Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
2Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
МакедонијаУХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во порастСледува период на топло време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УХМР за утре најавува минимална температура од -1 до 7 степени, а дневната од 14 до 26 степени. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаОтчет за две години работа на претседателот Гаши: Собранието – дом за сите!Во Собранието денеска беше презентиран двогодишниот извештај за работата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој ги опфаќа активностите во периодот од мај 2024 до мај 2026 година.Извештајот е структуриран во три клучни столба: законодавна и надзорна функција, претставничка функција и парламентарна дипломатија, како и транспарентност, комуникација и близина со граѓаните. На 160 страници се претставени резултатите од работата на Собранието во изминатите две години, преку податоци за одржаните пленарни седници, усвоените законски акти, пратеничките прашања, интерпелациите, јавните и надзорните расправи, координациите и претседателствата. Опфатени се и бројните билатерални и мултилатерални активности, официјални и работни посети, приеми и други форми на парламентарна дипломатија. Посебно внимание е посветено на напорите за поголема транспарентност и отвореност на Собранието кон јавноста, преку јавни обраќања, интервјуа, брифинзи, соопштенија, организирани посети на Собранието, активности на пратеничките канцеларии, парламентарниот караван, едукативни работилници и примена на дигитални алатки за комуникација со граѓаните. Зборувајќи за Извештајот, претседателот Гаши истакна дека тој претставува чин на одговорност, транспарентност и почит кон граѓаните. Зад секоја бројка стои вложен напор Собранието да стане потранспарентно, поотворено и поблиско до граѓаните. Добивањето јавна функција е сериозна обврска кон очекувањата и довербата од граѓаните, а секоја доверба бара искрена отчетност. Ова двогодишно патување не е по најлесниот, туку по вистинскиот пат. Демократијата не се гради за еден ден и никогаш не завршува како процес, рече Гаши. Ангажманот во текот на овој половичен мандат, претседателот Гаши го посвети на зајакнување на Собранието како израз на демократската зрелост и како темел на стабилноста на институционалниот поредок на државата. Неговата визија беше едноставна: Собранието – дом за сите, со убедување дека демократијата е процес што бара континуирана работа, постојан интегритет и долгорочна визија. На крајот, претседателот на Собранието упати благодарност до пратениците, собраниската служба, граѓаните, медиумите и меѓународните партнери за нивниот придонес во работата на институцијата, нагласувајќи дека постигнатите резултати се заеднички успех, но дека претстојат уште многу предизвици, реформи и задачи во насока на понатамошно унапредување на парламентарната демократија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
КултураДејан Дуковски: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ има многу важна улога за мене како авторУште како студент учествував со „Балканот не е мртов“, љубовна приказна меѓу Турчин и Македонка, текст кој имаше многу напади од типот дека сум против македонската кауза. Но, се појавија неколкумина на фестивалот што застанаа зад претставата и текстот и јас ја добив наградата за најдобар текст. Фестивалот имаше голема улога во моето растење како автор - рече Дејан Дуковски, вчера на разговорот посветен во негова чест како автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Топла атмосфера, многу почит кон Дуковски можеше да се сведочи меѓу присутната публика. Пред разговорот, беше отворена изложба на 75 театарски плакати од претстави работени според драмите на Дуковски низ цел свет. Автор на изложбата е Јасмина Алексова. -Изложбата на театарски плакати обединува две уметнички практики драмска и ликовна. И овие плакати се само дел од вкупниот број плакати па работени по претставите на Дејан. И плакатот сам по себе претставува еден вид визуелен сублимат на драмскиот текст и неговото поставување на сцена или на филмското платно. И самата улога му е да најави, да информира, да ја испровоцира публиката да го види делото - рече Алексова. Во разговорот на Дуковски со Стојаноска, тој се потсети на неговиот учител, Горан Стефановски, за кого вели дека инсистирал да читаат драми, Шекспир... Тој ни велеше, сè е напишано во античката драма и дека ние треба да рециклираме драми, односно да ги разработуваме истите теми. На прашањето какви искуства имал со режисерите, посебно со тие со кои работел прв пат, Дуковски истакна дека не секогаш имал среќа. -Некогаш се случува некои претстави да бидат и подобри од самиот текст, отвориле нови нивоа, нови стојалишта. Многу пати се изгубени дури и оние основните нешта. Тоа е една од вистините кога пишуваш драма, не знаеш каков ќе биде крајниот производ на сцена. Јас секогаш ги затворам текстовите после претставите, односно после интерпретацијата на актерите. Многу пати во самиот процес некои реплики доаѓаат, па пак се прифаќаат, форма, затоа што е важно да поминат низ филтерот на актерите. Тие најдобро ги детектираат зборовите и чувствата. Драмата не е уметност на самите зборови, драмата е уметност на контекстите и на чувствата кои тие зборови ги носат во претставата - рече Дуковски. На моите студенти кога редовно им предавам за Дуковски, им напоменувам дека постојат драмски автори коишто се еве, академски драмски автори. Главниот терет на драмата го носат актерите и начинот на кој што режисерот ќе ја направи претставата, истакна Стојаноска. -Драмата ја гледаме и вистински ја разбираме во мигот кога ќе ја видиме на сцена. Пред десетина години напишав еден текст „Колку ме боли кога те нема“, според реплика „Маме му е... кој прв почна“, односно последната песна, во којашто цело време размислувам за сликата на љубовта во драмите на Дејан Дуковски. Кога ги гледате во претстава, тоа не е типична љубовна изјава, тоа е травестија на љубовта, едноставно излегува настрана. И токму мислам дека е тоа многу важно кога ги читаме драмите, да не го заборавиме тој контекст на сценското што го бара баш Дејан. Овој контекст важи и при пишувањето, меѓутоа и при поставувањето на претставата во оваа форма - рече Стојаноска. Дуковски тврди дека кога репликите ќе се кажат на сцена, тие добиваат поширок контекст и значење. Какво беше првото поставување на „Црно злато“, претстава што в петок ќе гостува на фестивалот, на затворањето и ќе биде убава прилика за македонската публика да ја види. -Мислам дека Оливер Фрлјиќ во моментов е еден од поинтересните режисери на овие простори. Мислам дека самата претстава носи автентичен израз, прилично свеж. Претставата не е така ангажирана како што вообичаено се очекува од Фрлјиќ. Мислам дека ова е една фаза негова посмирена во драмска смисла. Фрлјиќ работи многу убаво тимски - рече Дуковски. Актерката Катерина Коцевска го сподели впечатокот од премиерата во Белград и истакна дека публиката не поделила куртоазен аплауз, туку многу искрен. Таа истакна дека е голем потег тоа што Стојаноска годинава ја носи претставата во Прилеп. Во однос на темата поставување и поддршка на новите текстови, Дуковски рече дека смета дека треба да се организираат повеќе драмски читања. На прашањето дали замислувал кога бил студент дека ќе дојде ден кога неговото дело ќе биде славено на фестивалот од калибарот на „Чернодрински“, тој вели дека токму од Прилеп се лансирал како автор. -Уште како студент учествував со „Балканот не е мртов“, љубовна приказна меѓу Турчин и Македонка, текст кој имаше многу напади од типот дека сум против македонската кауза. Но, е појавија неколкумина на фестивалот што застанаа зад претставата и текстот и јас ја добив наградата за најдобар текст - рече Дуковски. Оливера Ќорвезироска од име на издавачот „Арс Ламина“ ги промовира двете книги драми на Дејан Дуковски, посочувајќи дека станува збор за прапромоција на делата објавени во едицијата Македонски книжевни класици. Таа направи убав пресек не само на делото и значењето на Дуковски, но и поширока компаративна анализа за македонската постмодерна на која и тој и припаѓа. -Ова двотомно издание е значајно и јасно видливо од која точка и да се погледне. Како крупните, маркантни објекти што постојано ги гледаме, колку и да сме оддалечени од нив. Како ориентир што ни дава сигурност дека нема да се изгубиме сè додека го имаме во очите, како чувство дека сме таму каде што треба да бидеме. Значајно е за Дејан Дуковски; значајно е за едицијата и за издавачот; уште позначајно е за сите нас, зашто на едно место и со најнов авторски препрочит (што е исклучително важно и возбудливо!) имаме десет драми, сосе најновата „Црно злато (Опиум или Пари)“; а најзначајно е, сепак, за македонската драма, за македонскиот театар, за македонската книжевност и за македонскиот широк културен контекст - рече Ќорвезироска. Драмите на Дуковски не се остров сред морето на современата македонска книжевност, туку цврсто копно втемелено заедно со другите жанрови. Тие не се ниту одделени и изолирани од современата книжевност, иако лично сметам дека премалку зборуваме и се занимаваме со тоа, со единството на уметноста создадена, во нашиов случај – напишана, на македонски јазик. Новиот жанр во Македонски книжевни класици дополнително го збогати опсегот на едицијата и на тоа сме мошне горди, истакна таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!Првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев на фејсбук објави дека продолжуваат градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!Продолжуваат градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар! Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина. Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани. [✔️] Побрз сообраќај [✔️] Поголема безбедност [✔️] Подобра поврзаност Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!- стои во објавата на Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter