Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства - Канал 5

Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства

Од Косово и меѓународното право, преку европската иднина на регионот, до нов судир меѓу Белград, Загреб и Подгорица околу војните и минатото. 

Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства

Балканските лидери и од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации ги отворија старите регионални спорови додека регионот долго чека пред вратите на ЕУ.

Најдиректен беше српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој порача дека меѓународниот поредок заснован врз Повелбата на ОН е сериозно нарушен и оцени дека правилата повеќе не важат подеднакво за сите држави, особено за помалите.

-Сакам да им се заблагодарам поединечно на сите 107 земји што не ја признаа еднострано прогласената независност на т.н. Косово. Знаеме дека многу од тие држави биле подложни на притисок и знаеме дека одржувањето на принципиелна позиција понекогаш е далеку потешка отколку што изгледа од надвор. Ви благодарам што бевте доследни во непризнавањето на дел од територијата на Србија – изјави Вучиќ.

Веднаш по него, од говорницате, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ повика на трајно помирување на Западен Балкан, истакјувајќи дека сепак тоа не може да се гради врз негирање на минатото, селективна правда или величење лица осудени за воени злосторства.

- Иднината на целиот Балкан е во рамките на ЕУ. Нашиот регион го носеше товарот на поделби предолго време. А новото поглавје се заснова преку соработка, поврзаност, економски можности и економска интеграција. Трајното помирување не може да се гради, врз негирање, селективни пристапи кон правдата и глорификација на оние кои сториле воени злосторства – изјави Милатовиќ.

Но, регионалните несогласувања најсилно дојдоа до израз меѓу Белград и Загреб. Вучиќ ја обвини Хрватска за толерирање на фашистички и нацистички симболи и пораки и за, како што оцени, величење на делови од нејзиното минато поврзани со усташкото движење за коа што истакна дека Српскиот народ тоа нема да го толерира.

На спрскиот претседател му возврати хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, критикувајќи ја Србија поради почестите за Ратко Младиќ и кршење на европските вредности.

-Помирувањето станува можно кога ќе се признае одговрноста за злосторствата од минатотто и кога ќе се отфрли нивното величење. Воените и официјалните почести укажани на Младиќ во Србија претставуваат навреда за неговите жртви и за пресудите на меѓународните судови. Учеството на државните претставници и јавното одобрување што следеше по церемноијата се во целост спротивност со вредностите на Унијата кон која Србија сака да пристапи.

Сепак, балканските лидери во дел од своите говори од Њујорк повикаа на европска иднина и помирување на регионот, но покажаа дека старите спорови сè уште силно ја диктираат сегашноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пирс Броснан со порака до Патисон, откако беше избран за нов Џејмс Бонд

Пирс Броснан му испрати срдечна порака на Роберт Патинсон за неговата нова улога како Џејмс Бонд, велејќи му дека ќе ја заврши работата „величествено“.

Пирс Броснан со порака до Патисон, откако беше избран за нов Џејмс Бонд

Во понеделник, 16 ноември, Патинсон беше официјално најавен како нов агент 007 по месеци шпекулации. Тој ја победи силната конкуренција од Џејкоб Елорди, Џек Лоуден, Калум Тарнер, Џош О’Конор и Николас Холт за престижната улога. Со овој избор, Патинсон стана осмиот актер што го игра познатиот британски шпион, наследувајќи го Даниел Крег, кој се збогува со ликот во 2021 година со филмот „Нема време за умирање“, објави НМЕ.

Новиот филм за Бонд ќе биде првиот откако Амазон ја презеде франшизата минатиот февруари. Ќе го режира режисерот на Дина, Денис Вилнев, додека сценариото ќе го напише Стивен Најт, креаторот на серијата „Пики Блајндерс“.

Пирс Броснан, кој го играше Бонд од 1995 до 2002 година, јавно го изрази своето одобрување и поддршка. Тој сподели промотивна фотографија од својот помлад колега на Инстаграм, со емотивна порака:

„Драг Роберт, добредојде во светот на Бонд. Ќе бидеш прекрасен.“

Потоа Броснан се осврна на нивната соработка во 2010 година, кога глумеа заедно во филмот „Запамети ме“:

„Имам убави спомени од нашето време заедно на снимањето на „Запамети ме“. Беше вистинско задоволство да те гледам како создаваш извонреден опус на работа и како напредуваш од успех до успех. Уживај во возењето. Grá mor [ирски за „голема љубов“], Пирс.“

Броснан е вториот поранешен член на Бонд кој ја поддржува Патинсон по веста за кастингот, а Џорџ Лазенби, кој го играше познатиот агент во филмот од 1969 година „На тајната служба на нејзиното величество“, исто така проговори на социјалните мрежи: „Слушнав дека објавија кој е новиот Џејмс Бонд @007... Роберт, добредојде во најексклузивниот клуб на светот. Но, не заборавајте да уживате. Ајде да видиме дали ќе имате момент „ова никогаш не му се случило на тој друг човек“. Се најдобро, другар, Џорџ xx.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опериран е Јаник Синер

Италијанскиот тенисер Јаник Синер беше успешно опериран во Финска. 

Опериран е Јаник Синер

До неодамна, тенисерот број еден во светот, утрово беше опериран за да му се ослободи илиотибијалниот појас. Овој вид третман беше избран како најмалку оптоварувачка опција за неговото тело, со очекување дека ќе ги отстрани постојните здравствени проблеми. Операцијата следеше по четиримесечна пауза.

Јаник Синер ќе може да се врати на теренот за три месеци, што значи дека неговата вкупна пауза ќе биде околу осум месеци... Италијанецот последен пат играше на Вимблдон, кој го освои, откако го победи Александар Зверев во финалето.

Беше број еден во светот до пред само неколку недели, а сега ќе доживее пад. Стигна до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија што се одржува оваа година, каде што беше запрен од Новак Ѓоковиќ. Нема да игра на претстојниот турнир во Мелбурн и неговите поени ќе бидат избришани.

Јавноста се прашува дали италијанскиот тенисер ќе може да се врати во својата препознатлива форма за краток временски период, формата во која беше сè додека не направи принудна пауза поради повреда на коленото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна воен хеликоптер во Турција, има загинати (ВИДЕО)

Пет лица загинаа во несреќата на хеликоптер на турските воздухопловни сили, откако полета од Ескишехир на тренинг лет, соопшти турското Министерство за одбрана. 

Се урна воен хеликоптер во Турција, има загинати (ВИДЕО)

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат на местото на настанот, објави „Туркие Тудеј“.

Во соопштението се вели дека хеликоптерот AS-532, кој припаѓал на воздухопловните сили, се урнал по полетувањето од Ескишехир, каде што требало да изврши тренинг лет. Властите стигнале до остатоците, а спасувачките екипи продолжуваат со својата работа на терен. Причината за несреќата сè уште не е позната.

Локалните медиуми почнаа да известуваат за несреќата кратко пред 20 часот по локално време, велејќи дека леталото се урнало во близина на автопатот Ескишехир-Ќутахја во областа на селото Јорукакчајир во округот Тепебаши.

На местото на настанот беа испратени голем број жандармериски и полицајци, како и екипи на брза помош и противпожарна служба.

Хеликоптерот AS-532 припаѓа на семејството хеликоптери со среден погон со двоен мотор „Кугар“, произведени од „Ербас Хеликоптерс“, порано познати како „Еурокоптер“. Воениот хеликоптер го користат воздухопловните сили на неколку земји за транспортни мисии, како и за операции за пребарување и спасување.

Втора несреќа на воен хеликоптер во Турција овој месец

Несреќата се случи помалку од две недели откако друг воен хеликоптер се урна во Турција. Министерството за одбрана на 12 ноември соопшти дека хеликоптерот С-70 се урна во округот Јешилурт во покраината Малатија, при што загинаа четворица војници.

Причината за несреќата исто така не е утврдена. Делови од остатоците паднале врз куќа, а две лица се здобиле со полесни повреди, според извештаите од тоа време.

Ескишехир се наоѓа во западна централна Анадолија и е една од важните локации за турските воздухопловни сили, поради што воените летови се чести во областа. Тепебаши е еден од двата централни градски окрузи на Ескишехир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер