Убиена најмладата градоначалничка во Еквадор - Канал 5

Убиена најмладата градоначалничка во Еквадор

Дваесетиседумгодишната градоначалничка на градот Сан Висенте во Еквадор, во кој дивеат банди, е убиена, соопшти вчера локалната полиција.

Убиена најмладата градоначалничка во Еквадор

Брижит Гарсија минатата година на 26-годишна возраст стана најмладата градоначалничка во јужноамериканската земја.

Таа, меѓу другото, водеше кампања за подобар пристап до вода за пиење за приближно 17.000 жители на Сан Висенте, околу 100 километри источно од Гвајакил.

Телото на Гарсија и на нејзиниот портпарол Џаиро Лоор биле откриени во саботата вечерта во автомобил на плажата на Пацификот во близина на Сан Висенте, прециизра полицијата.

- Премногу сум потресен, напиша на Х поранешниот еквадорски претседател Рафаел Кореа, кој како и Гарсија припаѓа на левичарската партија Граѓанско револуционерно движење.

Луиза Гонзалес, која беше кандидат на партијата на минатогодишните претседателски избори и загуби во вториот круг, напиша: „Никој не е безбеден во Еквадор“.

Минатата година во Еквадор беа убиени неколку политичари.

Безбедносната ситуација во Еквадор драстично е влошена. Стапката на убиства од околу 46,5 убиства на 100.000 жители минатата година беше највисока во историјата на земјата и една од највисоките во Латинска Америка.

Владата на претседателот Даниел Нобоа во јануари прогласи вонредна состојба, која сè уште е во сила, по повторените крвави тепачки во еквадорските затвори, од кои некои се контролирани од банди, и по бегството на водач на банда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леталото „Бепи Коломбо“ и покрај проблемите, влезе во орбитата на Меркур

Леталото „БепиКоломбо“ успешно влезе во орбитата околу Меркур во сабота, 21 ноември, во 18:24 часот по Гринич, означувајќи го вториот голем чекор во патувањето до првата планета до Сонцето. 

Леталото „Бепи Коломбо“ и покрај проблемите, влезе во орбитата на Меркур

Штом сигналот на вселенското летало беше повторно воспоставен по планираното губење на контакт, тимот за контрола на мисијата во Европскиот центар за вселенски операции (ESOC) во Дармштат, Германија, забележа дека вселенското летало влегло во безбеден режим на работа, соопшти Европската вселенска агенција (ESA).

Се појави проблем за време на работата на погонот, што предизвика маневрот да заврши порано од очекуваното. Оттогаш, тимовите во ESOC работат деноноќно со главниот производител на вселенското летало, „Ербас“, и колегите од заедничката мисија на Европската вселенска агенција (ESA) и Јапонската агенција за истражување на вселената (JAXA) за да го истражат проблемот, за кој беше утврдено дека е предизвикан од софтверска грешка.

Мисијата БепиКоломбо е безбедна и во стабилна орбита околу Меркур по осумгодишно патување до планетата, и сè е на добар пат за одвојување на нејзините два научни орбитатори на 9 декември.

Мисијата, исто така, постави преседан: влегување во орбита околу друга планета користејќи „пристап со слаба стабилност“. Ова вклучува пристигнување со помали брзини од оние што се типични за планетарните мисии, техника што претходно ја користеа само неколку вселенски летала на пат кон Месечината.

„Нашиот научен тим од речиси 600 членови ќе биде воодушевен кога ќе види како БепиКоломбо ја поминува оваа клучна пресвртница и ќе почне да открива повеќе за Меркур, од неговата внатрешност и површина до просторот околу него“, рече Гераинт Џонс, главен научник на ESA за БепиКоломбо.

БепиКоломбо, заедничка мисија на Европската вселенска агенција (ESA) и Јапонската агенција за истражување на вселената (JAXA), ќе стане само втората што ќе ја орбитира планетата најблиску до Сонцето. Ова се две поврзани сонди - Европскиот планетарен орбитер Меркур (MPO или Бепи) и Јапонскиот магнетосферски орбитер Меркур (MIO), кои сè уште не се одвоени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел дискусија „16 дена активизам - Сплотени дејствуваме, одлучни против насилството“

Панел дискусија „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилството“ во организација на Унијата на жени и УМС на ВМРО-ДПМНЕ.  

Панел дискусија „16 дена активизам - Сплотени дејствуваме, одлучни против насилството“

Во рамки на кампањата „16 дена активизам“ под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилството“ Унијата на жени, Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили организраа панел дискусија на која се обратија и министрите за внатрешни работи, за социјална политика и за образование Тошковски, Велковски и Јаневска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство

Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК, изјави дека со предложените измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство се прави значаен исчекор кон поефикасен институционален систем.

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство

Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК, на денешната панел-дискусија во рамки на кампањата „16 дена активизам“, под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилството“, изјави дека со предложените измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство се прави значаен исчекор кон поефикасен институционален систем, кој наместо да ја остава жртвата сама да се справува со последиците од насилството, ја става во центарот на заштитата.

„Сакам да бидеме јасни дека апсолутно како Унија на жени застануваме против насилството со сите свои механизими, дека ќе зборуваме, ќе се обидеме да делуваме превентивно, дека ќе се обидеме да ја поткренеме свеста против овие појави, дека ќе се обидеме да ги охрабруваме жртвите да ги пријавуваат насилниците, дека „ќе им дишеме во врат", практично кажано на институциите, побрзо и подостојно да реагираат во секое време, но се разбира дека и од нас се очекува како УЖ да преземеме конкретни чекори“, изјави Митева.

Митева истакна дека делувањето на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочено кон решавање на реалните проблеми, а не кон празна политичка реторика. Во таа насока, Митева најави дека во претстојниот период ќе биде воспоставена телефонска линија за бесплатна правна помош наменета за жртвите на семејно насилство. Таа објасни дека преку соработката со правната комисија во рамки на партијата, на жртвите ќе им бидат достапни бесплатни правни консултации, информации за нивните законски права и стручна помош за полесно остварување на заштитата и снаоѓање во институционалните постапки.

„Сакам во оваа прилика да најавам и да се заблагодарам на претседателот Мицкоски за поддршката, дека Унијата на жени во следниот период ќе објави телефонски број, телефонска линија за пријавување на насилство, се со цел да се обезбеди бесплатно правно советување, правни совети и правна помош за жртвите од семејно насилство. Сето тоа ќе го разработиме со правната комисија во рамки на партијата, ќе им дадеме, пред се насока, како тоа треба да постапат во моментите кога се чувствуваат безнадежни, во моментите кога имаат страв од тоа што следи, во моментите кога не ги знаат процедурите или не знаат точно каде да се обратат, кога стравуваат за својот живот, за животот на своето дете, ќе успееме се разбира во согласност на достоинствен и на доверлив начин истото тоа да го го направиме преку соодветни правни механизми коишто ќе ги ставиме на располагање“, изјави Митева.

Митева додаде дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со иницијативи кои значат директна поддршка и реална помош, затоа што, како што кажа, политичката одговорност се докажува преку дела, а не преку декларации, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер