3Мицкоски: Обвинувањата од СДСМ за јавниот долг се неосновани, задолжувањето е за враќање на нивните стари долгови
ФудбалУЕФА може да го отстрани Јувентус од европските натпреварувањаНа италијанскиот фудбалски великан Јувентус во јануари му беа одземени 15 бода во Серија А поради финансиски малверзации. Бодовите му беа вратени на клубот во април. Сега има ново судење. Федералниот апелационен суд на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) мора повторно да го разгледа случајот. Според „La Gazzetta dello Sport“, УЕФА може да го отстрани Јувентус од европските натпреварувања доколку не се донесе конечна одлука за овој случај во наредните месеци. Периодот на дисквалификација може да биде најмалку една година. Евентуална победа во Лига Европа нема да придонесе за укинување на суспензијата, но ќе помогне да се избегне подолга суспензија. Доколку одлуката за суспензија биде донесена, а „бјанконерите“ не се пласираат во еврокуповите, тогаш суспензијата ќе биде одложена за првата сезоната кога Јувентус ќе се квалификува за европските натпреварувања. УЕФА треба да подготви списоци за следните натпреварувања во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига по финалето на Лигата на шампионите во 2023 година на 10 јуни. На Јувентус може да му се даде дополнително време да аплицира - до крајот на јули или почетокот на август. Европската фудбалска асоцијација води паралелна истрага за финансиската измама на Јувентус. Синдикатот ги добил сите документи од обвинителството на Торино и ги проучува судските документи. УЕФА се надева дека пресудата на ФИГЦ за овој случај ќе биде објавена пред крајот на јуни. Доколку не се донесе одлука пред почетокот на новата сезона во европските купови, тогаш прашањето за настапот на Јувентус на меѓународните турнири ќе го разгледува Комисијата за фер плеј на УЕФА. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Струмица одземени речиси 1,1 милион евра, пари стекнати на нелегален начинЗа парите тие немале потекло, па против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари.Полицијата од една фирма и две физички лица од Струмица одзела речиси 1,1 милион евра, од кои во готовина речиси 600.000 евра, а другите се внесени на трансакциска сметка, објавија денеска на заедничка прес-конференција директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, претставници на СВР Струмица, УЈП, Финансиската полиција и Јавното обвинителство. За парите тие немале потекло, па против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари. Надлежните институции проверуваат како и на кој начин биле стекнати средствата, како и евентуалната поврзаност со кривичните дела за кои се води постапката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје„Западен нил“ попушта, но тројцата пациенти кои се на респиратот се во критична состојба Епидемиолошката крива на западно-нилската треска почнува да опаѓа, но Скопје останува епицентарот на вирусот со општините каде што е прогласена епидемија, а досега има евидентирано само два случаи во внатрешноста - Куманово и Велес. Според официјалните податоци од Инфективната клиника, поради воспаление на мозокот предизвикан од вирусот „западен нил“ сега се хоспитализирани 9 пациенти, 8 се потврдени на вирусот, а од нив тројца се во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење. Како оздравени се водат 40 случаи. Од регистрираните случаи, 44 или околу 79% се машки, а 12 или 21 отсто се жени. Според епидемиолошките податоци, најинтензивен период на појава на симптомите бил август што се смета за досегашен пик бидејќи дури 36 случаи, односно 64 проценти од вкупниот број се регистрирани тогаш. Во јули имало 17 случаи, два во јуни и еден во мај. Дека вирусот циркулира и понатаму потврдуваат и од Агенцијата за храна и ветеринарство бидејќи по угинатиот гавран во Ресен, и кај уште два гаврани кои биле подигнати во Карпош 2 кај Драмски театар, и во Карпош 4 е детектирана западно нилска треска. -Досега се добиени три позитивни лабораториски резултати. Присуството на вирусот е потврдено кај уште два угинати гаврани пронајдени на подрачјето на Скопје. Со досегашното следење на западнонилската треска е потврдена циркулација на вирусот кај птиците на територијата на град Скопје и нема потреба од понатамошно лабораториско испитување на поединечни случаи на угинати птици.- Агенција за храна и ветеринарство Во Карпош досега нема евидентирано случаи со тешка форма на болеста, а според според интерактивната мапа на Министерството за здравство најголемата концентрација на потврдени случаи останува во општините каде е прогласена епидемија. Кисела вода, поточно Драчево останува на врвот по бројот на потврдени случаи 11, Бутел – 6, Гази баба - 5 потврдени, Аеродром – 4, а случаи има и во Чаир и Центар, како и во повеќе општини во скопската околина. Инаку, според анализите на Институтот за јавно здравје најпогодени се повозрасните граѓани – 45 од заболените, односно 80,4 проценти, се на возраст над 60 години. Сите починати пациенти се мажи од Скопје, со просечна возраст околу 70 години, само кај еден од нив не се потврдени други хронични состојби, односно коморбидитети. Според податоците од Институтот за јавно здравје досега 56 те потврдени случаи се бројка што е поголема од вкупниот број на евидентирани случаи во Македонија во последните 15 години. Во последната недела, според извештајот на ИЈЗ има шест нови случаи, а вирусот зеде 7 жртви со што смртноста кај тешката форма на болеста е околу 12 проценти. Додека здравствените власти велат дека се преземаат сите активности со цел да се намали ризикот од пренос особено покрај потенцијалните жаришта како што се канали со застоена вода со прскања од копно, опозициската СДСМ бара одговорност за институционалните пропусти, и како што велат оттаму задоцнетата реакција што чини животи. Левица пак освен за ненавременото постапување, обвини и за неажурност од страна на Инстутутот и криење на извештаите за статистички податоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска: Од денеска и Македонија е дел од вертикалниот гасен коридорМакедонија и официјално се приклучи кон вертикалниот гасен коридор. Откако министерката за енергетика Божиновска денеска во Солун потпиша меморандум за соработка. Со приклучувањето кон овој коридор, како што нагласи Божиновска, земјата треба да обезбеди дополнителна енергетска стабилност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07