„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“
2„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
МакедонијаЈаневска: За две години во образованието се вложени 70 милиони евра во над 90 инфраструктурни проектиЕден од основните услови за квалитетно образование е да имаме добра образовна инфраструктура.Еден од основните услови за квалитетно образование е да имаме добра образовна инфраструктура - пристојни училишта со добро опремени кабинети, пристап до ИТ опрема и безбеден интернет и прилагодени објекти за инклузија на дечињата со посебни образовни потреби. Тоа е приоритет на актуелната Влада и на министерството и за две години вложивме 70 милиони евра во над 90 инфраструктурни проекти. Ова денес го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со тоа што е направено за подобрување на образовната инфраструктура во Македонија во мандатот на актуелната Влада. „Само преку министерството вложивме 35 милиони евра во 7 нови училишни објекти, 4 нови спортски сали, во реконструкција на 30 постоечки училишни и спортски објекти, во реконструкција на два студентски дома, а ја откочивме и изградбата на ФИНКИ и ФФК кои неправедно беа стопирани. Дополнително и Владата преку два повика за финансирање на капитални инвестиции, им додели на општините 35 милиони евра за реализација на 55 проекти“, рече Јаневска. Потсети и дека заради воведување на концептот на едносменска настава се прошируваат капацитетите на 14 училишта во Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Илинден и Градско, а уште 15 проекти ќе започнат етапно во следните неколку месеци. „Ќе градиме и 30 нови спортски сали, а ќе ги реконструираме преостанатите државни студентски домови и шест училишта со ресурсни центри. Средствата се веќе обезбедени“, информираше министерката, нагласувајќи дека лесно се компарираат резултатите од работата на актуелната Влада остварени за две години и од, како што рече – неработењето на оние кои беа на власт во претходните седум, како и оние кои никогаш немале прилика да раководат со институциите, а се секогаш меѓу најгласните критичари. Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БалканЕдногодишно девојче убиено во Нови Сад, уапсени родителитеПолицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната А. Ш. под сомнение дека вечерта на 2 ноември ја убила својата едногодишна ќерка.Уапсен е и таткото на детето, 54-годишниот Т. Ш., кој се сомничи за не пружање помош, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. Од Обвинителството наведуваат дека мајката му нанела повеќе удари по телото на детето, што резултирало со смрт на девојчето. А. Ш. се товари за тешко убиство – кривично дело за кое е предвидена казна затвор во траење од најмалку десет години до доживотен затвор. Таткото, Т. Ш., се товари за не пружање помош, дело за кое законот предвидува затворска казна од три месеци до пет години. На осомничените им е одреден притвор во траење до 48 часа, во текот на кој ќе бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. По сослушувањето, во рамките на истрагата ќе бидат спроведени дополнителни доказни дејствија. Фото: ВИТагови: Нови Сад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“Новинарот, уредник и телевизиски водител Александар Видиновски на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје, ќе ја промовира својата прва книга – „На местото на настанот“.Книгата, објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, носи лични сведоштва од речиси две децении новинарска кариера, исполнета со известувања од кризни подрачја, драматични настани и ситуации во кои новинарот не е само набљудувач, туку и непосреден сведок на историјата. Од престрелките во Диво Насеље и драматичната ноќ на воениот удар во Турција, до воени зони, несреќи и кризи во Македонија и надвор од неа, Видиновски ги пренесува приказните што останале зад телевизиските прилози и директните вклучувања. За разлика од кратките телевизиски извештаи, книгата нуди простор за подлабоко раскажување на настаните, личните доживувања и моментите што не секогаш можеле да бидат пренесени пред камерите. Во разговор со Александар Видиновски ќе откриеме што се крие зад насловот „На местото на настанот“, кои моменти од неговата новинарска кариера биле најголем предизвик, но и колку е тешко од професионалното искуство да се создаде лично сведоштво. 1. Што беше главниот мотив што ве поттикна да ја напишете оваа книга? Кога се роди идејата? Идејата се роди сосема спонтано. Низ годините, настаните од кои сум известувал беа навистина големи и значајни, па така, по игра на случајноста, безброј пати сум ги раскажувал моите доживувања и преживувања од терен на пријатели кои со интерес ги слушаа. Си реков: додека се сè уште свежи сеќавањата, да ги ставам на харртија (или забележам) за да остане некаков пишан доказ дека и македонски новинари, во одредени моменти, биле рамо до рамо со странските колеги и известувале директно од лице место од големи светски настани. 2. Колку е различно чувството кога информациите што секојдневно ги пренесувате како новинар ќе ги преточите во книга? „Оваа книга нуди многу повеќе од обична вест. Таа открива како се создава таа информација, што се случува зад камерите и кои се тие невидливи моменти. Фокусот е ставен на личната перцепција, стравот, љубовта и искрените искуства – на сè она што е подлабоко и поинтимно од стандардното новинарство.“ 3. Дали во текот на пишувањето имаше моменти кога се двоумевте дали некои работи треба да ги споделите со јавноста? „Да, секако дека имаше и такви моменти. Златна новинарска пракса е никогаш да не се открива изворот на една информација. Тие стари новинарски стандарди безусловно ги почитувам. И во самата книга се споменуваат одредени луѓе, но нивниот идентитет секако остана заштитен.“ 4. Кому му е првенствено наменета оваа книга? „Книгата е наменета за сите граѓани кои сакаат да прочитаат и да видат многу повеќе од обична вест. За оние кои сметаат дека новинарството е убава, но и предизвикувачка професија, и за сите кои вистински се грижат за општеството и работите што ни се случуваат.“ 5. Дали очекувате книгата да отвори одредени прашања или дискусии во јавноста? „Интересно е како уште необјавена, книгата веќе предизвикува дилеми и дискусии за одредени поглавја. Тоа е одлично, бидејќи дијалогот и спротивставените мислења се знак на здрава дебата. Секако, туѓите ставови не мора да ги прифатам, но секогаш длабоко ги почитувам.“ 6. Кога би можеле да издвоите само една реченица што ја опишува книгата, која би била таа? „Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите, најтешко е да ги извојуваш оние битки што ти се случуваат во време на мир.“ „На местото на настанот“ е повеќе од хронологија на новинарски ангажмани – тоа е обид да се зачуваат сведоштвата за настани што оставиле трага, но и да се раскажат приказните што често остануваат надвор од телевизискиот кадар. Преку својата прва книга, Александар Видиновски им дава можност на читателите да ги погледнат познатите настани од една поинаква перспектива – од местото каде што се случувале. View this post on Instagram A post shared by Канал 5 Телевизија (@kanal5televizija) Тагови: Александар Видиновски книга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаХоџа-Гецова: Продлабочување на соработката со Чешка во областа на животната срединаНа средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорката на Чешката Република во Македонија, Ирена Гецова, на која беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на заштитата на животната средина. На средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување. Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешката Република во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија, како и за активната улога на Чешката амбасада во Скопје во поттикнувањето на соработката во областа на животната средина. Двајцата соговорници ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството преку институционална соработка, размена на знаења и реализација на конкретни активности од заемен интерес.Тагови: Муамет Хоџа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00