УЈП избрана во Извршниот одбор на IOTA, признание за експертизата на институцијата на европско ниво - Канал 5

УЈП избрана во Извршниот одбор на IOTA, признание за експертизата на институцијата на европско ниво

 Управата за јавни приходи на 29. Годишно собрание на Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA), што се одржа во Баку доби место во Извршниот совет на оваа престижна меѓународна организација.

УЈП избрана во Извршниот одбор на IOTA, признание за експертизата на институцијата на европско ниво

- Ова признание претставува значаен успех за Управата и потврда за долгорочната, професионална и посветена вклученост во иницијативите на IOTA, каде што УЈП е активен член од 1997 година. Изборот во Извршниот совет не само што ја признава експертизата и резултатите на организацијата, туку истовремено претставува и обврска за натамошна проактивност во поставувањето на стратешки насоки, како и во решавањето на актуелните предизвици во областа на даночната политика и администрација на европско ниво, информираа денеска од УЈП.

Управата за јавни приходи доби и специјално признание за активниот придонес на своите претставници во рамки на IOTA Форумот за управување со даночни долгови. Признанието било доделено од страна на извршниот секретар на IOTA, Alix Perrignon de Troyes.

Од УЈП информираа дека делегацијата на УЈП предводена од директорката Елена Петрова остварила билатерални средби со високи претставници на европски даночни администрации.

- Особено значајна беше средбата со г. Orkhan Nazarli, директор на Државниот даночен сервис на Азербејџан и досегашен претседател на IOTA, кој изрази подготвеност за воспоставување директна билатерална соработка меѓу двете институции. Овие признанија не претставуваат само институционален успех за УЈП, туку и значаен придонес за меѓународната видливост и позиционирање на Република Северна Македонија како земја со модерна, реформски ориентирана и транспарентна даночна администрација, стои во соопштението од УЈП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со Иран

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција со која се бара повлекување на американските сили од воените дејствија против Иран, освен доколку Конгресот не одобри понатамошен ангажман.

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со Иран

Резолуцијата, предложена од демократите, е усвоена со 215 гласа „за“ и 208 „против“, а ја поддржаа и четворица републиканци, кои гласаа спротивно на ставот на својата партија.. Иако резолуцијата има претежно симболичен карактер поради можноста претседателот да стави вето, таа претставува значајна политичка порака до Белата куќа.

Доколку мерката биде усвоена и во Сенатот, Трамп најверојатно ќе стави вето за да го спречи нејзиното стапување во сила. За надминување на претседателското вето е потребно двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот, што во моменталниот политички распоред се смета за малку веројатно..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија откри 111 случаи на редок рак поврзан со импланти за гради

Шпанските здравствени власти потврдија дека до крајот на 2025 година ќе бидат регистрирани вкупно 111 случаи на анапластичен лимфом на големи клетки, ретка форма на рак поврзан со импланти за гради.

Шпанија откри 111 случаи на редок рак поврзан со импланти за гради

Шпанската агенција за лекови и медицински помагала (Aemps) примила вкупно 146 сомнителни пријави откако започнала да ја следи состојбата во 2012 година, објавува Euronews.

Податоците се дел од шестиот извештај за следење на националниот протокол за откривање и проучување на овој вид лимфом, изготвен врз основа на извештаи регистрирани во Системот за надзор на медицински производи. Агенцијата со години спроведува надзор на специфични болести во соработка со медицинските друштва и европските здравствени власти.

Според извештајот објавен од агенцијата, најголем број пријави се регистрирани во Мадрид, по што следат Андалузија, Каталонија и Валенсија.

Анапластичниот лимфом на големи клетки поврзан со импланти на дојка, меѓународно познат како BIA-ALCL, е редок вид на не-Хочкинов лимфом.

Важно е да се напомене дека ракот не потекнува од самото ткиво на дојката, туку од клетките на имунолошкиот систем кои можат да се развијат во ткивната капсула околу имплантот.

-Aemps нагласува дека ова е ретка болест чија инциденца е ниска во споредба со големиот број жени кои имаат импланти на дојка. И покрај ова, агенцијата ја нагласува важноста на понатамошниот надзор и подобрувањето на раното откривање. Досегашните истражувања сугерираат дека болеста има повеќе причини.

Меѓу факторите што се проучуваат се видот на имплантот што се користи, генетската предиспозиција и можните воспалителни процеси или контаминација поврзани со имплантацијата. Сепак, експертите забележуваат дека дефинитивна причинско-последична врска сè уште не е утврдена и дека механизмот што го активира развојот на лимфом сè уште не е прецизно познат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на Фејсбук напиша: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот.

Јанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот

Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот.

Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци.

[✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер