фаберже и руската уметност во водечките светски музеи и уметнички галерии. Пред аукцијата, избрани ремек-дела ќе бидат прикажани на јавноста во Париз, Женева, Лондон и Њујорк.Тагови: накит фаберже Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ЕвропаПукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче Шпански полицаец и куче трагачи беа убиени денеска, додека друг полицаец изгуби нога откако бомба скриена во ранец експлодираше по пукањето.Полициските службеници беа повикани на локација во северниот град Овиедо по пријави за пукање по семејна расправија, за време на која 17-годишно девојче беше тешко повредено, објави Дејли Меил. Полицијата и членовите на единицата за деактивирање експлозивни направи пристигнаа на местото на настанот, каде што пронајдоа ранец со експлозивна направа, за која се сомневаше дека ја оставил напаѓачот, пред влезот во зградата. Додека полицајците ракуваа со уредот, се случи експлозија, при што загина еден човек, локално идентификуван како Хуан Хозе, член на Специјалната кучешка единица. Тригодишен германски овчар по име Дани, кој му помагал за време на операцијата, исто така загинал во експлозијата, соопшти Националната полиција на Шпанија. Повредениот полицаец беше член на единицата за деактивирање експлозивни направи. Откако ја изгуби едната нога, неговата состојба остана критична. Тинејџерката повредена во пукањето останува во болница, но повеќе не е во критична состојба. Полицијата соопшти дека сè уште се обидува да го пронајде осомничениот, 64-годишен шпански државјанин за кој се вели дека има долго криминално досие, објави шпанскиот весник „Ел Паис“. Властите ја исклучија можноста за терористички мотив. ATENTADO EN ESPAÑA Un tipo le disparo a una piba de 17 años La policia fue a su casa pero ya se habia fugado Encontraron una mochila bomba y Mientras la movian a un lugar seguro explotó, matando a un policía de la unidad canina y a su perro deny Otro perdió la pierna https://t.co/eTqS1ZkMxn — ElBuni (@therealbuni) November 10, 2026 Сопругата на осомничениот веќе е уапсена како дел од полициската истрага. Властите наводно го блокирале подрачјето каде што се случила експлозијата додека се обидуваат да соберат повеќе информации. Националната полиција на Шпанија изрази сочувство за смртта на Хуан Хозе, велејќи во соопштението: „Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите, колегите и сите најблиски до него“. Тие додадоа дека му посакуваат на повредениот полицаец „брзо закрепнување“. Шпанскиот премиер Педро Санчез се огласи на социјалните мрежи за да го изрази својот „длабок шок“ поради смртта на службеникот на Националната полиција. „Нема зборови што можат да ја ублажат болката на неговото семејство и колегите“, напиша тој. „Им ја испраќам целата моја љубов и мојата целосна поддршка на тешко повредениот полицаец. Вашата посветеност и храброст заслужуваат благодарност од целата земја“.Тагови: полицаец Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција„Имено со овој амандман предлагаме членот 13 да се избрише и амандманот се предлага во врска со укажувањата на претседателката на републиката. “„Овој закон директно се носи заради новонастанатите услови во светот по геополитичката реалност и заради тоа што се нефункционални сегашниве услови на законот. Ова е неколку пати овој закон да се менува од кога ова владеачко мнозинство е во Собранието, и претходниот пат за првпат во историјата беше искористен инструментот антикорупциска проверка и сето она коешто антикорупциската комисија го достави до Собранието ние го прифативме и го внесовме. Така да со бришењето на овој член комплетно ги прифаќаме указите од претседателката и сметаме дека непречено овој закон може да продолжи во својата постапка да биде усвоен и да го олесниме системот и да го направиме попрактичен, позаконски, потранспарентен и поцелоисходен за целата државна управа“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието. Стојаноски истакна дека измените на Законот за јавните набавки се дел од Реформската агенда и имаат за цел унапредување на системот преку воведување дигитални алатки и вештачка интелигенција, со што ќе се подобри процесот на јавни набавки, ќе се намалат ризиците од корупција и злоупотреби и ќе се поттикне реализацијата на инфраструктурните и другите проекти. „Овој закон е дел од Реформската агенда, активност којашто треба да се спроведе. Се дополнуваат надлежностите на бирото за јавни набавки во делот на дигитални алатки и вештачка интелигенција како инструменти за подобрување на процесот на јавни набавки и намалување на ризиците од корупција и други злоупотреби. Зошто на крајот од денот се носи овој закон? За да се поттикне реализацијата на проектите и оваа држава да оди напред. Еве ова е Државен завод за статистика градежништво. Тука можете да видите споредба помеѓу 29 квартали на СДС и 8 на ВМРО-ДПМНЕ, сега да видите која е разликата и зошто овој закон се менува. Кога ќе ги соберете сите 29 квартали на СДС, 14 се негативни, 15 позитивни, ВМРО-ДПМНЕ 8 квартали, 8 позитивни. Плус 14,1 просечен квартален реален раст на градежништво, а СДС во 29 квартали минус 0,2. Има вештачка интелигенција, има усогласување со планот за раст и на крајот од денот има логички работи коишто ќе го подобрат системот на распишување на тендери на јавни набавки“, дециден е Стојаноски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook