Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства
СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците
1Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства
2СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
1Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
МакедонијаУдрени две девојчиња на пешачки премин на штипскиот булевар „Гоце Делчев“Две девојчиња на возраст од 16 и 17 години се згазени на пешачки премин покрај Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип. Несреќата се случила утринава пред 7.30 часот, каде во нив удрило возило со марка „цитроен“ со германски регистарски таблички, управувано од 28 годишен штипјанец. Според првичните информации од СВР-Штип, едно од девојчињата се здобило со тешки телесни повреди и скршеница на карлицата. Со возило на Брзата помош, двете девојчиња се пренесни во штипската Клиничка болница, од каде што очекуваме подетални информации. Двете девојчиња се ученички во СОУ „Коле Нехтенин“, кои утринава преминувале на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев“ за да пристигнат до своето училиште. Пред неколку години овој булевар пред регионалното електро-машинско училиште беше ризична сообраќајна точка. Постојано се случуваа несреќи во кои страдаа ученици и пешаци преминувајќи го булеварот, по смртниот случај на еден средношколец, општината го изгради кружниот тек и постави нов пешачки премин и сигнализација, за поголема безбедност на пешаците, бидејќи претходно возачите своите возила ги управуваа со голема брзина. Повеќе детали околу оваа несреќа во текот на денот, најавуваат од СВР-Штип и Клиничка болница-Штип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБалканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства Од Косово и меѓународното право, преку европската иднина на регионот, до нов судир меѓу Белград, Загреб и Подгорица околу војните и минатото. Балканските лидери и од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации ги отворија старите регионални спорови додека регионот долго чека пред вратите на ЕУ. Најдиректен беше српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој порача дека меѓународниот поредок заснован врз Повелбата на ОН е сериозно нарушен и оцени дека правилата повеќе не важат подеднакво за сите држави, особено за помалите. -Сакам да им се заблагодарам поединечно на сите 107 земји што не ја признаа еднострано прогласената независност на т.н. Косово. Знаеме дека многу од тие држави биле подложни на притисок и знаеме дека одржувањето на принципиелна позиција понекогаш е далеку потешка отколку што изгледа од надвор. Ви благодарам што бевте доследни во непризнавањето на дел од територијата на Србија – изјави Вучиќ. Веднаш по него, од говорницате, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ повика на трајно помирување на Западен Балкан, истакјувајќи дека сепак тоа не може да се гради врз негирање на минатото, селективна правда или величење лица осудени за воени злосторства. - Иднината на целиот Балкан е во рамките на ЕУ. Нашиот регион го носеше товарот на поделби предолго време. А новото поглавје се заснова преку соработка, поврзаност, економски можности и економска интеграција. Трајното помирување не може да се гради, врз негирање, селективни пристапи кон правдата и глорификација на оние кои сториле воени злосторства – изјави Милатовиќ. Но, регионалните несогласувања најсилно дојдоа до израз меѓу Белград и Загреб. Вучиќ ја обвини Хрватска за толерирање на фашистички и нацистички симболи и пораки и за, како што оцени, величење на делови од нејзиното минато поврзани со усташкото движење за коа што истакна дека Српскиот народ тоа нема да го толерира. На спрскиот претседател му возврати хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, критикувајќи ја Србија поради почестите за Ратко Младиќ и кршење на европските вредности. -Помирувањето станува можно кога ќе се признае одговрноста за злосторствата од минатотто и кога ќе се отфрли нивното величење. Воените и официјалните почести укажани на Младиќ во Србија претставуваат навреда за неговите жртви и за пресудите на меѓународните судови. Учеството на државните претставници и јавното одобрување што следеше по церемноијата се во целост спротивност со вредностите на Унијата кон која Србија сака да пристапи. Сепак, балканските лидери во дел од своите говори од Њујорк повикаа на европска иднина и помирување на регионот, но покажаа дека старите спорови сè уште силно ја диктираат сегашноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците Токму денеска, кога го откривме планот на Мицкоски за распродажба на Македонија преку давање на рудниците и труење на народот за туѓи интереси и профити.Токму денеска, кога објавивме мегаскандал: приватна компанија за оружје плаќала над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски. Кога на јавноста ѝ станува јасно зошто Мицкоски договара антимон без да го праша народот: за милиони да завршат во приватни џебови. Денеска дефокус и напад врз СДСМ од платформата на Мицкоски, ЗНАМ 2.0. Дефокус и напад врз СДСМ и претседателот Филипче од луѓе купени со тендери вредни 1,6 милиони евра. Одговорот на едно едноставно прашање целосно ги разобличува: Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус? Кому му одговара да не се зборува за криминалот на Мицкоски и за распродажбата на Македонија? Одговорот е еден: На шефот на организираната криминална група, арамијата Христијан Мицкоски! Сè е јасно. Граѓаните и членовите на СДСМ не се наивни. Сите гледаат дека единствено СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски. ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг. Не постои друга опозиција во Македонија. Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо. Порака до сите нив: сите ќе одговарате, а власта ќе ја вратиме во рацете на народот. ЗНАМ 2.0 нема да помине! No pasaran!, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ЗдравјеСтручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижнаНема лекарска грешка во случајот со Станка Михајлова од струмичко Баница, која по породување со царски рез и остана неподвижна, потврди петчлената комисија која го испитуваше случајот. Комисијата била составена од гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, а двајца од експертите биле од Србија и од Словенија. По извршениот надзор, заклучокот бил едногласен дека невролошката состојба на Михајлова не е последица на спиналната анестезија. Како најверојатна причина за состојбата, експертите го наведуваат спонтаното крварење од ретка малформација на крвните садови. Сепак, за конечно утврдување на причината е препорачана дополнителна дијагностика, како и продолжување на рехабилитацијата. Случајот во јавност го објавки свекрот на Михајлова, Велибран Стојанов , и побара помош од министерот за здравство Сашо Клековски. Министерството за здравство најави темелна проверка , а по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат започна вонреден инспекциски надзор и со странски експерти од Словенија во трите установи каде што Михајлова била лекувана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00