УЕФА поведе истрага за скандирањето „Косово е Србија“- на Романија ѝ се заканува висока казна - Канал 5

УЕФА поведе истрага за скандирањето „Косово е Србија“- на Романија ѝ се заканува висока казна

Инциденти го одбележа натпреварот помеѓу Романија и Косово кој се одигра во Букурешт за квалификациите за ЕП.

УЕФА поведе истрага за скандирањето „Косово е Србија“- на Романија ѝ се заканува висока казна

Домаќините победија со 2:0, но дури откако натпреварот продолжи по пауза од 45 минути. Тоа се случи бидејќи косовските фудбалери демонстративно го напуштија теренот револтирани од навредите и омаловажувањата од романските навивачи.

Тие закачија транспарент „Косово е Србија“ зад јужниот гол, на трибината на ултрашите, а при интонирањето на химната на гостите, извикуваа „Србија, Србија“. Потоа од почетокот на мечот постојано извикуваа „Косово е Србија“. Во 22. минута на косовските фудбалери им беше доста од тоа, па го напуштија теренот иронично аплаудирајќи им на романските навивачи.

Притоа, официјалниот спикер преку разглас извика: „Ве молам престанете да го скандирате името на нашиот сосед! (Србија, оп.а.) УЕФА не толерира ревизионизам! Ова е последното предупредување!“ Ова го повтори неколку пати, но романските ултраши не го послушаа. Потоа го испроба ова: "Ве молам престанете да го пеете името на нашиот сосед! Вложуваме големи напори да ја одржиме играта. Ако продолжите да пеете, дефинитивно ќе прекине натпреварот!"

Натпреварот продолжи по паузата од 45 минути, но со нов инцидент. Фудбалерите на Романија и Косово се судрија непосредно пред ултрашите на домашната екипа. Секако, тие веднаш продолжија со скандирање „Косово е Србија“. Објавувачот одговори: "Не паѓајте на провокации! Не го пејте тоа што го пеевте пред малку!"

YouTube video

Чадорот на европската фудбалска организација УЕФА сега покрена постапка против Фудбалскиот сојуз на Романија, а на нивната репрезентација ѝ се заканува играње натпревари без публика, додека паричната казна е многу сигурна. Заедно со паролите за Косово, оспорен е и транспарентот „Бесарабија е Романија“, а се работи за историски регион на територијата на Молдавија и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер