УЕФА не го исфрла Реал од Лигата на шампионите - Канал 5

УЕФА не го исфрла Реал од Лигата на шампионите

На денешниот состанок на Извршниот одбор на УЕФА било одлучено Реал Мадрид да не биде исфрлен од Лигата на шампионите.

УЕФА не го исфрла Реал од Лигата на шампионите

Реал е единствениот од преостанатите три клуба на новоформираната Суперлига сè уште во европските натпреварувања. Јувентус и Барселона испаднаа порано од Лигата на шампионите. Претходните два дена, дури девет од 12-те основачи ја напуштија Супер лигата, натпреварување што требаше да биде директна конкуренција на Лигата на шампиони на УЕФА.

УЕФА одлучила засега да не казнува никого и да разгледа какви чекори ќе преземе во наредниот период. Најважно за навивачите на Реал е што клубот не беше исфрлен од Лигата на шампионите и дека ќе играат против Челзи во полуфиналето.

Претходно, Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, изјави дека ќе биде тешко да се исфрли Реал поради ТВ-правата.

"Сезоната е веќе започната и ние тешко ќе ја завршиме без Реал. Сопствениците на ТВ-правата ќе бараат обештетување доколку не се играат полуфиналните натпревари. Сепак, во иднина работите ќе бидат малку поинакви", рече претседателот на УЕФА за 24ур.

„Вратите на УЕФА остануваат отворени за секого, но секој ќе мора да сноси последици за своите постапки“, се закани Чеферин.

Претходно, Флорентино Перез, претседателот на Реал и на Суперлигата, изјави дека УЕФА не може да ги исфрли членовите во Суперлигата од оваа сезона во Лигата на шампионите.

"Реал и другите клубови во Супер лигата нема да бидат исфрлени од оваа сезона од Лигата на шампионите. Јас навистина би сакал да видам како имаат намера да го сторат тоа. Тоа нема да се случи затоа што законот не штити. Едноставно е невозможно".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер