ЖивотУчилиште поставило соларни панели, па им ги зголемило платите на наставниците Училиште во американската држава Арканзас им ја зголемило платата на сите наставници за 15.000 долари годишно по инсталирањето соларни панели.Училишниот округ Бетсвил инсталирал вкупно 1.500 соларни панели во последните две години, откако се обиделе да им исплатат на наставниците фер плата според нивниот стар буџет. Училиштето го искористило неискористениот простор исполнувајќи го со табли. Пред да се префрли на соларна енергија, училиштето било познато по тоа што имало едни од најлошите плати во државата, просечно од 45 000 долари годишно. „Не можевме да ги задржиме луѓето поради тоа“, изјави надзорникот Мајкл Хестер за CBS News. Една наставничка во училиштето, Џана Ропке, прифатила друга работа во локалниот центар за повици за да врзува крај со крај. Од инсталирањето на панелите, училиштето не само што заштедило пари, туку и заработило со продажба на електрична енергија назад на локалната електрична мрежа. "The sun is going to shine anyway. Why not cash in on that?" Love that Batesville, Arkansas invests in their #teachers, #students, #environment and the #future! Go, Pioneers!@BatesvilleA #Batesville #Arkansas @AsaHutchinson #Solar @EntergyArk https://t.co/bZaZv0wdKF — Greg Wolf (@gregwolf1) March 16, 2021 Како резултат, можело да доделува бонуси на наставниците две години по ред и сега е училиште со најдобар приход во државата. „Добро е да се знае дека училишниот совет се грижи за нас“, рече Ропке. Рик Венс, регионален директор на локалната енергетска компанија „ Entegrity“, рече дека училиштето во Бејтсвил било првото што го сторило тоа. "Тие го сторија тоа кога никој друг не знаеше. Ги намалија трошоците за комунални услуги и ги зголемија платите на наставниците", рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook