Убер се здружи со кинески компании за да воведе роботакси во Европа - Канал 5

Убер се здружи со кинески компании за да воведе роботакси во Европа

Uber објави стратешко партнерство со три кинески стартапи за автономно возење, Pony.ai, Momenta и WeRide, за да ја воведе нивната технологија на својата платформа и да ја пласира на меѓународните пазари.

Убер се здружи со кинески компании за да воведе роботакси во Европа

Фокусот на соработката ќе биде на европските земји и Блискиот Исток, додека Кина и САД ќе бидат исклучени од проектот.

Првото воведување на технологијата на Momenta во роботаксиите на Убер се очекува на почетокот на 2026 година во Европа. Во првата фаза од операциите, во возилата ќе има оператори за обезбедување. „Убер“ го објави партнерството со „Моменто“ на 2 мај, пишува „КарЊузЧајна“.

„Оваа соработка им овозможува на повеќе корисници ширум светот пристап до прифатлива автономна мобилност“, рече Дара Косровшахи, извршен директор на Uber.

Три кинески партнери

„Момента“ е кинеска стартап компанија основана во септември 2016 година, а меѓу нејзините инвеститори се SAIC Motor, General Motors и Toyota. Од 2021 година, испорачува софтвер за самостојно возење за премиум брендот IM на SAIC.

Компанијата Pony.ai беше последната што се приклучи на соработката со Uber, најавувајќи дека првите роботски такси со нивната технологија ќе почнат да работат на Блискиот Исток до крајот на годината. Во почетната фаза, корисниците ќе можат да избираат помеѓу возење со човечки возач и автономно возило со оператор во возилото.

„Партнерството со Uber ја забрзува нашата заедничка мисија: да ја направиме автономната мобилност реалност“, рече Џејмс Пенг, извршен директор на Pony.ai. „Започнуваме на Блискиот Исток, а потоа се прошируваме на други пазари.“

„Партнерството со Pony.ai е уште еден чекор кон глобалното воведување на автономна мобилност“, рече Хосровшахи.

Pony.ai е основана од Џејмс Пенг и Тианченг Лу, поранешни инженери во Baidu, во декември 2016 година. Тие се со седиште во Гуангжу и имаат лиценци за автономни транспортни услуги во Пекинг и Гуангжу. Меѓу инвеститорите се „Тојота“ и „Нио“.

WeRide е третиот кинески стартап кој ќе ги понуди своите роботски такси преку апликацијата на Uber. Соработката првпат беше објавена во септември 2024 година, а денес е потврдено дека нивната флота во Абу Даби ќе брои 50 возила до средината на 2025 година. „Убер“ и „ВиРајд“ планираат да го прошират своето присуство во нови градови секоја година, со цел да покријат 15 градови во следните пет години - вклучувајќи ги и европските.

Чекор напред во воведувањето на роботакси

WeRide е основана во 2017 година во Гуангжу, а меѓу инвеститорите се Bosch, Nvidia и BlackRock. Компанијата е предводена од Тони Хан, поранешен раководител на одделот за автономно возење во Baidu. WeRide поседува дозволи за автономно возење во Кина, САД, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур.

Оваа соработка означува уште еден голем чекор кон глобалната имплементација на автономни возила, бидејќи автомобилската индустрија сè повеќе се потпира на софтверски решенија и напредна вештачка интелигенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, но по претежно влажни коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. 

Сообраќај по влажни коловози

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелира за внимателно возење и прилагодена брзина, особено низ котлините и клисурите каде што постои честа појава на одрони. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, а на неколку клучни магистрални и регионални правци во тек се активни градежни зафати со посебен сообраќаен режим.

Влажните коловози создаваат дополнителен ризик за возачите кои се движат низ котлините, речните долини и засеците. АМСМ издвојува четири патни правци каде што е потребна исклучителна претпазливост поради одрони од карпи и земја: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта.

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови времето ќе биде под влијание на циклонска активност до вторник. Ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 31. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 31. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 31. октомври 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќеја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин.

Кариера

Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот.

Здравје и совет

Не постои совршенство.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера

Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат.

Здравје и совет

Ќе го надминете преодниот стрес.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења.

Кариера

Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте.

Здравје и совет

Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно.

Кариера

Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата.

Здравје и совет

Здрави сте и подготвени за нови предизвици.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете.

Кариера

Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна.

Здравје и совет

Сепак имате доволно слобода.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине.

Кариера

Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е добро.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате.

Кариера

Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки.

Здравје и совет

Посигурни сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна.

Кариера

Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа.

Здравје и совет

Одвоете го приватното од деловното.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе.

Кариера

Подготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни.

Кариера

Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа.

Здравје и совет

Одморете се и наспијте се .

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци.

Кариера

Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера

Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек.

Здравје и совет

Тргнете се од каква било негативност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер