Учебната година во Србија започнува со разговори со учениците, без предавања - Канал 5

Учебната година во Србија започнува со разговори со учениците, без предавања

 Во Србија започна новата учебна година, а во училишните клупи ќе седнат 760.000 основци и средношколци. 

Учебната година во Србија започнува со разговори со учениците, без предавања

Како што претходната учебна година не заврши вообичаено, поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“, кога ученик од тоа училиште уби девет ученици и еден чувар, така и новата учебна година нема да започне како и порано. Министерството за образование испрати насоки до училиштата како да работат со учениците и воведе неколку новини во воспитно-образовниот процес, јави дописникот на МИА од Белград.

Според тие насоки првата недела нема да има предавања, туку ќе биде посветена на разговори со учениците, работилници и советувања на тема солидарност, меѓусебно почитување и вредности.

Воведен е нов изборен предмет „Доблестите и вредностите како животен компас“ кој треба активно да се занимава со животните вредности и човечките доблести и кој на наставникот ќе му даде слобода да ги одредува темите на дискусија.

Во 95 основни и средни училишта ќе има повеќе часови по физичко, во секое училиште ќе дежура училишен полицаец, и сите училишта ќе имаат педагог или психолог.

Владата на Србија усвои збир на образовни закони со кои се воведуваат неколку новини во образовниот систем.

Со измените на законите се предвидува од второ одделение оценките на ученикот за дисциплина да влегуваат во просекот на оценките на крајот на полугодието и на крајот на годината, потоа можноста за отстранување на ученик од часови минимум пет дена во случај на сериозно прекршување на обврските на ученикот.

Измените носат и можност за зголемена воспитно-образовна работа со ученици кои вршат насилство или покажуваат проблематично однесување надвор од училишните простории, можност за општествено корисна работа и ангажирање на учениците во рамки на зголемена воспитно-образовна работа, скратени рокови за покренување и спроведување дисциплински постапки во случаи на тешки прекршувања на училишните обврски.

Новина е и намалувањето на бројот на ученици во паралелката од следната учебна година на најмногу 28 ученици.

Од 1 септември најавено е и воведување информациски систем во сите училишта за следење на физичкиот развој на децата. Наставниците по физичко образование ќе ги тестираат учениците, ќе ги внесат податоците во софтверот и врз основа на резултатите ќе препорачаат кои вежби треба да ги прават учениците на училиште и дома.

Во некои училишта мобилните телефони се забранети поради се почестото дигитално насилство.

Во наредната учебна година основците и средношколците ќе имаат по четири распусти-есенски, зимски, пролетен и летен одмор.

Министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ на сите ученици од прво одделение од основното училиште им го честиташе почетокот на наставата и им посака успех во новата учебна година на сите ученици од основните и средните училишта, како и на наставниците и сите вработени, соопшти Министерството.

- Почитувајте ги вашите наставници, другите ученици во училиштето, бидете чувствителни на различностите, бидејќи така ќе покажете дека се почитувате себеси, рече министерката. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кочани, лишени од слобода две лица

На 27.08.2026 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани.

Претрес во Кочани, лишени од слобода две лица

Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РМ.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

На 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. 

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

Претседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник.

Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество.

Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков.

На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски.

Со почит,

Африм Гаши

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер